Викторија Трајков, ќе учествува на 28-миот Евроазиски економски самит, кој ќе се одржи од 7-8 мај во Истанбул, Турција… Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит, кој ќе се одржи од 7-8 мај во Истанбул, Турција.
Заменик-министерката за европски прашања, ќе има излагање на една од сесиите на Самитот каде ќе зборува за евроинтеграцискиот процес на нашата држава и перспективите на нашата земја на патот кон ЕУ. На 28-миот Евроазиски Економски Самит, кој е во организација на Мармара Фондацијата, ќе се зборува за актуелните предизвици, а ќе учествуваат високи државни претставници од повеќе балкански држави.