МАКТЕЛ

     

ЗЕКОЛИ: Убиството на Вања предизвика колективен шок, во Вања си препознавме ќерки, внуки, сестрички, братучетки, онакви какви што имаме по дома

      

Палевски во нашите огледала
07.12.2023 16:37 351 5 минути читање
Свирепото убиство на малата Вања и суровото убиство на пензионерот Панче предизвикаа колективен шок на општеството, по сите линии, класи, скраја сите поделби и различности. Во Вања си препознавме ќерки, внуки, сестрички, братучетки, онакви какви што имаме по дома, какви што посакуваме или се надеваме во оваа земја, на сѐ помалку детска врева, палавост и џагор.

Таа состојба на шок е определена делумно од ужасот на кој беше изложено малото невино девојче и делумно од чувството на индивидуална и колективна вина на соучесништво. Поради што, за жал, дури ни ова свирепо, безочно убиство – како и претходните ужаси низ болници, автобуси или Алмир – нема да предизвика катарза на коренита промена. Секако дека би сакале, нема сомнеж во тоа. Но, фактите се сурови како и самото убиство.

   

Ангели и монструми
Секоја земја, секое општество си има сопствени ангели и сопствени монструми, обете со човечки лица. Во Македонија тие ангели се Вања и Алмир, во Косово тоа се Лиридона и Маригона, во Србија тоа е малечката Тијана и децата од ‘Рибникар’, сите тие делчиња на морбидниот мозаик на убиства на млади, незаштитени деца. Нивните убиства ги класифицираме во посебна графа, небаре со тоа ќе се предизвика поголемо внимание и тревожност поголемо од графата на – обични убиства на човечки суштества. Привикнавме на создавање нови механизми, на нови терминологии, на нови инструменти замислени и скроени да обезбедат поголема заштита на децата особено и луѓето воопшто.

Но, суровоста продолжува – несмалено, невините гинат – сѐ по свирепо. Принудувајќи не вината да ја бараме сѐ подалеку од нас, низ шаманистички ритуали на префрлање на одговорноста некаде далеку, во некои мрачни катчиња, во мистично недопирливи предели каде се крие злото обликувано во грозоморни фигури со ужасни изрази на лицето, извиени опаши и рогови врз изобличени глави. Кои кукаквици сме ние, уплашени злото да го препознаеме околу нас, до нас и во самите себе.

Не може веќе. Нема простор за преправање и глумење недоветност. Сите овие убијци на деца не се никакви монструми. Дали низ нарцистички позирани селфиња или низ полициски фотографии, со коси или избричени, во „Лакост” маички или затворски комбинезони, сите тие личат на тебе и мене, ние и нас, банално просечно. Нашите обиди за ограда од нив преку користење зборови „монструми, зло, психопати, франкенштајни” се половично употребени за нивна стигматизација и половично за наше само-прочистување, за утеха на нечистата совест, за самоубедување дека ние сме нормалните. Но, дали навистина сме?

Франкенштајн е претставата за суштеството создадено од делови на починати луѓе, обесени убијци, починати просјаци, зашиени и залепени во човеколико тело без симетрија. Но, Франкенштајн е чедо именувано според таткото, залудениот научник Виктор Франкенштајн. Во делото на Мери Шели, научникот нема убиено никого, за разлика од неговото неприродна, скарадна рожба на оживеана смрт. Франкенштајн е убиец, но не е монструм. Франкенштајн не е убиец, но е монструм.

Лица познати на институциите
По ѓаволите со презумпции на невиност. Палевски и неговите аздисани партнери во злосторството се виновни во часот во кој решиле во сопствените грозоморства да вклучат невино детуле, ни криво ни должно, ни свесно ни запознаено со злата на овој свет. Дури и самото ставање рака врз нејзино раме, и самото ставање во кола, дури и самата замисла да девојче биде Џокер во нивниот покер со злото; е доволно за да бидат сметани за виновни, за злосторници. Убиството е само финалниот чин на злосторството започнато со замислата за нејзино вклучување, организирано од грст суштества недостојни на човечност.

Но, со сето кажано, баналноста на карактерите вклучени во убиството укажува дека тие се само тоа – убијци. Но што правиме со фактот што речиси сите од нив, а мастермајндот особено, се со децении одбележани како „лица познати на институциите”? Во која терминологија, новосоздаден инструмент и бирократски новоговор ќе си го најдеме спасот на совеста дека системот ги познавал и препознавал ликовите како загроза и опасност? Бидејќи, да се нарече Палевски како убиец, да се одбележат соучесниците како убијци е лесна работа. Но доколку сме навистина храбри, навистина огорчени, навистина заситени од ваквите прикази на хорор и шок, храброста треба да ја докажеме преку зачекорување право кон срцето на темнината, во длабоките пазуви на она што еуфемистички го нарекуваме систем.

