11 млади лица имаа можност да ги унапредат своите вештини за јавно презентирање, да се запознаат со различни алаткиза застапување и да научат нови методи за постигнување на баланс помеѓу физичкото и менталното здравје.
Здружението Икуалити продолжува посветено да работи на крајната цел на проектот – зајакнување на младите и нивната улога во општествените промени значајни за нив и за поширокото население во 5-те општини – Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Струмица. Со Вашата поддршка како медиум кој има значајна улога во информирањето на јавноста и споделување на оваа вест, можеме да допреме до што повеќе млади луѓе и да ги поттикнеме да станат активни чинители во општеството.