МАКТЕЛ

    

„ЗА ОВА НЕ СМЕЕ НИКОЈ ДА ЗНАЕ, ОТИ ГЛАВИ ЌЕ ЛЕТААТ“ Кешишев откри што му зборувал Вељо додека ја копале дупката

      

Четвртообвинетиот Влатко Кешишев сведочеше пред судот за подготовките и движењата на групата пред и по грабнувањето и убиствата. Детално опиша кој што возел, кој носел алат и како изгледала дупката во која требало да биде чувана жртвата. Денеска продолжи распитот на Влатко Кешишев, четвртообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година. Судијата Ивица Стефановски го испрашуваше четвртообвинетиот. – На 24 ноември минатата година, во колку часот тргнавте во прв обид да ја грабнете жената? – праша судијата. – Рано наутро – одговори Кешишев. – Кога се враќавте претходниот ден со „кангуто“ во штабот, по настанот со Панче, дали видовте лопати во „кангуто“? – праша судијата. – Мислам дека имаше лопати и копач – рече Кешишев. На прашањето дали имаше некаков синџир во автомобилот, Кешишев одговори дека не се сеќава. – А дали го видовте ранецот? – запраша судијата. – Не беше позади, можеби беше пред совозачкото седиште – одговори Кешишев. – На 24.11.2023 утрото, петок, во колку часот тргнавте, се сеќавате ли? – праша судијата. – Мислам дека беше пред 7 часот – рече Кешишев.

  • КЕШИШЕВ ПРЕТПОСТАВУВАЛ ДЕКА ВО РАНЕЦОТ ИМА ПИШТОЛ, АМА КАЖАНО МУ БИЛО ДА НЕ ПИПА „Вељо и Боре се договараа како да му пријдат на Панче“ – Од каде тргнавте? – Од штабот. – Како возевте, кој кое возило? – праша судијата. – Вељо го возеше „цитроенот“, во него бевме јас и Боре, а „кангуто“ го возеше Палчо – одговори Кешишев. – Тој ден, на 24.11.2023 како дојдоа во штабот Боре и Велибор? – рече судијата. – Не можам точно да кажам – возврати Кешишев. – Имавте со вас мотороли? – праша судијата. – Јас немав, тие имаа. Беа три мотороли. Мобилните телефони ни беа оставенi во штабот – рече Кешишев. – Тој ден кога беше неуспешен обидот, со „цитроенот“ вие пристигнавте на паркингот пред зградата? – запраша судијата. – Не. Вељо го паркираше возилото блиску до зградата, до скалите. Излезе и се симна долу во сутеренот, а Боре остана покрај колата на скалите, а јас отидов кон аголот од друга страна, да набљудувам – објасни Кешишев. – Бидејќи обидот беше неуспешен, што се случи потоа? – праша судијата. – Се вративме во штабот со „цитроенот“, а пред нас беше Палчо со „кангуто“ – рече Кешишев. – Каде го паркиравте „цитроенот“? – праша судијата. – Мислам дека го паркиравме во Маџари, каде што го паркиравме првиот пат – истакна Кешишев. – Кој ве зеде вас од таму? – праша судијата. – Палчо со „кангуто“. Велиобор седеше до него – раскажа Кешишев. Рековте дека по настанот со Панче не сте можеле да се повлечете. Зошто? – запраша судијата. – Бидејќи премногу знаев. Првиот пат ме опомена Вељо, кога ја копавме дупката. Рече дека за ова не смее никој да знае, може глави да летаат. Јас го сфатив тоа како опомена, дека никому не смеам да кажам – рече Кешишев. – По неуспешниот обид за грабнување на 24.11 вие и Боре сте влегле во „кангуто“ и тоа позади. Што имаше позади, имаше ли алат? – праша судијата. – Мислам дека лопатите стоеја сѐ уште таму – одговори Кешишев. – Што се случуваше во недела, еден ден пред грабувањето на девојчето, односно жената? – праша судијата. – Вечерта, не знам во колку часот, дојдоа Велибор и Боре со „мерцедесот“ на Боре – одговори Кешишев. – Кога ги купивте ашовот, лопатата и копачот? – рече судијата. – Не знам кој е точниот ден. Бевме да пазаруваме на Бит-пазар, зајре за храна, тутун за цигари и Палчо ми рече да одиме да купиме уште нешто и го купивме алатот. Не се сеќавам дали беше пред  грабнувањето на Панче или после тоа – објасни Кешишев.

