Се очекува третата рунда директни руско-украински преговори да биде договорена следната недела, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за новинарите.
„Што се однесува до преговорите, се очекува да се постигне договор следната недела, а се претпоставува дека ќе го дознаеме датумот на следната рунда“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува ТАСС. Песков нагласи дека резултатите од претходните рунди се важни. „Го кажавме ова многу пати. Благодарение на работата што ја изврши нашата делегација, (асистентот на рускиот претседател Владимир Путин) самиот Медински, многу од нашите момчиња успеаја да се вратат дома, во земјата“, истакна тој. Песков, ја повтори хуманитарната важност од размена на телата на загинатите војници од двете страни.