Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека верува дека е време да се создаде „вооружена сила на Европа“, додавајќи дека нивната армија не е доволна. Говорејќи на безбедносната конференција во Минхен, украинскиот претседател рече дека Европа не може да ја исклучи можноста „Америка да и каже не на Европа за прашања што и се закануваат“, објави Скај њуз . Зеленски истакна дека многу лидери долго време зборуваат за тоа како на Европа и е потребна сопствена армија.
„Навистина верувам дека дојде време. Вооружените сили на Европа мора да се формираат“, рече тој во Минхен.