Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ќе добие пристап до 150 милијарди евра, кои Европската унија планира да ги додели за зајакнување на своите одбранбени капацитети. На прес-конференција тој и се заблагодари на Европската унија за нејзините „сериозни одлуки“.
„Украина ќе има еднаков пристап и еднакви можности за 150 милијарди (евра) што очекуваат да ги потрошат за зајакнување на европските одбранбени капацитети“, рече Зеленски, пренесе Укринформ.
Тој нагласи дека ова е многу сериозен чекор.
„Навистина се надевам дека тоа ќе биде направено наскоро и ова е сериозен сигнал. Благодарен сум на Европската унија за ова“, рече Зеленски.
Европските лидери едногласно се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на состанокот во Париз на 18 февруари, пренесува Танјуг.