Лидерот на Алтернативата, д-р Зеќирија Ибрахими, во видео изјава го коментираше повикот за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ. Меѓу другото, Ибрахими истакнува дека е во корист на демократијата што во ДУИ ќе се случи што побрзо реформски процес. Доколку ДУИ сака да опстане, нагласува Ибрахими, Ахмети мора да си замине од ДУИ.
“ Изјавите на претседателот на ДУИ дека нема да учествува на локалните избори се поврзани единствено со фактот дека тој е свесен дека за првпат нема да може да ги манипулира изборите. Нема да може да купува гласови, нема да може да ги заплашува граѓаните. А без тие средства, тој не сака да влезе во изборната трка, бидејќи е свесен дека ќе биде поразен. Нова, реформирана ДУИ, без дамките од минатото, е добредојдена во изборна трка. Колку побрзо се случи оваа реформа, толку подобро за демократијата, за Албанците, но и за самата ДУИ. Нема вистинска
демократија без фер натпревар – а нема фер натпревар со Али Ахмети на чело на ДУИ.
ДУИ досега, како корумпирана и со темно минато, е неиздржлива. Нејзината иднина не може да остане заложник на еден човек. Ако ДУИ сака да опстане, Ахмети мора да си замине од ДУИ и да отстапи место за реформирана ДУИ, која го почитува демократскиот процес и учествува на
изборите со кредибилитет”, изјави Ибрахими.