Во 2024 година, во споредба со 2023, евидентирано е зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 15.6%, кај обвинетите полнолетни лица за 5.3%, а на осудените за 3.5%, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во споредба со 2023 година, е зголемен за 15.6%.Во наведениот период, зголемен е и бројот на обвинетите полнолетни лица за 5.3%, а на осудените лица за 3.5%.Во 2024 година, во однос на 2023 година, имало за 12.2% повеќе пријавени деца во судир со законот, а за 2.3% помалку осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела.