21.8 C
Скопје
10/05/2025 17:23
МАКТЕЛ

     

Змиско око од Кочани

      

Има голема веројатност судскиот процес за огромната трагедија во Кочани од потрага по виновниците по неколку години да се претвори во политичка фарса, а сеќавањето на жртвите да стане второстепено. Пишува Љупчо Поповски Тој што го смисли името на операцијата во 2007 година, кога  беа апсени десетици луѓе кои работеа на патарините – „Змиско око“ –  имал некаков смисол за ингениозност. Не дека името на операцијата имаше некаква допирна точка со спектакуларното апсење со специјалци во ноември 2007 и траеше неколку дена, и што тогашната министерка за внатрешни работи  Гордана Јанкулоска  велеше дека се реализирала најголемата, најдолгата и најмасовната операција дотогаш, туку што синтагмата „змиско око“ стана симбол за тоа колку една истрага може да биде толку контроверзна. Колку судењата во  процесот што траеше 16 години беа неефикасни и контрадикторни, колку за луѓето уапсени во таа операција судењата се претворија во голгота на нивните животи. Всушност, животите им ги претворија во судски процеси кои завршија во октомври 2023 кога со чудните измени на Кривичниот законик нивните дела застареа.

Апелацискиот суд три пати го враќаше предметот пред Кривичниот суд, а имаше и осудителни, условни и ослободителни пресуди. Уапсените се гонеа дека организирано формирале злосторничка дружина која не издавала фискални сметки за платени патарини, а парите ги ставале во џеб, по што организирано ги делеле. Имаше уште еден речиси идентичен случај –  „Змиско око 2“, во кој дваесетина обвинети беа ослободени за „злоупотреба на службената положба“. И во овој случај Апелацискиот суд ги укинуваше пресудите на Кривичниот суд.

   

Многумина, особено од помладите читатели, имаат редица прашања за тоа што, всушност, беше процесот „Змиско око“, кој сега толку често се споменува во истрагата, апсењата и притворите за  трагедијата во Кочани. Дали масовните апсења на осомничените кои биле на некаква функција уште од 2012 година може да го претворат овој случај во „кочанско змиско око“, за тој потоа да се претвори во долгогодишна судска одисеја во која малку ќе се сеќаваме на жртвите од Кочани, а многу повеќе ќе се занимаваме со умешноста на адвокатите да наоѓаат слаби точки во предметите на обвинителите, а една навистина екстремно траорна трагедија да се претвори во политичка фарса.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски минатата недела на прес-конференција објаснуваше дека правото признава дологорочен каузалитетФотографија: Petr Stojanovski/DW

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски пред некој ден на Телма велеше дека е свесен оти  истрагата за Кочани  може да се претвори во ново „Змиско око“ и дека размислуваат одговорноста на осомничените да се распореди во неколку групи за поедноставно судење. На колку групи? На пет по десетина луѓе (и можеби повеќе, затоа што истрагата не е завршена). На седум-осум групи? Во овој момент не што ние не можеме да одговориме, туку ни обвинителството нема прецизна слика што сака да направи со толку многу осомничени, во овој момент 59. Јасно е дека сака да покаже дека системот, преку примерот на Кочани, не функционирал  и дека бил подјаден или изеден од јавашлак и корупција. Но прашањето што го поставуваат сѐ повеќе експерти, луѓе од правосудната сфера, е дека токму широчината на оваа истрага, во која досега речиси целосно се опфатени само поранешни функционери, раководители, службеници и полицајци, може да го поткопа огромниот напор на обвинителите.