Паралелен систем
Всушност, во мракот на премрежијата на системите. Во оваа земја, како и секоја друга, постои она што го нарекуваме систем на институции или Влада. Но во оваа земја особено, постои паралелен, неслужбен систем на институции или власт, кој делува надвор од отчетноста и нормалноста. Тој паралелен систем е институционален одраз на дво-етничноста на земјата и потребата на еден етникум да одржи де факто контрола, доминација и монопол врз владеењето и привилегиите паралелно со де јуре распределбата на ингеренциите на јавниот систем. Тој де факто инкогнито систем постоеше уште од Федерацијата, но поради нужноста од взаемни соработки и контроли, не можеше да аздисува во дивеење надвор од контрола.

По стекнувањето на независноста, паралелниот систем остана без никаква контрола, никаков надзор, никаква потреба за давање отчет или саморегулација. Начинот на кој делуваше тој систем е пренесен од устата на самиот Палевски, кој во еден од неговите настапи ќе објасни како делувал додека бил шеф на СДСМ во Скопје, потврдувајќи дека „секогаш кога шиптараната организираше протести, настани, ние контактиравме со ВМРО за да се организираме”. Всушност, добар дел од неговите нарцистички бладања по поткасти е резимирано сведоштво за начинот на кој функционирал и сѐ уште дејствува тој паралелен свет на неказнивост, базиран врз заткулисни шеми.

Пред многу години забележав дека во македонскиот политички естаблишмент во раните осумдесети е создаден монструозен апарат на прогон, шиканирање, понижување создаден и хранет на сметка на Албанците. Но како што Албанците се освестуваа, парираа и спротивставуваа на таа монструзна апаратура, така и порциите со кое се хранеше монструмот стануваа се покуси, понезадоволителни. За да на крај, монструмот во потрага по грана и raison d’etre, полека се вртеше кон оние кои го имаа создадено, кон Македонците. Но не кон секој Македонец! Туку кон невините, слабите, незаштитените, за системот потрошните и заборавливите. Македонците, елем, си го создадоа својот Голум, монструм изграден за заштита кој на крај ги јаде своите креатори.

Таканаречената „јавност” во Македонија сака Палевски и останатите да ги дефинира како про-руски, екстремно-десничарски, про-фашистички, агентурни творби, согласно новата терминологија и интереси на засегнатите. Тоа е далеку полесно од нивното дефинирање како она што сѐ – издатоци на системот кој сака да преживаа покрај сите промени или современости. Оливер Спасовски вели дека треба да се забранат таквите партии. Типичен резон на бирократијата во фрлање зборови кои граѓаните сакаат да ги слушнат, но без одговор за санкционирање на милјето од кои се имаат создадено таквите денешни и идните слични параполитички и параполициски дружби. Не, пријатели, забрани на забегани имитации на партии е само сечење лисја на дрвото и дефокус од она што е потребно и неопходно. Сечење на коренот на мртвото дрво од кое никнуваат никулците на злото.

Границата меѓу џандарот и бандитот
Зарем е случајно што во толку убиства и толку злосторства се вклучени ликови кои се на полу-чекор, на чекор дистанца од врвни ликови на естаблишментот? Зарем е случајно што на чекор од убиецот на Алмир се наоѓа полицаец близок до владејачката партија? Зарем е случајно што на полу-чекор од Вања наидуваме на каталог на кој-е-кој од најголемите македонски партии (да, и на ДУИ), познаник на речиси комплетната полициска, судска, правосудна, адвокатска камарила на земјата? Тенка секогаш и секаде била границата помеѓу џандарот и бандитот, но што кога таа граница е речиси избришана и веќе не се знае дали криминалот е претопен во полицијата-правосудството или пак обратно, полицијата-правосудството е претопено во подземје со службен беџ, службена легитимација и спид-дајл контакт со врвното раководство на земјата.

Инсистирањето на политиката да – ако затреба и на вештачки апарати на дишење – ги задржи и користи услугите на ликови како Зоран Верушевски (‘професорот’ на Палевски), на Љубомир Јолевски (сатрапот на Албанците) или Владо Камбовски (ангелот- спасител на Аркан) и десетини други попознати или помалку познати континуитети на едноумието, омразата, манипулацијата и анархијата, е сведошво на директното соучесништво на партиите во одржување во живот на културата на калкулирана „конструктивна експлоатација на криминалот”, со се сите нас посредни соучесници кои гласаме за нив. Ние, граѓаните, со наши гласови, всадени стравови и калкулирани пресметки за „мали пактови со ѓаволот за спас од другиот” ја градиме постелата врз која се одвиваат злосторствата врз оние кои немаат ниту глас за гласање ниту глас за протестирање.

Ниту убиството на дете од забегани скотови на монструозниот систем не нѐ натера да спонтано излеземе на улици. Кој да повика, а да му веруваме? Кој да организира, а да не нѐ злоупотреби? Кој да протестира, а да не растревожи? Кој остана чесен, за да го следиме? Убиството на Вања докажа дека во земјата веќе не постои никаква нулта точка на колективна согласност, скраја разликите. Не постои ниедна морална вертикала околу која со мирна душа и чиста совест ќе се обединиме. Зошто? Бидејќи Палевски со неговата блискост и интимност до Владата, до власта, до црквата, до медиумите, до невладините ни докажа дека сѐ е труло и лажно. Палевски ја уби Вања. Но монструозниот систем го уби општеството. И во нас, човечното. (Dw)
Арсим Зеколи

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....