Во април во Македонија престојувале 96.943 туристи, од кои дури 78,6 отсто биле странци, а само 21,4 отсто домашни гости. Во истиот месец се остварени 171.886 ноќевања, од кои 73,5 отсто се на странските туристи, додека 26,5 отсто на домашните.
Во периодот јануари – април вкупниот број на туристи е зголемен за 13,4 отсто споредено со истиот период лани. Иако кај домашните туристи е забележано намалување од 4,2 отсто, кај странските гости има значаен раст од 21,6 отсто. Слична е ситуацијата и со бројот на ноќевања – вкупниот раст е 10,5 отсто, но притоа домашните оствариле 4,7 отсто помалку ноќевања, додека странските туристи 19,8 отсто повеќе. Земји од кои дошле најмногу странски туристи во април се: Турција од каде што дошле 21.124 , потоа Германија со 11.097, Србија со 4.905 и Франција од каде што дошле 4.881 туристи.