Лидерот на Алтернативата, д-р Зеќирија Ибрахими, во една порака за јавноста ја пренел неговата идеја за риафирмирањето на човечките и моралните вредности во човечкото општество, особено во врска со половите различности меѓу мажот и жената. Ибрахими нагласи дека е време и во Северна Македонија да се прифати дефиницијата која ја риафирмира традиционалната концепција за
семејството, дека постојат само два пола, создадени од Бог, односно маж и жена. “Денес, кога по изборите во САД се реафирмира традиционалното семејство, тема што и ние ја повторуваме веќе 10 години, време е ние во Северна Македонија да ја покренеме ова тема и да се изјасниме дека за нас
постојат само два рода создадени од Бога, и тоа машки и женски. Следствено, за нас, семејството е заедница помеѓу маж и жена, која се склучува јавно, независно дали е верска или граѓанска церемонија. Сите други облици на заедница кои имаат настојуваат да се именуваат како
семејства, освен што се неприфатливи сурогати за нас, воедно се и битка против вредностите во кои ние веруваме. Поаѓајќи на ова, предлагаме, како и во многу земји од цивилизираниот свет, Северна Македонија да ја усвои оваа дефиниција за семејство и да ја претвори во уставна норма”, меѓу другото подвлече Ибрахими. ВИДЕО: https://app.filemail.com/d/mdmmvwkkwvrsiof