Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека некој што сака преговори не гаѓа намерно луѓе со балистички ракети. „Украина се бори за нормален и безбеден живот што го заслужува, за мир кој е праведен и сигурен. Сакаме оваа војна да заврши. „Но, Русија не го сака тоа и го продолжува својот воздушен терор: во текот на изминатата недела, над 1.050 напади со беспилотни летала, околу 1.300 воздушни бомби и повеќе од 20 проектили беа лансирани над Украина за да се уништат градови и да се убијат луѓе“, напиша тој денеска на Телеграм.
Тој додаде дека е неопходно светот да биде пообединет и посилен за да се запрат руските напади.„Зајакнувањето на нашата воздушна одбрана, поддршката на војската и ефективни безбедносни гаранции кои ќе го спречат враќањето на руската агресија – тоа е она на што треба да се фокусираме. Правдата мора да надвладее. „Ние веруваме во моќта на единството и сигурно ќе го вратиме сигурен мир“, напиша тој.