Бранителите на широчината Оваа широчина на истрагата  беспоговорно ја бранат претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, затоа што смртта на 62-те лица во дискотеката „Пулс“ предизвикува сериозна политичка последица за партијата и генерално власта. Како што потпретседателот на Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во четвртокот на Алсат изјави дека „ваквата темелност во истрагата, која што оди и неколку години наназад, е правно издржана“. Но ни тој, ни другите вмровски претставници, а ни државниот обвинител Љупчо Коцевски немаат добро објаснување зошто во досегашниот тек на истрагата не е опфатен ни актуелниот министер за економија (девет месеци на оваа функција) ниту пак полициските командири во Штип и Кочани или други полициски службеници, кои раководеа или беа на функции во времето на пожарот на 16 март. Ова е голем политички товар за  ВМРО-ДПМНЕ,  но партијата во овој момент се реши тој товар да го носи на грб, веројатно верувајќи дека со време тој товар ќе калира.

Но прашање е дали обложувањето на оваа стратегија на крајот политички ќе се исплати. Не е некое големо откритие  дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ќе биде трајно обележан  дека во негово време се случи оваа досега најголема трагедија и дека наместо барем да понуди оставка од морални причини, тој се реши да пишува политички памфлети и давајќи едни те исти изјави за тоа колку лошо се работело во минатото. И дека Министерството под негова команда работело прецизно како некаков саат. За негова жал, тој може да напише уште десет такви памфлети (како оној долгиот пред неколку дена), но тоа нема ништо да промени во перцепцијата на јавноста во наредните десетлетија – дека тој останал морално нечувствителен (барем јавно) за смртта на толку многу млади луѓе. Неговата политичка кариера на одреден начин е завршена. Тој може да остане на функцијата до крајот на мандатот на оваа влада. Може да добие и друга функција потоа, но тој ќе ја носи со себе оваа трагедија како лепра.

Панче Тошковски
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ќе биде трајно обележан  дека во негово време се случи оваа досега најголема трагедијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Доколку поднесеше оставка  (или му беше дозволено тоа), јавноста ќе можеше да го протолкува тоа како доблестен чин, па ќе имаше можност подоцна политички да се реинвестира. Сега работите изгледаат како да се доцна за него. А и премиерот  Христијан Мицкоски  можеше да ја менаџира таа оставка, затоа што на тој начин ќе ја штитеше владата (а и партијата) од бурите кои може да бидат уште поголеми во идните месеци. Има едно правило во политиката – премиер или претседател во одреден момент, кога тоа претставува голем товар за власта, за одреден скандал или трагедија се ослободуваат од министри (без оглед колку и да им се тие политички или на друг начин блиски) за да го сочуваат или обноват наративот. На пример, српскиот претседател Александар Вучиќ се откажа прво од министерот за инфраструктура Горан Весиќ по падот на настрешницата во Нови Сад, а подоцна и од премиерот Милош Вучевиќ (кој е и претседател на Српската напредна партија) и од градоначалникот на Нови Сад по нападот на активистите на СНС на двајца новосадски студенти. Тој напад беше минорен во однос на корупцијата околу поправката на настрешницата, но Вучиќ како политички итрец, сакаше да го амортизира огромното незадоволство во Србија, поттикнато од масовните протести на студентите, и на некаков начин да ја сврти фортуната на своја страна. Србија сега има нова влада.

Мицкоски ја нема таа политичка итрина, ниту искуство. Тој реши да го брани  директорот на АНБ, Бојан Христовски,  околу неговиот наводен сертификат за англиски јазик од јазично студио во Бугарија што не постои, затоа што мисли дека одлуката за неговиот избор мора да биде конечна и таа не треба да се доведува под прашање. Дури не го ни смени ни пaртискиот активист од Демир Хисар и заменик-директор на „Македонија пат“, Сашо Дранго, за снимката со отепаната мечка. Иако премиерот јавно изјави дека не верува во приказната на Дранго дека мечката ја нашол отепана на патот, па потоа ја влечел на ридот. Сашо Дранго не беше сменет, ниту поднесе оставка, туку беше заменет откако му истече привремениот шестмесечен мандат во претпријатието.

