Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами во оваа островска земја во Тихиот Океан.
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди денеска Тонга, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами во оваа островска земја во Тихиот Океан. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 139 километри од Нукуалофа.