18.8 C
Скопје
30/05/2025 10:14
МАКТЕЛ

     

Зошто вреди непријатниот разговор? Придобивките за менталното здравје од сеопфатното сексуално образование (ССО)

      

ССО програмите помагаат и во намалување на стапката на меѓупартнерското и сексуалното насилство и вознемирување, сексуално преносливите инфекции и прераната и/или несаканата бременост. За придобивките од сеопфатното сексуално образование (ССО) треба да дискутираме нашироко, особено сега кога знаеме дека од него има низа придобивки по менталното здравје.

За почеток, треба да се потсетиме на некои од главните придобивки на ССО. Повеќе од четири децении и еден куп истражувања потврдуваат дека ефектот од ССО е недвосмислено позитивен. Добро осмислените програми поддржуваат позитивно донесување одлуки околу сексуалното здравје. Тоа значи дека младите подоцна започнуваат со сексуалните активности, се намалува стапката на сексуално преносливи инфекции (СПИ) и ризични сексуални однесувања. Учениците и студентите кои посетуваат настава за ССО имаат помала стапка на тинејџерска бременост. Други битни фактори се и знаењата околу меѓучовечките односи. Поточно, кај учениците кои посетуваат програми за ССО има намалена стапка на меѓупартнерско и сексуално насилствовиктимизирање на лицата кои преживеале вакво насилство. Слично, со ССО се зголемува стапката на препознавање на меѓупартнерско насилство (МПН), носи зголемено знаење околу МПН што вклучува помала стапка на верување во митови околу различните типови сексуално вознемирувањеобвинување на преживеаните и на  жртвите од насилство, и други сексистички ставови.

   

Ова се само дел од  ефекти што програмите за ССО целат да ги остварат, кои треба да ги  повторуваме често, особено кога сведочиме на организирана опозиција што го пополни наративот со дисторзии и лаги,  апсолутно обратни од научниот консензус.

ССО и менталното здравје

Во Рамката за сеопфатно сексуално образование се споменуваат психо-социјални и емоционални аспекти на сексуалноста, важноста на препознавање на различни видови на насилство и вознемирување што знаеме дека може да нанесе  психо-емотивна штета. Слично, во дефиницијата на Светската здравствена организација за сексуалното здравје пишува дека тоа претставува, меѓу другото,  „ментална и социјална благосостојба во врска со сексуалноста.“ Иако едукацијата околу менталното здравје не е главниот фокус или примарна цел на ССО,  таа е составен дел од програмите на сеопфатното сексуално образование.

ССО програмите помагаат и во намалување на стапката на меѓупартнерското и сексуалното насилство и вознемирување, сексуално преносливите инфекции и прераната и/или несаканата бременост. Тоа значи дека, индиректно, помагаат во намалување на инциденцата на различни ментални растројства и потешкотии што настануваат по ваквите настани — растројства како пост-трауматско стресно растројство (ПТСР), депресијаанксиозностсуицидални мисли. Треба да се потенцира дека токму овие растројства се почесто присутни кај лица кои преживеале сексуално вознемирување и физичко насилство. Затоа, со помош на знаењата за превенција или заштита од насилство и вознемирување предвидени во ССО, стапката на меѓупартнерско насилство и вознемирување може да се намали, а со тоа и шансата преживеаните и жртвите да ги развијат гореспоменатите растројства. Но, целта на ССО не е само да превенира растројства што може негативно да влијаат во другите сфери на животот.

Неколку други помалку познати, но битни придобивки од сеопфатното сексуално образование, значително го подобруваат менталното здравје, благосостојба и желба за соживот во општество кај младите. На пример, учениците и студентите кои учествувале во ССО програма развиле подобра слика за себеси, односно се чувствувале поудобно во своето тело — особено во период кога имале нагли промени со доаѓањето на пубертетот. Слично, други истражувања покажале дека уште од млада возраст децата може ефективно да научат вештини за самоконтрола и заштита преку препознавање на ризични ситуации. Младите стекнале и вештини за подобро менаџирање со ризични и конфликтни ситуации и имале поконструктивна комуникација во одговорот на туѓиот гнев. Освен тоа имале подобрена комуникација за прашањата врзани за сексот, како и подобрен однос со родителите на оваа тема, што е клучно за нивна нормализација.