Христијан Мицкоски 
Премиерот  Христијан Мицкоски изгледа како да не сака веќе да се занимава со КочаниФотографија: Government of North Macedonia

Овие случаи покажуваат многу за политичката опитност на Мицкоски и за неговото чувство дека може да ги контролира работите онака како што тој мисли. И да не замислува многу за можните последици. Земете ја, на пример, неговата изјава од Емиратите каде беше во четиридневна посета со македонска министерска делегација. Откако наброи со кого се сретнале, за што разговарале, какви можности им нуди Македонија на потенцијалните инвеститори, тој ја заврши изјавата со оваа реченица: „Ве поздравувам од Абу Даби и се гледаме во нашиот балкански, европски, светски бисер Охрид за Велигден, да го чествуваме Христовото воскресение“. А неколку часови преходно стигна уште една тажна вест, овој пат од Белград. Дека од повредите од пожарот во ВМА во Белград починал 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, 62. жртва. Многумина ќе речат дека премиерот можеше да каже барем некој збор за Стојанче, да сочувствува со неговото семејство и неговото Кочани. Но изгледа како Мицкоски да не сака веќе да се занимава со Кочани, нека го прави тоа полицијата и обвинителството, тој има поважни државни работи кои не се поврзани со емпатија. Тој уште утредента по седумдневната жалост отиде во Радовиш за да му биде претставено како ќе се пренаменува поранешната стоковна куќа, а вториот ден во Бутел, каде му беше објаснувано како околу Радишани ќе се градел голем парк. Кочани веќе беше во друга фиока.

   

Најново

Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС

Sase Ivanovski

Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа уште еден приемен ден со граѓаните

Sase Ivanovski

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Sase Ivanovski

Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Владата ги укинува меѓународните јазични сертификати за да ги легализира фалсификуваните дипломи, обвинува Левица

Sase Ivanovski

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца. Имате ли срце?

Sase Ivanovski

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор: „Ќе продолжиме се додека не ни се вратат договорите за работа“

Sase Ivanovski

Биткоинот повторно силен – достигна вредност над 103.000 долари

Sase Ivanovski

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Sase Ivanovski

Мелони: Неопходно е итно триесетдневно примирје во Украина

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Sase Ivanovski

Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

Sase Ivanovski

Политико: Трамп учествувал на само 12 разузнавачки брифинзи од почетокот на мандатот

Sase Ivanovski

24-годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА МЕСТО СО 7000 СКАЛИ КОИ СЕ КАЧУВААТ 5 ЧАСА

Sase Ivanovski

Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

Sase Ivanovski

Трамп објави дека Индија и Пакистан прогласиле мир

Sase Ivanovski

Пред споменикот на Горан Стојменовиќ се одбележа 10 години од „Диво Насеље“

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче

Sase Ivanovski

Уапсен маж од тетовско баран со потерница

Sase Ivanovski

Тажна вест од Србија: На 39 години почина поранешен кошаркарски репрезентативец

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе има многу поостри санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во фабрика за хемиски производи во Барселона создаде токсичен облак

Sase Ivanovski

Левица: Владата ги укинува задолжителните меѓународни јазични сертификати за избор на директори

Sase Ivanovski

НАД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ, ЗАШТИТЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА КОЈ СО ГОДИНИ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ

Sase Ivanovski

Тошковски за убиството во Штип: Полицијата делуваше ефикасно, во тек се сослушувања на сведоци

Sase Ivanovski

Балканските земји се соочуваат со огромен дефицит на работници пред летната сезона

Sase Ivanovski

Триесетдневен притвор за петтемина осомничени за убиството во Штип

Sase Ivanovski

Иран ќе и достави на Русија ракетни лансери со краток дострел „Фатх-360“

Sase Ivanovski

Ѓуриќ: Александар Вучиќ нема да се соочи со ЕУ санкции поради посетата на Москва

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Гостиварско кој возел автомобил со 2.17 промили алхокол во крвта

Sase Ivanovski

Уапсен стружанец кој пијан возел мотор и излетал од патот

Sase Ivanovski

САД и Кина во Женева ќе преговараат за намалување на царините

Sase Ivanovski

Гест на голем клуб: Ал-Келаифи подготвил специјално изненадување за сите вработени во ПСЖ

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: По улиците, време е и за „чистење“ на општините од фосилите на ДУИ

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Граѓаните се жалат на недоставените фактури и на сумите на сметките за струја

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Макрон, Мерц, Туск и Стармер вчера отпатуваа во Киев во знак на поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Во Скопје утре се врши авионско попрскување против комарци

Sase Ivanovski

Отворена истрага против петмина за убиството во кафе-барот во Штип

Sase Ivanovski

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!

