Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска, во просториите на Министерството за правда, оствари работна средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ. На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.
На средбата се разговараше и за евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан, размена на искуства во однос на европските регулативи како и искуството на Црна Гора во отворањето на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудството и борбата против корупцијата со што Црна Гора има значителен напредок во овие области.