– Опишете го понеделникот, кога е извршено грабнувањето – рече судијата. – Во неделата седевме во штабот јас и Палчо, стигнаа Боре и Вељо навечер. Утредента во 6 утрината тргнавме – раскажа Кешишев. – Кој го однесе возилото од Маџари во Радишани? – праша судијата. – Палчо и јас. Една вечер ми рече да го пренесеме возилото. Тој возеше со „цитроенот“ напред, а јас возев позади со „кангуто“. Отидовме до Радишани и таму го оставиве „цитроенот“, а со „кангуто“ се вративме во штабот – раскажа Кешишев. – Кога стигнавте во Радишани, што се случуваше? – праша судијата. – Јас, Велибор и Боре влеговме во „цитроенот“, а Палчо со кангуто тргна напред. До Радишани сите четоворица стигнавме со „кангуто“, Палчо возеше, Велибор седеше до него, а вообичаено, јас и Боре бевме назад – одговори Кешишев. – Имаше ли алат? – Мислам дека лопатата, ашовот и копачот сѐ уште беа таму – рече Кешишев. – Ќе ве вратам сега малку кај Рудник. Вие не сте биле во моментот кога е убиен Панче? – праша судијата. – Бев далеку и не знам што се случуваше – одговори Кешишев. – Но, бидејќи бевте постојано во партијата, дали дознавте што се случи со телото на Панче? Дали веднаш беше затрупано? – Не знам дали беше затрупано, само слушнав од нив дека е убиен – рече Кешишев. – Не ви кажаа дали го закопале телото? – праша судијата. – Не, мене не ми кажаа – одговори Кешишев. – Но, знаевте дека ќе го носат кај дупката во Рудник – рече судијата. – Да, ама не и дека ќе го убијат. Не се разговараше за убиство – истакна Кешишев. – А што мислевте дека ќе му прават? – Првиот пат се договараа да го однесат таму, да го остават извесно време и после други планови да прават – одговори Кешишев. – Кои се тие други планови? – праша судијата. – За грабнување на друга личност – одговори Кешишев. – Мислите дека требаше таму да го чуваат? – праша судијата. – Така се договараа – рече Кешишев. – Колку време мислеа да го држат таму? – рече судијата. – Додека не ја завршат другата работа. Така се договараа – одговори Кешишев. – Размислувавте ли како ќе преживее Панче таму, во таа дупка? – праша судијата. – Не, мене ми кажаа да си молчам, да не се мешам, да седам настрана, а тие се договараа што и како да биде – одговори Кешишев. – А што се договорија, да го чуваат таму? – праша судијата. – Па, мислам да – рече Кешишев. – Понесоа храна и вода за да го чуваат? – рече судијата. – Не видов – одговори Кешишев. – А видовте копач, лопата? – Мислам дека стоеја цело време во „кангуто“ – рече Кешишев. – Во таа дупка направивте услови за некој да престојува? – праша судијата. – Вељо измери, знае, мислам дека можеше таму да стои и да седи човек – рече Кешишев. – Како планираа да го стават човекот внатре? – праша судијата. – Имаше скала за качување и за симнување во дупката – објасни Кешишев. – Што се случи со таа скала? – праша судијата. – Не знам, изгледа остана таму. Таа беше дрвена скала, искована од две даски. Вељо ја направи – одговори Кешишев. – Кога се враќавте со „кангуто“ од кај местото Рудник, дали внатре имаше скала? – праша судијата. – Не – рече Кешишев. На прашањето кога Велибор ја направил таа скала во дупката, Кешишев одговори дека била направена откако завршиле со копање. – Што имаше друго во дупката за да може да престојува човек? – праша судијата. – Имаше скала, анкер и на него алка за синџир – одговори Кешишев. – А која беше температурата дента кога го грабнавте Панче? – праша судијата. – Беше свежо, но не беше толку ладно – рече Кешишев. – На 22 ноември не било ладно? – запраша судијата. – Свежо беше. – А нели мислевте дека човекот може да замрзне таму? – Јас не мислев нипто, тие планираа, тие се договараа и немав право на збор – одговори Кешишев. – Немавте право на збор, ама секогаш бевте тука присутен? – праша судијата. – Да – одговори Кешишев. – На што ја базирате претпоставката, ако е претпоставка, појаснете ни, дека пиштолот е на Боре? – праша судијата. – Поради тоа што се зборуваше овде и се наведуваше дека Боре имал пиштол. Боре призна дека имал пиштол и дека не знае каде е и по таа логика помислив дека е негов – одговори Кешишев. – Значи помсиливте дека пиштолот е на Боре од тоа што го чувте во судот, тука во оваа судница? – праша судијата. – Да – рече Кешишев. – Утрото кога е извршено грабнувањето на жената, како стигнавте од Радишани до пред зградата? – праша судијата. – Палчо тргна со „кангуто“ напред, а Вељо го возеше „цитроенот“. До него бев јас, а одзади седеше Боре. Не знам по кои улици стигнавме пред зградата, Велибор возеше. Ја паркираше колата блиску до зградата, на паркинг, на 7 до 8 метри од влезот – објасни Кешишев. – Откако ја грабнавте што се случи? – праша судијата.