Понатаму, истражувањата покажуваат дека со програмите за ССО се намалува хомофобијата и хомофобичните ставови, се намалува силеџиството базирано на хомофобија и подготвеност да се интервенира во вакви ситуации. Односно, индиректно се развива емпатијата и чуството на правда кај овие лица. Се зголемува прифаќањето на трансродови и родово неконформирани лица и помага луѓето подобро да ја разберат родовата еднаквост, сексуалните права и да ја препознаат дискриминацијата и нееднаквоста врз основа на пол, род и сексуална ориентација. Се зголемува знаењето, свесноста и почитувањето на родовата еднаквост и сексуалните права, како и свесноста за дискриминација базирана на пол, род и  сексуална ориентација.

Важно е децата и тинејџерите да знаат дека она низ што поминуваат не е некој мистериозен феномен, туку процес во кој не секогаш родителите (и интернетот) ги имаат најточните и прецизни информации. Добро е да знаат дека постојат (какви-такви) системи на заштита каде може да се обратат за помош, и каде што ќе може да прашаат незгодни или срамни прашања.

Така, првенствено ќе се изградат заедници базирани на меѓусебна доверба. А, потоа, пополека ќе се изгради доверба во образовните реформи како ССО преку кои ќе може да се уриваат штетните предрасуди што ја поттикнуваат дискриминацијата, која и те како придонесува до влошување на менталното здравје на младите.

Системски шок

Тргајќи се на страна од истражувањата и емпиријата, пробував да си замислам како размислуваат умовите на луѓето кои се на браникот на организираниот отпор кон ССО. Се обидов да си дадам одговор преку индивидуалната, социјалната и системската перспектива, кои секако се испреплетуваат една со друга и не се заемно исклучиви.

Прво, гледајќи од индивидуална перспектива, многумина од нас уживаат во удобноста на познатото и спокојот што ни го дозволува. Најчесто се плашиме од нагли промени и работи што не ни се познати, па кога тие (неизбежно) ќе се случат, основната реакција ни е да ги тргнеме подалеку од нас. И, тоа е нормална, дури и природна реакција. Умот, човекот, има инстинкт да се заштити сам себе. Но, проблемот е кога стравот од другото или непознатото ни го заробува умот и, под влијание, се прелева во политички став. Тогаш стануваме потврдоглави и мислењата ни стануваат уште поцврсти. Стравот кај родителите, на пример, се активира кога децата учат нешто ново што нив им е делумно или целосно непознато, или за кое треба да признаат дека недоволно го познаваат.  Стравот се јавува и кога тие сфаќаат дека тоа е нешто врз кое немаат целосна контрола, поради што создаваат отпор и изјавуваат дека само тие знаат што е најдобро за нивното дете.

Од социјалната перспектива, емоцијата што информира за отпорот кон ССО е срамот, една од основните емоции која најчесто се појавува во социјални ситуации по некаква трансгресија. На пример, отворените дискусии за сексот,  родот и неконвенционалните релации меѓу луѓето предизвикуваат чувство на непријатност.  Посебно за луѓето кои пораснале во средини каде што не се зборувало отворено за нив, идејата нивните децата да учат нешто ново може да предизвика нелагодност и срам. Не може и да се изостави димензијата на срам од и за своето дете доколку на рани години тоа се здобие со некаква сексуална инфекција, забремени или отстапува од хетеронормативноста. Во оваа насока, ССО најчесто се критикува како материја која се верува дека ќе ги поткопа моралните вредности на децата, кои ќе учат нешто спротивно од традицијата и вообичаените семејните вредности.

Последна и најкомплицирана е системската перспектива, на којашто најтешко е да се даде одговор. Тоа е затоа што граѓаните имаат висок степен на недоверба во системите на социјална заштита, образовниот и здравствениот систем. Опаѓањето на квалитетот на услугите, јавните скандали, отсуството на јасна комуникација и транспарентност на институциите во Северна Македонија изминатите децении влеаја дополнителен сомнеж, апатија и цинизам дека што било квалитетно може да излезеод  овие системи. Па, скептицизмот дека токму ССО ќе биде успешна образовна реформа не е неоправдана. При ваков системски проблем, само системски отворен и транспарентен пристап може да ја врати довербата на народот.

Ова може да звучи наивно и идеалистичко, но навистина верувам дека работите можат да бидат поинакви. Да се ​​живее во постојан страв, срам или недоверба е тешко, но уште потешко е да научиме како да ги надминеме овие чувства или да научиме како да живееме со нив. Со помош на експерти од различни области, овие програми се дизајнирани на начин што ќе ги поддржува младите наместо тие да се препуштени на сами на себе и да талкаат низ, неретко, несоодветни и штети информации. Со спроведување на сеопфатно сексуално образование, можеме да им помогнеме на идните генерации да избегнат некои од замките на незнаењето и дезинформациите, така што ќе учат од нашите грешки,  додека ние научиме и да се отстраниме од стигмата.

Стара школа, нови деца

Сите горенаведени придобивки од оваа образовна реформа се причината поради која верувам во нејзе. ССО не е странска измислица, како што многумина веруваат. Нашето „сценарио“ со ССО не доаѓа од Далечниот Исток, ниту од земјите од Западот, и овие образовни програми не ни се ниту туѓи, ниту нови.

Уште во Југославија овде сме имале  програми за сексуално образование, за планирање на семејство, а постоеле и списанија како „Чик“ чии изданија биле насочени кон „сексуалното воспитување“ на младината. Генерациите коишто живееле во Југославија ги поминале овие програми и содржини,  и факт е дека веќе знаат како тие изгледаат. Тие биле сведоци на промените на ова поле низ годините. Тоа се луѓе кои ги имаат сведочено законските и уставните промени и обиди за промени кои го засегаат правото на абортусдекриминализацијата на хомосексуалноста и воведувањето на основно сексуално образование во училиштата.

Токму тие како сведоци и навигатори низ трансформативни општествени промени во своето време, се во уникатна позиција и ја имаат моќта да бидат суштински сојузници во поддршката на ваквите програми. Тие имаат доживеано промени во начинот на кој општеството се занимава со чувствителните теми, а нивните искуства можат да помогнат да се отвори патот за помладите генерации. Со други зборови, може да направиме нови интергенерациски сојужништва и, воедно, да го избегнеме токсичниот наратив дека ако не пропатат и минат низ истите потешкотии, новите генерации нема да може да успеат понатаму во животот.

Ваквата солидарност повикува на рушење на генерациските и општествените бариери и овозможува секој млад човек, без разлика на животните можности, да има пристап до образование што му дава знаење и моќ. Со активно залагање за ССО, постарите генерации можат да помогнат да се сменат структурите и интерсекциските форми на угнетување и потиштување кои продолжуваат да ја ограничуваат автономијата на младите луѓе, особено оние кои им припаѓаат на одредени  маргинализирани заедници.

Кругот можеби е тркалезен

Сојузништвото и колективната грижа еден за друг не се клучни само за создавање на поинформирана, сочувствителна иднина. Тие се важни затоа што постојат струи кои создаваат организиран отпор кон ССО, отпор којшто би рекол дека е и увезен. Во изминатите години, кога се воведуваше програмата за ССО, имаше незанемарлива стихија од дезинформации, повици за бојкот (од различни актери) па дури и директни закани врз луѓето кои храбро работат на промовирање на програмите за ССО. Токму поради тоа, сојузништвото и колективната грижа се клучни затоа што во пресрет на координираните анти-родови движења што тотално органски и дефинитивно не никнуваат под закрила на конзервативни и религиски супранационални групи, треба да знаеме како и каде може да се заштитиме и да побараме помош дури и кога системите на образование и заштита не функционираат.

Од друга страна, „случајно собраната група на загрижени родители“ не се единствен предизвик. Нефилтрираниот пристап до интернетот и особено до некои конзервативни и т.н. manosphere“ содржини се дополнителен предизвик затоа што ваквите наративи се проткајуваат кај нас во навидум лабави разговори и се шмугнуваат на задна врата.

Она што сакам да го кажам е дека секогаш ќе имам емпатија за оние кои не знаат и сакаат да дискутираат и да научат, за оние кои пробуваат да дадат смисла од овој бесмислен свет. Никогаш нема да обвинувам некого што не знае. Но, мојата емпатија завршува за оние кои не сакаат да знаат и, полошо, што го користат незнаењето како оружје против другите. Она што ми/ни останува е да промовираме вакви децидно позитивни работи кои целат да ги научат и охрабрат младите да бидат самоуверени во своите одлуки и отпорни, особено за оние кои историски биле маргинализирани.

