Две лица кои управувале со автомобилите марка „опел“ и „пасат“ попладнево загинале во сообраќајка, која се случила на магистралниот пат Радовиш-Штип, информира СВР Струмица.
Сопатничката од едното возило е повредена и е пренесена во штипската болница.Од фотографијата која ја објави порталот „Струмица денес“ се гледа дека едниот од автомобилите е целосно уништен. Неговиот преден дел има сериозни оштетувања, а згмечена е и возачката страна на автомобилот.
Според фотографијата, на местото на настанот помош укажале и оние кои со возила се движеле по овој магистрален пат.Во моментов сообраќајот на овој дел се одвива по стариот пат.Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип.Според информациите добиени од СВР Струмица, полицијата повеќе детали за несреќата најавува во текот на утрешниот ден.Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител.