Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека земјотресот траел 13 секунди и бил проследен со повеќе од 50 последователни потреси. Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море. Повеќе од 150 луѓе се хоспитализирани со повреди здобиени додека се обидувале да скокнат од зградите, соопшти канцеларијата на гувернерот во Истанбул. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека земјотресот траел 13 секунди и бил проследен со повеќе од 50 последователни потреси, пишува Асошиејтед Прес.
Жителите се собраа во парковите, училишните дворови и други отворени површини за да избегнат да бидат во близина на згради во случај на колапс или последователни земјотреси. Некои луѓе поставија шатори во парковите. Земјотресот се почувствувал и во соседните провинции Текирдаг, Јалова, Бурса, Баликесир, како и во Измир, кој се наоѓа на 550 километри јужно од Истанбул. Извор: Новинска агенција МЕТА