Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат, пренесуваат украинските медиуми.
-Ние сме благодарни за поддршката, но тоа не е заем и нема да го дозволиме ова – рече Зеленски, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „неговата земја е ограбена бидејќи не ја дала оваа помош како заем“. Тој потврди дека договорот за создавање заеднички инвестициски фонд за развој и обнова на Украина со САД нема да содржи никакви долгови на Украина кон САД, а исто така вети дека ќе биде отворен во комуникацијата со јавноста за понатамошните преговори за нов формат на договорот за земјиште.
-Главните, основни работи, компромисите се зацртани во рамковниот договор, на кој бевме подготвени да одиме. Ќе се базираме на јасни работи, каде што гледаме можност за градење вистинско партнерство – рече Зеленски.