Во регионот кружи ново видео во кое лажно се тврди дека Володомир Зеленски купил удел во компанија што оперира рудник во Јужноафричка Република, вреден 1.6 милијарди долари. Но, видео иако инсертите од прилогот во видеото се автентични, аудиото е создадено помош на вештачка интелигенција. Од Јужноафриканската телевизија потврдија дека немаат направено содржина на оваа тема и компанијата што се споменува потврди дека нема никаква промена во раководството ниту во уделот на власништвото, пренесува Вистиномер. Пишува: Матеј Тројачанец Доколку им поверувате само на ланските дезинформации, Володомир Зеленски наводно има потрошено скоро пола милијарда американски долари од странските средства наменети за одбрана на Украина. Сега, цехот се зголемува за вртоглави 1.6 милијарда американски долари бидејќи повторно кружи нова дезинформација што наводни тврди дека украинскиот претседател купил 51% отсто удел во компанијата „Northam Platinum Ltd.“ што експлоатира рудник за платина во Јужна Африка.
Исто како и во сите претходни случаи, оваа вест не е точна. Како прво, видеото е монтирано во комбинација од вистински снимки и лажни прилози (слики), а аудиото е направено со вештачка интелигенција за да звучи веродостојно. Во видеото може да се види дека „веста“ е објавена од јужноафриканската јавна телевизија SABC, но медиумот нема објавена таква вест и јавно се „дистанцира“ од лажните вести. Последно, наводната промена на сопственици на компанијата беше демантирани од самата компанија „Northam Platinum Ltd“. Оваа вест ја проверија колегите од Фактограф (Хрватска), Раскринкавање (Црна Гора), Истиномер (Србија), Грција факт чек, Делфи и 15минути (Литванија), Демагог (Чешка), Стоп Фејк (Украина), Малдита (Шпанија), Лид Сторис (САД).
Оваа дезинформација започнува да се шири преку следново видео (архивирано тука):
За почеток, како што може да се примети, логото на јужноафриканската телевизија SАВС може јасно да се види во видеото. Пребарувајќи ја нивната објава, не најдовме никаква вест што ја споменува компанијата „Northam Platinum“ во врска со украинскиот претседател. На социјалните мрежи на SABC News нема содржина што би го потврдила постоењето на ова видео или пропратна вест што ќе го потврди информацијата како автентична. Не само тоа, туку од официјалната Х (Твитер) сметка, SАВС потврдија дека се работи за лажна вест:
SABC News distances itself from the publication and distribution of fake news. pic.twitter.com/V25pr7xPF8
— SABC News (@SABCNews) April 4, 2025
Следно, ги разгледавме информациите за „Northam Platinum Ltd“. Компанијата произведува платина во Јужноафричка Република и има рударски активности првенствено во трите рудници — Зондерејнде, Бујсендал и Еланд. Пребарувајќи ги соопштенијата и вестите од нивната официјална страница, исто така немаше никакви објави поврзани со промената на раководството или уделот во компанијата (архивирано тука). Покрај тоа, колегите од Делфи ја контактираа самата компанија. Оттаму им потврдија дека се работи за лажна вест и дека нема никаква промена, ниту пак дека Зеленски или некои од неговите соработници купил удел во компанијата: „Сите медиумски написи, видеа и објави на социјалните мрежи во кои се тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски стекнал удел во Нортам Платинум се лажни. Нортам потврдува дека нашиот удел останува непроменет“ пишува претставникот за комуникации на компанијата Шериле Лакмидас во писмото до Делфи.
Последно, како што пишуваат колегите од Лид Сторис, тие го анализираа видеото со две дигитални алатки кои проверуваат дали содржината е создадена од вештачка интелигенција, DeepFake-o-Meter и Hiya. Според резултатите што тие ги добија, аудиото од видео материјалот со голема веројатност не е автентично.
Извор: Лид Сторис
Значи, иако видео инсертите од прилогот во видеото се автентични, аудиото е вештачки создадено. Јужноафриканската телевизија потврди дека нема направено содржина на оваа тема. Компанијата што се споменува потврди дека нема никаква промена во раководството ниту во уделот на власништвото. Ќе се повторуваме како расипан грамофон, бидејќи вакви вести имаме рецензирано многу пати – види тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, и тука. Но, ниту една вест што тврди дека украинскиот претседател Зеленски се луксузирал со народни пари наменети за војната против Русија е дезинформација. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА