ЗНМ стапи во комуникација со контакт лицето во МВР задолжено за напади врз новинари, каде што го пријави случајот, а пријавата е истовремено адресирана и до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.
Потсетуваме дека за случаи каде што има експлицитни закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници ЗНМ и МВР имаат протокол за соработка каде што се дефинирани практичните чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и, воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на медиумските работници.