   

Најново

Митовски: Големиот број реалицирани проекти потврда за одговорното работење на Општина Крива Паланка

Sase Ivanovski

Митовски: Општина Крива Паланка нема долгови, туку нарачки на проекти од интерес на граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: За 4 години не направив ниту едно службено патување за да не ги оштетам Скопјани, а советничка блиска до Арсовска не се симна од авион 4 години на трошок на Скопјани!

Sase Ivanovski

Филипче: Се потврди дека Мицкоски е продолжена рака на Орбан

Sase Ivanovski

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 65

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЦЕВСКИ: НЕМАМ НИКАКВА КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НИТУ СО НЕКОЈ ОД НЕГОВИОТ ТИМ

Sase Ivanovski

Калајџиев за отфленото обвинение против Христовски: Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи

Sase Ivanovski

Исчезнатиот Миле забележан на Серта: Исцрпен и ослабнат, побегнал во шумата кога му се обратиле!

Sase Ivanovski

Магистер сум по кинезиологија со чиста 10-ка. Јас сум нај образованиот шалтерски работник со инвалидитед во општина Прилеп,распореден по казна

Sase Ivanovski

СДСМ: Селективност за перење на Христовоски, сошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот сo пукањето во Тетово

Sase Ivanovski

ДАЛИ ДУИ ЈА КООРДИНИРА АКЦИЈАТА ПРОТИВ ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР?! СРНИЧКАТА СЛИКАНА СО БЛЕРИМ БЕЏЕТИ

Sase Ivanovski

Филипче најави нов кодекс за советници на СДСМ, ротација на мандатите и санкции

Sase Ivanovski

Мадрид: Муртезани на средба во шпанското МНР

Sase Ivanovski

Во Чаир активно се уништуваат докази за фалсификатите и дивоградбите – порача Арсовска и го повика Обвинителството да постапи

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?

Sase Ivanovski

Руската служба за надворешно разузнавање ја обвини Србија дека испорачува муниција во Украина

Sase Ivanovski

Денко Малески: На Зеленски му виси животот на конец 

Sase Ivanovski

Коцевски го амнестира Христовски од АНБ – Газдарицата од Пловдив ја немало, а Бојан не направил ништо со умисла за кривично дело

Sase Ivanovski

Отворање на Викендот на гордоста 2025 – ЈУГОКВИР Изложба за ПАНКОТ, СУПКУЛТУРАТА И СОЦИЈАЛИЗМОТ и симпозиум за КВИР КУЛТУРАТА, БАЛКАНОТ, ИСТОЧНА ЕВРОПА И ГЛОБАЛНИТЕ ТРАНС* ПОБУНИ

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руски дрон го погодил пристанишниот град Измаил, на границата со Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВ ПАТ ВО БИТОЛА СЕ РАСПАЃА?!?!

Sase Ivanovski

Пресврт во Италија: Конте донел конечна одлука!

Sase Ivanovski

Рубио до Муцунски: Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет проценти од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Филипче најави санкции за советниците: Дел од досегашните не си ја вршеа добро работата

Sase Ivanovski

Сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци, бара Здружението на инженери

Sase Ivanovski

Југозападна Африка ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени

Sase Ivanovski

Ќе се вработуваат 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Sase Ivanovski

Законот за локална самоуправа на пленарна седница

Sase Ivanovski

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан

Sase Ivanovski

Планот на САД предвидува 60-дневен прекин на огнот во Газа и ослободување на 28 израелски заложници

Sase Ivanovski

САД во ОН: Путин треба да го прифати предлогот за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Европа треба да го „заостри својот став“ кон Израел, ако не ја ублажи хуманитарната криза

Sase Ivanovski

Во нападите на руски беспилотни летала во Харков и Запорожје, загинаа две, а шест лица беа ранети

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд

Sase Ivanovski

Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск

Sase Ivanovski

ЦРНА ПРОГНОЗА ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Дури 7 милиони нови работни места ќе исчезнат оваа година, и за тоа само еден човек е виновен

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ РАБОТИ ПОДОЛГО ОД 8 ЧАСА? Лавина реакции за идејата да се воведе максимално неделно работно време

Sase Ivanovski

ОВДЕ Е РАЈ ЗА БАЛКАНЦИТЕ: Има одлични плати и услови за живот

Sase Ivanovski

МЛАДИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ И ПОНАТАМУ ВО ФОКУСОТ – се носи нов Закон за земјоделство, еве што е пропишано за помош во секторот

Sase Ivanovski

Сте виделе ли слики од Газа на Google maps?

