Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на „Икс“ објави дека ја прекинува посетата на Јужна Африка и се враќа во Украина по руските напади врз Киев во кои загинаа најмалку девет лица. -Откажувам дел од програмата на оваа посета и ќе се вратам во Украина веднаш по средбата со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза – рече Зеленски во соопштението. Во исто време, тој ги осуди руските бомбардирања против Украина, кои предизвикаа смрт на најмалку 9 лица во Киев, повикувајќи ги „веднаш да престанат“. -Веќе 44 дена Украина прифати целосен прекин на огнот и прекин на нападите. Веќе 44 дена Русија продолжува да ги убива нашите луѓе – се пожали тој на „Икс“, додавајќи дека „нападите мора веднаш и безусловно да престанат“.
Украинскиот претседател во средата слета во Јужна Африка, каде што требаше да се сретне со неговиот колега Рамафоса, како и со други политичари и претставници на граѓанското општество за напорите да се стави крај на војната во неговата земја. -Клучно е да го приближиме праведниот мир – коментираше тој преку Икс пред неговото пристигнување во Јужна Африка.
It has been 44 days since Ukraine agreed to a full ceasefire and a halt to strikes. This was a proposal from the United States. And it has been 44 days of Russia continuing to kill our people and evading tough pressure and accountability for its actions.
It is extremely… pic.twitter.com/87CSHvsvqG
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 24, 2025
Јужна Африка, која има добри односи со Русија, задржа неутрален став во војната што избувна во 2022 година. -Посетата им нуди на Јужна Африка и Украина можност да разговараат за нивните билатерални односи и исто така ќе ги истражат областите на соработка со цел зајакнување на напорите за постигнување траен мир – се вели во соопштението од канцеларијата на Рамафоса. Јужноафриканскиот претседател телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин во понеделникот и изјави на „Икс“ дека двајцата лидери ги потврдија „силните билатерални односи“ и нивната посветеност да работат на мирно решавање на војната.