Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека наскоро ќе поминат педесет дена откако Руската Федерација го игнорираше предлогот на Соединетите Американски Држави за целосен и безусловен прекин на огнот и посочи дека ситуацијата на фронтот покажува дека сегашниот притисок на светот врз Русија за прекин на оваа војна не е доволен.
„Врховниот командант Александар Сирски известуваше за ситуацијата на фронтот. Ситуацијата е сè уште тешка на многу правци. Само до средината на денешниот ден имаше речиси 70 руски напади на нашите позиции. Борбите продолжуваат. Окупаторот продолжува со офанзивните обиди. Благодарен сум на секоја бригада и на сите наши војници“, објави Зеленкри на Фејсбук. Според него, најголем дел од борбите се воделе во правците Покровск, Краматорск, Лиманск и Курск.