Синоќа, заменик- министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков учествуваше на Националниот Иновациски Рамковен Форум во INNOX иновативниот центар. Во своето обраќање, министерката ја истакна улогата на Европската Унија во поддршката на иновациите и нивното значење за економскиот развој на Македонија.
Таа обрати внимание за важноста на европските програми како што се Horizon Europe и European Innovation Council, кои овозможуваат пристап до фондови за истражување и развој. Дополнително, акцентот беше ставен на потребата од подобрување на иновационите капацитети преку поддршка на стартапи и иновациски центри.