По информацијата дека е издадено одобрение за сеча на 113 дрвја и кастрење на 303 дрвја во Градскиот парк во Скопје, иницијативата @zelenhumangrad (ЗХГ) договори обиколка низ паркот заедно со Секторот за комунални работи на Град Скопје и професор на Шумарскиот факултет. „Во таа обиколка ќе се посетат засегнатите дрвја и ќе слушнеме од нивна страна зошто се обележани за сечење/кастрење, што довело до таа ситуација и што се плановите за ремедијација доколку дојде до интервенција врз зеленилото“, соопштија од ЗХГ.
Со цел поголема информираност и вклученост во внимателниот третман на последната скопска оаза – Градски парк, ЗХГ ги покануваат сите кои сте заинтересирани да бидат дел од обиколката, која ќе се случи во понеделник (19 мај) во 12:45 часот, со почеток пред главната капија на бараките на Град Скопје. „Доколку си шумарски инженер, експерт од областа на зеленилото, медиум, студент или граѓанин загрижен за зеленилото во Скопје, дојди со нас и искористи го своето право директно да влијаеш врз одлуки кои те засегаат!“, стои во повикот на ЗХГ за обиколката.
View this post on Instagram