Шефот на украинската држава, Володимир Зеленски остро го критикува екс американскиот претседател Џо Бајден и го обвинува дека не испратил помош навреме за Киев. Зеленски изјави дека администрацијата на Бајден не испратила оружје во Украина навреме пред почетокот на руската инвазија во 2022 година, поради што Украинците морале сами да се борат во првите денови од војната. Украинскиот претседател ги даде овие коментари во интервју за Фокс њуз и беа објавени во многу руски медиуми.
Зеленски рече дека побарал оружје од Вашингтон пред да почне инвазијата, но му било кажано дека испораката ќе биде можна само доколку Русија нападне. Во исто време, тој побара помош од Европската унија, но европските земји чекаа зелено светло од САД пред да се приклучат во поддршката на Киев, пишува Newsweek. Тој ја опиша реториката на сегашниот американски претседател Доналд Трамп за рускиот лидер Владимир Путин како „фер и чесна“ и истакна дека верува дека Путин се плаши од „силен американски претседател кој ја поддржува Украина“. Трамп минатата недела на својата социјална мрежа „Вистина“ рече дека Путин треба да направи договор за прекин на конфликтот, во спротивно ќе се соочи со „даноци, царини и санкции“. Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години.