19.8 C
Скопје
06/05/2025 11:43
МАКТЕЛ

     

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа

      

Зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група која, на иницијатива на МОН, ќе ја координира Градежниот факултет на УКИМ. Нивната изградба, во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, почна во 2015, беше запрена во 2019 и повеќе од шест години нема никаква теренска активност. Формирањето на тимот кој ќе прави анализа за состојбата во која стојат започнатите објекти и која ќе го дефинира начинот како ќе се одблокира и ќе продолжи изградбата, сите наредни фази до конечна реализација на проектот е во основата на меморандумот што денеска го потпишаа првите луѓе на МОН, УКИМ, Градежниот факултет и Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР).  Ќе бидат изготвени финални ревидирани проекти по кои ќе продолжи изградбата затоа што постојните се стари над една деценија и потоа да почнат постапките за јавна набавка и да се избере најповолен изведувач.

Се очекува на крајот на оваа или почетокот на идната година да биде објавен јавниот повик за изградба на двата објекта. Од расположливите средства во буџетот ќе зависи дали ќе се градат одеднаш или еден по еден. Во тимот што ќе ја прави стручната анализа ќе бидат претставници-експерти од соодветни факултети и институции, од засегнатите факултети, како и од ИЗИИС, а сите ќе ги координира Градежниот факултет. Меморандумот нема финансиска компонента, односно целата стручна анализа ќе биде направена без надомест, за што министерката Весна Јаневска денеска им се заблагодари на деканот на Градежен, Горан Марковски, и на ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова за нивната општествена одговорност.

   

Пред потпишување на меморандумот, Јаневска истакна дека завршувањето на изградбата на двата објекта во кампусот на УКИМ е „една од програмските задачи на Владата“ која ќе биде остварена за време на нејзиниот мандат. Како што рече, за двата објекта е веќе истечена важноста на документацијата за градба, изменети се дел од законските решенија, а започнатите објекти кои се во фаза на непокриена карабина се во лоша состојба. -Со овој меморандум формираме работна група во која секој од нас, односно институциите кои ги застапуваме, се обврзуваат да спроведат индивидуални и заеднички активности кои ќе придонесат кон обезбедување чиста состојба за продолжување на изградбата на овие два објекта. Заедно ќе извршиме увид во физичката состојба на објектите, ќе направиме преглед на расположливата инвестициско-техничка документација и дефинирање на начинот на кој би продолжила изградбата во согласност со потребите на крајните корисници – истакна Јаневска.

Таа додаде дека веројатно ќе треба и дополнување на првичниот архитектонскиот проект бидејќи, рече, „веќе е донесена одлука фасадата дефинитивно да биде променета“. Министерката соопшти дека според потпишаните договори за реализација на проектите во 2015 година, изградбата на ФИНКИ требало да чини 784 милиони денари, но само 40 проценти од работите во договорот се реализирани и исплатени или, како што рече, „тоа е износ од 110 милиони денари“. Градењето на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, пак, требало да чини 432 милиони денари, а реализација на проектот е 16,2 проценти или исплатени се 73 милиони денари. Ректорката на УКИМ Биљана Ангелова истакна дека со потпишувањето на меморандумот се возобновува идејата за изградба на двата факултета што, рече, е од големо значење за Скопскиот универзитет. -ФИНКИ е еден од најголемите факултети на нашиот универзитет и воопшто во државата, со над пет илјади студенти кои во моментот се распределени на техничкиот кампус на УКИМ, а студентите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се сместени во супстандардни услови. Така што ова ќе значи значително подобрување на квалитетот за работа на нашите наставници и за студирање на нашите студенти – рече Ангелова.

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски истакна дека со голема одговорност ќе ја преземат оваа, како што рече, исклучително битна задача за да се спречи натамошно пропаѓање на започнатите објекти за овие два факултета. -Да ја увидиме нивната моментална состојба и да најдеме најсоодветен начин за нивно одржливо завршување. Покрај експерти од Градежниот факултет, во оваа работна група ќе бидат вклучени и наши колеги од другите факултети при УКИМ, како Архитектонскиот, Институтот за земјотресно инженерство, инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Електрофакултетот, Машинскиот и други, за да се вклучи сето знаење и капацитети што ги имаме за да добиеме оптимални објекти коишто ќе служат на Универзитетот. Најлоша варијанта е овие објекти да останат во состојба во којашто се, за кои се потрошени сериозни средства, а со тек на време пропаѓаат – рече Марковски. Директорот на СОЗР Ивица Томовски посочи дека стојат на располагање со нивната логистика, човечки потенцијал и кадар да придонесат во изградба на објектите и, како што рече, да излезат максимално во пресрет „за студентите конечно да добијат соодветни услови за студирање“.

