Володимир Зеленски на состанокот на Европскиот совет рече дека е „неопходно“ европската поддршка за Украина „да не се намалува, туку да продолжи и да се зголемува“, објави Sky News. Украинскиот лидер повика на специјална помош во воздушната одбрана и финансирање на артилериски гранати – конкретно барајќи 5 милијарди евра за таа муниција.
„Се што е потребно за заштита на континентот мора да се произведува овде, во Европа. Мораме да работиме на тоа заедно“, рече тој, додавајќи дека Европа може да има корист од употребата на беспилотни летала и електронска војна од Украина за нејзина одбрана. Тој, исто така, ја повика ЕУ да не го намалува притисокот од санкциите врз Русија. „Санкциите мора да останат во сила додека Русија не почне да ги повлекува своите војници од нашата почва и целосно не ја надомести штетата предизвикана од нејзината агресија“, рече тој. Тој нагласи дека разговорите за прекин на огнот не треба да доведат до опуштање на притисокот.