Sase Ivanovski

Санаториумот Дружба на архитектот Игор Василевски, со поглед на Црното Море во Јалта, Украина, е иконски пример на советскиот брутализам

Sase Ivanovski

Агелер: Честитки до нашата колешка Ивана Китановиќ за победничкиот дизајн „The Infinite Wave“

Sase Ivanovski

Новата социјална населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз ќе ослободи простор за 33.000 квадрати зелена површина за нов парк во Струмица…

Sase Ivanovski

Најплатениот комичар во светот вели дека мора да го прифатите одбивањето ако сакате да бидете успешни: „Тоа би требало да биде тешко“

Sase Ivanovski

Фотоволтаиците прават проблем во Македонија?! Минатиот викенд бил избегнат колапс на македонскиот електросистем

Sase Ivanovski

Апасиев од Москва…

Sase Ivanovski

Свежи цреши во Тинекс за само 1359 денари за килограм

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт | BM

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Виктор Грозданов и Столе Наумов

Sase Ivanovski

Филипче: Тажно е како Максо ги изневери сите тие илјадници гласачи кои се поранешни наши гласачи

Sase Ivanovski

Филипче: Очекувам за Скопје да извадиме личност со голем габарит и кредибилитет во јавноста

Sase Ivanovski

Филипче: Клиничкиот центар е тажна приказна, штета е што не испеавме како држава да изградиме нов клинички центар

Sase Ivanovski

Филипче: Единстваниот спас за македонското здравство е германскиот модел каде здравството е достапно а болниците се приватни

Sase Ivanovski

Филипче: Заев ја направи СДСМ победничка партија, јас сега гледам колкав е тоа предизвик

Sase Ivanovski

Филипче: Не верувам дека Заев и Мицкоски имаат комуникација

Sase Ivanovski

Филипче: Зоран Заев остави специфичен белег врз општеството, тој сега нема влијание врз политиките на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Визата во Дубаи ја добив затоа што требаше да работам во тамошна болница пред да станам лидер на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Апасиев: Пардон мај РАШН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трансфермаркет.мк: Македонија меѓу првите 15 земји што го воведоа УЕФА фитнес 🅰️ курсот!

Sase Ivanovski

Пукањето со огнено оружје вчеравечер во Штип било извршено од странски државјанин

Sase Ivanovski

Ново музичко патување со Индог и емисијата „Feel Good Beats“

Sase Ivanovski

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

Sase Ivanovski

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата на Црвениот плоштад

Sase Ivanovski

Жена избегала од својот дом со своите деца поради несигурност и страв при вербални и физички закани од својот сопруг

Sase Ivanovski

СЗО: 5 милиони смртни случаи на светско ниво може да се спречат со физичка активност

Sase Ivanovski

Министерот за финансии на САД тврди дека трговскиот договор со Велика Британија ќе заштити до 150.000 работни места

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан меѓусебно се обвинуваат за напади

Sase Ivanovski

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас: Трагедијата во Кочани покажа што значи европска солидарност во пракса

Sase Ivanovski

Малолетничка дала 25.000 евра на соученици за да го заштити нејзиниот брат од ќотек

Sase Ivanovski

Дезинформации на Кремљ за Втората светска војна по повод Денот на победата 9 Мај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Љутков е министер за култура и туризам

Sase Ivanovski

(ФОТО) Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова во присуство на основци од Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....