  

Најново

Си Џинпинг: Кина и ЕУ се стратешки партнери

Sase Ivanovski

За 4,4 проценти поскапеле угостителските услуги на годишно ниво

Sase Ivanovski

Кардиналите пристигнаа во Ватикан пред утрешниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Ќе биде ли доведен во прашање и легитимитетот на Вреди?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Павле Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “На кавга со Иван“ – Владимир Божиновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 степени: Зошто сè уште не се применува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Сообраќајот тековно и без застои

Sase Ivanovski

АКО СЕ ОВА ЦЕНИТЕ ВО ПРЕДСЕЗОНА, ШТО ЌЕ БИДЕ ВО СЕЗОНА? Хрватите удрија со цените

Sase Ivanovski

СИСТЕМИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ОБЈЕКТИТЕ: Еве како можат да помогнат во случај на пожар

Sase Ivanovski

СЕЗОНАТА НА ОДЗЕМАЊЕ ТАБЛИЧКИ И ВОЗАЧКИ ВО ГРЦИЈА ПОЧНА: Еве што да направите ако останете без нив

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ ОД КОЧАНИ ДОЖИВЕАЛЕ НЕПРИЈАТНОСТИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Sase Ivanovski

ЈАЗИКОТ Е НАШИОТ БЕДЕМ И ИДЕНТИТЕТ Нема да отстапам од цивилизациското право да говориме на македонски, порача премиерот

Sase Ivanovski

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Левица: Зад параван на „меѓународно претставување“, ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребуваат државниот буџет за луксуз

Sase Ivanovski

Препознајте ги доматите кои се полни со хемија – обрнете внимание на овој дел

Sase Ivanovski

Лицата со дијабетес бараат од Владата за сите нив да бидат обезбедени модерни инсулински пумпи

Sase Ivanovski

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет

Sase Ivanovski

Телма -Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

Пеколно лето ја чека Европа – топлотни бранови и суши!

Sase Ivanovski

Во среда, 07 мај 2025 во 13.30 часот во МКЦ: Комеморација за Тоше Поп Симонов

Sase Ivanovski

Македонските евровизиски фанови и дадоа најмногу поени на Мелоди од Шпанија!

Sase Ivanovski

Путин: Во 2014 година Русија сè уште не беше подготвена за конфликт со целиот Запад

Sase Ivanovski

ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

Sase Ivanovski

Актерката Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Бериша: На 11 мај се одвојуваме од режим што нè осиромаши во изминатите 10 години

Sase Ivanovski

Цените на нафтата паднаа под 60 долари

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сврти на Smooth и освежи го денот на свој начин

Sase Ivanovski

Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори заедно со локалните, вели претседателката на државата

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, разговорите продолжуваат во текот на мај

Sase Ivanovski

Населението во Македонија се намалува, многу деца живеат во сиромаштија

Sase Ivanovski

Бледски договор (1947)

Sase Ivanovski

Како ќе се враќа солидарниот данок? За 5 години треба да се исплатат 49 милиони евра, ќе има ли кривична одговорност за мерката?

Sase Ivanovski

Трамп ќе постави царини на филмови произведени надвор од САД за да ја спаси Холивудска индустрија

Sase Ivanovski

Сојузник на Трамп од крајната десница победи во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија

Sase Ivanovski

Уметничка од Јапонија со потекло од Србија ќе го црта балканскиот рис и ќе собира пари за негова заштита

Sase Ivanovski

Oдбележан Меѓународниот ден на акушерките

Sase Ivanovski

Голема распродажба на Star Wars игрите на сите платформи

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДО) Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми

Sase Ivanovski

Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС

Sase Ivanovski

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Sase Ivanovski

Средба на Димитриеска Кочоска со турскиот министер Болат – Договорена интензивирана соработка во областа на царината

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка, Н.Е. Кавахара Сецуко

Sase Ivanovski

МОН со стипендии поттикнува средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик

Sase Ivanovski

МОН: Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик

Sase Ivanovski

Обраќање на академик Живко М. Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на: Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Sase Ivanovski

Јаневска: Законот го штити македонскиот литературен јазик, но и секој лично може да придонесе во неговото унапредување

Sase Ivanovski

“ПЕРОТО НА КОЧИЌ” ЗА 2025 ГОДИНА МУ Е ДОДЕЛЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ

Sase Ivanovski

Средба Костадиновски-Челик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Средба помеѓу државниот секретар во МВР и заменик амбасадор на Француската Република

Sase Ivanovski

Oдбележување 5 Мај – Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашата татковина, ако го зачуваме, тој ќе не зачува нас!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за необјавена поетска збирка „Антево перо“ 2025

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово: СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го одбележа патрониот празник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Консултативна дебата на Собранието и УНИЦЕФ: Потребно е постојано унапредување на агендата за правата на децата

Sase Ivanovski

Комесарот ја држел вратата, а претседателот на ФК „Слога“ тепал фудбалер на ФК „Карбинци“

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лицa

Sase Ivanovski

Вучиќ наместо дипломатска служба за време на посетата на САД користел неформални канали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов закон за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Хутите истрелаа ракета на аеродромот Бен Гурион во Израел

Sase Ivanovski

Орбан тврди дека Трамп ѝ предложил на Унгарија да ја напушти Европската Унија

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Куманово – шестмина повредени, меѓу нив и дете

Sase Ivanovski

Зеленски: За Украина во ЕУ треба да одлучува Европа, а не индивидуален манипулатор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕК: Пакет од 500 милиони евра за привлекување научници во Европа

Sase Ivanovski
Вчитувам....