   

– Влеговме во „цитроенот“, јас седев до него, имав моторола. Се сеќавам кај „Александар Палас“ свртевме лево кон Качанички пат, таму кај подвозникот беше паркиран Палчо со „кангуто“, стигнавме до него, тој тргна напред и Велибор возеше по него со „цитроенот“ – раскажа Кешишев. – Снимките што ги видовме во судот беа од грабнувањето? – запраша судијата. – Да. Сѐ добро се виде – рече Кешишев. – Каде го паркиравте „цитроенот“, а каде „кангуто“? – праша судијата. – Кога стигнавме се паркиравме еден зад друг. Излеговме сите и Палчо веднаш ми кажа да одам на едно 20 метри да гледам дали ќе наиде некој. Таму кајшто застанав се гледа една викендица и патот – рече Кешишев. – Како се вративте? – Палчо го возеше „кангуто“, јас и Боре седевме позади, а Велибор позади нас со „цитроенот“. Кога излеговме на асфалтот едно 500 метри, Палчо ми кажа да ја отворам вратата и да ги фрлам алатите – раскажа Кешишев. – На кое место отидовте да го запалите „цитроенот“? – праша судијата. – Отидовме на една рамница, каде нема дрва, за да не направиме пожар – рече Кешишев. – Колку беше оддалечено тоа место од местото на убиството? – запраша судијата. – Воздушно околу 1 километар, а по патот, бидејќи се влегуваше в село, можеби имаше 4 до 5 километри – одговори Кешишев. – Целта на грабнувањето на жената беше за да се земат пари, за откуп? – праша судијата. – Целото време тоа го зборуваа, за откуп – рече Кешишев. – Откако го запаливте „цитроенот“ се вративте сите во штабот со „кангуто“? – праша судијата. – Да. Палчо возеше, Велибор седеше покрај него, а јас и Боре позади – објасни Кешишев. – Поради тоа што во меѓувреме го видовте пиштолот, дали пиштолот беше позади? – праша судијата. – Не. Изгледа повторно го вратил во ранецот. Не го видов никаде, па моја претпоставка е дека пиштолот е во ранецот – одговори Кешишев. Судијата побара од четвртообвинетиот да го опише ранецот. –  Темно син – одговори Кешишев. – Тоа е истиот кој го видовме дека го носите во Велес, пред домот на Велибор, еден ден пред убиството на Панче? – праша судијата, а Кешишев одговори потврдно. – Кога стигнавте во штабот, го извадивте синиот ранец до „кангуто“? – праша судијата. – Не сум го видел, не сум го фаќал. Не го извадив ранецот од „кангуто“ – рече Кешишев. – Дали беше чистено „кангуто“ со WD-40? – праша судијата. – „Кангуто“? Не видов, мислам не – одговори Кешишев. – Вие како домар ги вршевте сите работи во седиштето на партијата? – праша судијата. – Да, му бев како десна рака – рече Кешишев. – Рековте дека не ви дал право на збор. Ви дадоа ли моторола? – праша судијата. – Па, беа таму – рече Кешишев. – Сте виделе ли некој од обвинетите да го носи синиот ранец во кој претпоставувате дека било оружјето? – праша судијата. – Не се сеќавам – одговори Кешишев. – Само вие го носевте? – праша судијата. – Не, Палчо го носеше. Јас само го извадив во Велес од „кангуто“ и го внесов во гаражата – одговори Кешишев.

