СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните
локални избори, национална казна!СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен
напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е
неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на
Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до сите: Македонија се буди, а
народот веќе не се плаши!
И тука е коренот на нивниот страв.
СДСМ не може ниту да замисли, а камо ли да организира Конгрес со над 420
делегати, со јасна национална визија и со масовна поддршка од народот.
Нивниот “конгрес” би можел да се одржи во поширока канцеларија, затоа
што вистинските социјалдемократи одамна ги нема, и народот ги напушта
засекогаш.
Тие нè напаѓаат затоа што сме гласни, храбри и исправени.
А тие не знаат поинаку освен да служат. На ДУИ. На бегалецот Артан Груби
и Васко Ковачевски, на двоецот Заев-Филипче, дечките со златни визи,
спремни за бегање.
Никој нема право да преговара за македонскиот идентитет!
Јазикот, историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ не
се предмет на преговори – тие се темелот врз кој стоиме!
Македонија ќе биде членка на ЕУ –
но не како народ без име, туку како Македонци со гордост, идентитет и
достоинство!
Нашиот пат е европски, но нашата душа е македонска!
Но, ајде да ги потсетиме граѓаните кое е навистина лицето кое стои зад
овие обвинувања.
Кој е Мартин Костовски?
Човекот што денес зборува од име на СДСМ беше директор на Службен весник
кога без потпис и спротивно на Уставот и законите го објави Законот за
употреба на јазиците, со што изврши тешко кривично дело – Злосторничко
здружување и уривање на уставниот поредок.
Исто така, без потпис од Претседателот на државата, го објави законот за
ратификација на конечната спогодба т.н. Преспански договор.
Тоа е вистинското лице на овој “патриот” кој тивко, тајно, зад грбот на
народот, ги распродаде националните интереси.
И за тоа ќе одговара!
Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не бегаме од вистината, туку се
бориме за неа.
Затоа ја предложивме и ја промовиравме НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА за
македонско национално единство – документ што ги дефинира црвените линии
на македонскиот национален интерес и повикавме сите политички партии да
ја прифатат, а тие без да ја погледнат, ја отфрлија.
Затоа им порачуваме:
Колку и да бегате од предавничката аура, предавничката кожа не се
соблекува.Вие немате ниту “П” од патриотизам.
Ниту “Д” од државност.
Ниту “Н” од национален интерес.
Движењето ЗНАМ не молчи – ние сме гласот на народот кој не може да го
купите, уцените или заплашите.
Времето на вашата лага заврши.
Времето на вистината почна.