Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, денес сум во Разловци заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински и пратеникот на Собранието на Македонија, Димитар Ковачки каде не пречека директорот на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ – Делчево, Златко Начовски.
Следната година почнуваме со целосна обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание кој е прогласен за значајно културно наследство. Целосно ќе се погрижиме за објектот и во план е поставување современа музејска поставка за што издвоивме 21 милион денари. Секој дел од поставката и секој експонат ќе биде дизајниран да ја раскажува вистината за Востанието, за храброста, жртвата и значењето на македонскиот отпор.
Со оваа инвестиција, покажуваме што значи одговорна власт: не само декларативно, туку со конкретни проекти и со дела. Овој проект претставува почит кон сите кои го положиле својот живот за Македонија, со цел да се потсетиме, да се гордееме и да изградиме држава која ги вообличува своите корени.
View this post on Instagram