  

Најново

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА НАСКОРО ДА СЕ КОРИГИРААТ НАМЕТНАТИТЕ ЦАРИНИ ОД САД Владата е во постојан контакт со администрацијата на Трамп

Sase Ivanovski

НЕМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Мицкоски вели дека односите со Вреди се одлични

Sase Ivanovski

АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ДА ГИ ОПФАТИ И СЛУЧАИТЕ ЛАСКАРЦИ, МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА И ДРУГИ Мицкоски бара расчистување на предметите без импровизација

Sase Ivanovski

ЈА ГРАБНАЛЕ СО СИЛА ОД ДОМОТ И ЈА ОДНЕЛЕ СО АУДИ Притворени тројца струмичани по драматичен инцидент во Берово

Sase Ivanovski

Методија Анѓелкоски: Добри соседи, намќор комшии

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ ГО ПОВИКА ТАРАВАРИ ДА СЕ ИЗЈАСНИ Вреди е антипод на ДУИ, не може и со едните и со другите

Sase Ivanovski

Тораница, „лажњак екологисти“ и државата

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕЖНА БУРА ГО ИЗНЕНАДИ ЈУЖНИОТ СОСЕД Снегот ги покри Солун и Халкидики

Sase Ivanovski

15 ГОДИНИ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Постојано унапредување на стандардите за медицинска грижа

Sase Ivanovski

Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

Sase Ivanovski

Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

Sase Ivanovski

Приведени крадци од Битола и Прилеп, украденото вратено на сопствениците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ СЕ ПРОШИРИ МНОГУ БРЗО Еден од повредените раскажа за кобната ноќ во Кочани

Sase Ivanovski

КАШЕСТ СНЕГ ИМА НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЗЕМЈАТА Укината е забраната за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Sase Ivanovski

МАКСО ТВРДИ ДЕКА НЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Движењето ЗНАМ најави свој кандидат за градоначалник во Куманово

Sase Ivanovski

Пад на азиските и европските берзи – царините на Трамп ја продлабочуваат глобалната криза

Sase Ivanovski

Денеска во Кривичен ќе сведочи таткото на Вања

Sase Ivanovski

Крушево се разбуди под 24 сантиметри снег

Sase Ivanovski

ДУИ имплементира стандард чија цел е „систем за борба против корупцијата“

Sase Ivanovski

Партнерите во ВЛЕН му понудиле на Таравари 35 отсто од општините, тој најавува две можни опции

Sase Ivanovski

Трамп: Царините се прекрасна работа

Sase Ivanovski

СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тетовец загина во сообраќајка кај село Скудриње, сопатничката е тешко повредена

Sase Ivanovski

Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Sase Ivanovski

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Лишен од слобода кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкхол

Sase Ivanovski

2.553 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, 543 за брзо возење

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Sase Ivanovski

„Светски ден на здравјето: Државата да ги зголеми инвестициите во здравствена превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи“

Sase Ivanovski

Честитка по повод 7 Април – Светски ден на здравјето

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичниот Апасиев беше против извршителите, но кога станува збор за негова корист, не му пречат

Sase Ivanovski

Влада: Значително се зголемија платите на вработените во здравството, 4.815 денари за сите здравствени работници, за медицинските сестри 6.200 денари

Sase Ivanovski

И полицаецот што го лажеа дека возилото управувано од Срѓан Керим е службено – заработи дисциплинска

Sase Ivanovski

Одземени се 10 возила поради учество во диви трки

Sase Ivanovski

Како се сервисираат ПП апарати во јавни објекти за нецел денар, кога услугата реално чини 600 денари?!

Sase Ivanovski

Облачно и студено, претпладне услови за слаб снег

Sase Ivanovski

Торнада погодија неколку американски држави, загинаа најмалку 16 луѓе

Sase Ivanovski

Меџик Џонсон го споредува Никола Јокиќ со Крис Мулен…

Sase Ivanovski

Пет работи кои ги прават паметните, но мрзливи луѓе: Еве што можете да научите од нив

Sase Ivanovski

Најголем извор на инфекции: Предметите кои често ги користите имаат 400 пати повеќе бактерии од тоалетната школка

Sase Ivanovski

Што најмногу ги возбудува жените? Романтика е на 3-то место, а првото ќе ве изненади

Sase Ivanovski

Неколку едноставни чекори со кои ќе можете полесно да го преболите поранешниот партнер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОП 5 Најгледани голови во историјата на фудбалот

Sase Ivanovski

ТРАМП ПАРОДИЈА: НА КРАЈ НИЕ ЌЕ ГИ ЈАДЕМЕ КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ

Sase Ivanovski

ТРАМП ИМА НОВ СЛОГАН: MAKE MAGDA AGAIN

Sase Ivanovski

Станари се жалат на низа неисполнети законски обврски на инвеститор на зграда во Ѓорче П.

Sase Ivanovski

Како се прави цементот…

Sase Ivanovski

МВР потврди дека во ресторан, 6-та Управа го чувала сопругот на Силјановска

Sase Ivanovski

ЖЕРНОВСКИ: ЧУДНО Е КАКО ОД АМБАСАДОРИ НЕ СЕ ВРАТЕНИ ТРИ ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ НА ЗАЕВ

Sase Ivanovski

Научниците открија изненадувачки ефект од студените нуркања

Sase Ivanovski

Американскиот јавен обвинител: Третиот мандат на Трамп би бил тешка операција

Sase Ivanovski

СДСМ е консолидирана, почнуваме битка со најнеспособната влада порача Филипче

Sase Ivanovski

Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Грција

Sase Ivanovski

Неверство во ерата на социјалните мрежи: Што е микроизмамување и дали е тоа голема работа?

Sase Ivanovski

Човекот кој ја прогонуваше Скарлет Јохансон е уапсен откако се заканувал дека ќе активира бомба

Sase Ivanovski

Бил Мареј проговори за обвинувањето дека насилно бакнал жена: „Мислев дека само се забавуваме“

Sase Ivanovski

Тест на личноста: Она што прво го забележувате открива колку сте амбициозни и дали секогаш давате 100 отсто од себе

Sase Ivanovski

Улицата Елисие Поповски Марко остана без пешачки премини, луѓето не можат да се движат и од паркирани коли

Sase Ivanovski

Ендокринологот Ѓуро Мацут е мандатар за состав на новата Влада на Србија

Sase Ivanovski

Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Напредок во преговорите за распоредување на европски воен контингент во Украина

Sase Ivanovski

Нетанјаху се надева дека Трамп ќе ги намали царините за Израел

Sase Ivanovski

Во Клиничката болница во Штип ќе се вработат 19 специјализанти, но фалат медицински сестри и болничари

Sase Ivanovski

24 вистини за стареењето за кои никој не зборува

Sase Ivanovski

Будење со бомби, на денешен ден Хитлер ја нападна Југославија 1941 година

Sase Ivanovski

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Татјана Алексиќ: Неопходна е сексуална едукација, секој абортус е траума за девојчињата, а им се случува на 12-годишни деца

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Коцарева: Париз е вистинското место за да ја покажам уникатноста на моите креации

Sase Ivanovski

Русија во протестите против Трамп гледа механизми на делување на „длабоката држава“

Sase Ivanovski

Десетина нови згради се планираат во Козле, ДУП-от од утре оди на јавна анкета

Sase Ivanovski

НЕВАЖЕЧКИ БИЛЕ 139 ЛИВЧИЊА Филипче доби 18.001 глас за претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа – пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

Sase Ivanovski

ПАЃАЛЕ КАМЕЊА ОД МОСТОТ НАДВОЗНИК ПРЕД ВИЗБЕГОВО – граѓанин пријавил во ЦУК, штетите се санирани (ФОТО)

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Sase Ivanovski

Филипче: Градоначалниците на ДПМНЕ не испорачуваат резултати, СДСМ ќе понуди кандидати што ќе работат за граѓаните

Sase Ivanovski

Филипче: Сè што вети Владата, сè што кажаа – излажаа

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ е силна, СДСМ е спремна, за доброто на Македонија и на сите граѓани 

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Демант на изјавите на ТВ21 во врска со можноста за реконструкција на владата

Sase Ivanovski
Вчитувам....