Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија „отворено одбива прекин на огнот“ и „не покажува страв“. Во вечерашното обраќање до нацијата објавено на „Икс“, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин „останува фокусиран на продолжување на војната“.Тој, исто така, тврдеше дека руската државна пропаганда ја подготвува јавноста за идејата дека дипломатијата нема да донесе резултати. „Постои само една причина за ова, тие не се плашат во Москва“, рече Зеленски.
„Ако притисокот врз Русија не е доволен, тие ќе продолжат да го прават она на што се навикнати ќе продолжат да водат војна. Сите сакаме ова да заврши. Потребен е мир и тој мора да биде траен“, вели Зеленски.