Без ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, изгласано e одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани.
За скоро време ќе се знае терминот кога ќе се одржи надзорната јавната расправа во Собранието. Ова го потврдија од Левица откако вчера по третиот обид како што информираше и претседателот на партијата, Димитар Апасиев, а кој е петседател на Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, посочи дека процедурата е запазена и на комисијата го имало потребното мнозинство кое гласало За. Она што престои е координација со претставниците на пратеничките групи да одредат свои членови и претседателот на телото, Апасиев да свика седница. На 16 март годинава во Кочани во дискотеката Пулс загинаа 62 луѓе, а имаше и 200 повредени.