Sase Ivanovski

ЏЕЈ ЗИ НАПРАВИЛ СМЕТКА ОД 90.000 ДОЛАРИ Луѓето бесни поради бакшишот од 11.000 долари, малку е!

Sase Ivanovski

СОНЦЕТО ЌЕ НÈ ПОЧЕСТИ ЗА ВИКЕНД Утре ќе има слаб дожд и многу облаци

Sase Ivanovski

ЃОКОВИЌ ПОЈАК ОД БОЛКИТЕ И ОД КОРЕНТИН МУТЕ Српскиот ас со „една нога“ го победи Французинот

Sase Ivanovski

Делови од Карпош, Центар и Ѓорче Петров во петок и до пет часа ќе немаат струја

Sase Ivanovski

Најден е тефтерот на газдата на „Пулс“ Дејан Јованов, се знае кому сè плаќал мито, откри Коцевски

Sase Ivanovski

Трипуновски тврди дека има „сериозни поместувања“ во земјоделството

Sase Ivanovski

Панчо е осомничен за пиротехниката, но во моментот нема да се води постапка за него поради неговата здравствена состојба

Sase Ivanovski

(Видео) Што кажа директорот на АНБ во интревју за „360 степени“за тоефлот од Пловдив по неговото назначување за директор на АНБ

Sase Ivanovski

Се запали локомотива на патнички воз меѓу Миравци и Смоквица

Sase Ivanovski

Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп

Sase Ivanovski

Студентите во блокада во Србија в недела на протести низ градови во целата држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Sase Ivanovski

Ова се најчестите причини зошто браковите и врските се распаѓаат

Sase Ivanovski

Вучиќ: Белград и Москва формираа работна група за извоз на муниција од Србија во Украина

Sase Ivanovski

Некои од најтоксичните предмети во домот

Sase Ivanovski

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

Sase Ivanovski

Топ-листа: 25 најдобри нудистички плажи во светот

Sase Ivanovski

Рубио на средбата со Муцунски побарал НАТО сојузниците да поддржат до пет проценти извојување од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток

Sase Ivanovski

На денешен ден пред 34 години: „Црвена ѕвезда со голот на Дарко Панчев стана шампион на Европа

Sase Ivanovski

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СКОПЈЕ 2014 … И ПОТОА“ ОД ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Поминаа 10 години од славниот „проект“ и од „револуцијата“ која сакаше да раскрсти со него

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани во Мадрид на средба со ГенСек на Меѓународна фондација за јавна администрација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците пет месеци немаат добиено плата, бараат средба со премиерот

Sase Ivanovski

Свесно ја угушил партнерката – Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци

Sase Ivanovski

Од 1 јуни венчавки ќе има во „Порта Македонија“

Sase Ivanovski

ГАШИ НА ПРВАТА ГОДИШНИНА ОД МАНДАТОТ:  СОБРАНИЕТО НЕ Е ХРАМ НА ВЛАСТА, ТУКУ ДОМ ЗА СИТЕ 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дигитално описменување на лицата од третата доба во Општина Карпош

Sase Ivanovski

Трпаноски: Организацијата на ЕП во џудо е извонредна можност за промоција на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИМА ЛИ ОД ОВА ПОГОЛЕМА ИНСПИРАЦИЈА: Девојка победи на трка без две нозе, со протези

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Владата брзо реагираше по несреќата во Кочани, финансиска поддршка за семејствата е исплатена и од Буџетот и од Црвениот крст

Sase Ivanovski

Италијанскиот амбасадор Палминтери: Верувам дека пречките помеѓу Скопје и Софија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица во која ќе гласа и дијаспората

Sase Ivanovski

Герасимовски: Се подготвувам за втор мандат, имаме одличен план и програма

Sase Ivanovski

Сте виделе ли слики од Газа на Google maps?

Sase Ivanovski

Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово в сабота без вода поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Ристески: Со Оперативниот план за активни програми за вработување годинава ќе опфатиме повеќе од 16.000 лица, годинава фокусот е на младите лица

Sase Ivanovski

Затвореници од струмичкиот затвор отидоа во театар, ја проследија комедијата „Стилист“

Sase Ivanovski

Спасовски: Дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Чаир?

Sase Ivanovski
Вчитувам....