Тој на вчерашната прес-конференција во Киев рече дека без таков состанок нема да има прекин на огнот.
– Ја поддржувам средбата на ниво на лидери бидејќи имам впечаток дека нема да има прекин на огнот пред нашата средба, рече Зеленски.Белата куќа претходно објави дека Трамп е отворен за поканата на турскиот претседател Ердоган за одржување трилатерални мировни разговори во Турција со руските и украинските лидери.
Ердоган претходно изјави дека Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу Путин и Зеленски во Анкара или Истанбул, додавајќи дека ќе го покани и американскиот претседател на средбата.По втората рунда преговори во Истанбул, шефот на украинската делегација, министерот за одбрана Рустем Умеров, изјави дека Киев верува оти сите клучни прашања во преговорите за потенцијално примирје со Русија можат да се решат на ниво на лидерите на земјите и дека предлага таков состанок да се одржи до крајот на месецот.