Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „важен и срдечен“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, со кого разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции.
За време на разговорите ги разгледавме предизвиците кои стојат пред Украина и цела Европа, координацијата со нашите партнери, конкретните чекори за зајакнување на позициите на Украина и завршување на војната на праведен начин, со сигурни безбедносни гаранции“, напиша Зеленски на „Телеграм“.