Низа улици се изградени за неполни четири месеци на територијата на Општина Куманово, а градот е побогат и за четири детски катчиња. Како што информираат денеска од Општина Куманово од јануари до сега асфалтирани се 6.431 мери квадратни површина, а бекатон е поставен на површина од 11.743 метри квадратни. Изградена е и атмосферска и фекална канализација во должина од шестотини метри. – Од почетокот на оваа година до сега општина Куманово спроведе значајни инфраструктурни проекти, со цел подобрување на урбаните и руралните области, велат од локалната самоуправа. Меѓу реализираните проекти се:
– Асфалтирање на улици „320“, „324„и „325“ во населба Ајдучка Чешма – Асфалтирање на улица во Чифлик Маало во село Табановце – Бекатонирање на улица „6“, „2“, „9“и крак 2 од улица „1“ во населба Јане Сандански – Бекатонирање на улица „101“, „102“ , „104“ во населба Карпош – Бекатонирање на крак 1 од улица „Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо – Бекатонирање на улица „Цар Самоил“ во близина на градскиот стадион – Бекатонирање на улица „604“ во Проевце – Пробивање и изградба на нови улици во индустриска зона „Новини и Речица„ – Изградба на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“, – Изградба на тротоар на дел од улица ,,11 Ноември“ – Санација на локален пат во село Сушево – Реконструкција на улица „705“ и дел од улица „Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо. – Реконструкција на патен премин со железничка пруга во село Черкези. Како што потенцираат од Општината, направени се три детски катчиња од кои едно на градскиот кеј , едно во населба Перо Чичо и едно во населба Зелен Рид. – Продолжуваме со реализација на годишната програма во сите делови на градот,во следниот период, стои во соопштението.
View this post on Instagram