9.8 C
Скопје
18/05/2024 06:29
МАКТЕЛ

  

     

 

Зошто масовните убиства не ја променија Србија?

      

Во таа среда во Белград луѓето тивко чекореа и гласно воздивнуваа. Пред основното училиште „Владислав Рибникар“ насобрани многубројни новинари, а набргу и луѓе кои дојдоа да се простат од настраданите. Два дена подоцна, околу училиштето имаше бари од исушен восок и секоја педа од оградата беше обложена со цвеќиња и детски кадифени играчки. Земјата во шок тогаш доживеа уште еден потрес, масовно убиство во Мало Орашје и Дубона. Црниот биланс од две дивеење за два дена броеше деветнаесет згаснати животи, главно деца и млади луѓе. Вакви случаи се релативно ретки во Србија. Момчето убиец од „Рибникар“ дури е забележан и како најсмртоносниот убиец помлад од 14 години во целиот свет.

Пропуштени шанси

   

Една година подоцна, животот продолжи. Но како? Психологот Тамара Џамоња Игњатовиќ, која будно ги следела случаите, вели дека е „нормално, човечки и неопходно“  животот да продолжи и по големи трагедии.  Но, пред тоа треба да си ја завршите домашната задача. „Трагедијата нѐ потресе  и нѐ збуни, а потоа почнавме да го продолжуваме нашиот неорганизиран живот“, вели таа за ДВ. „Ако сакаме да направиме чекор напред, тогаш треба добро да се позиционираме во однос на она што се случува. Да го испланираме следниот чекор за жртвите да бидат почитувани, а другите да се чувствуваат безбедни и сигурни. Тие темели не беа доволно силни“.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ
Претседателот на Србија Александар Вучиќ веднаш имаше „список на мерки“Фотографија: Darko Vojinovic/AP Photo/picture alliance

 

Раскажува за институциите кои не биле подготвени за вакви ситуации. Претседателот Александар Вучиќ на денот на масакрот во „Рибникар“ се појави пред новинарите со веќе спремен „список на мерки“. Неодамна Белградскиот центар за човекови права во анализа откри дека единствена успешна мерка беше  разоружувањето на граѓаните – трагедиите ги натераа некои луѓе да се преиспитаат дали им е потребен  нелегален пиштол или пушка  во нивниот дом. Во училиштата се испратени полициски службеници. Прво брзоплето беше одлучено  децата во „Рибникар“  да се вратат на училиште, а потоа учебната година одеднаш да заврши порано – за сите училишта. Според негово признание, таа одлука ја донел Вучиќ, погоден од разговор со родители кои ги загубиле децата во „Рибникар“. Џамоња Игњатовиќ вели дека мешањето на претседателот во мерките довело до судир со препораките на експертите. А кога веќе ќе донесе одлука, тогаш сите други не можат ништо“, вели оваа професорка на Филозофскиот факултет. Како што изјави за ДВ Дејан Илиќ, уредник на „Фабрика на книги”, трагедијата природно ги потресе и луѓето од власта на човечко ниво и властите никако не може директно да се обвинуваат. „Но, тие едноставно имаат свои приоритети“, вели Илиќ. „Ми се чини дека единствената мисла на режимот беше како да не влијае на нив и како да ја избегне одговорноста. Така проблемот се турка под тепих“.

Политика секогаш и секаде

   

     

Единствена политичка  последица од злосторството  беше оставката на тогашниот министер за образование Бранко Ружиќ. Ружиќ претходно ги обвини „западните вредности“ и видео игрите за злосторството во училиштето. Други, пак, тврдеа дека е виновна атмосферата во која, на пример, е можен мурал посветен на злосторникот Ратко Младиќ недалеку од училиштето во Врачар.

 „Србија против насилството“ Белград
Масовни протести „Србија против насилството“ во БелградФотографија: Zorana Jevtic/REUTERS

Опозицијата побара оставка од министерот за полиција и други. Властите со сите сили возвраќаше на критичарите, обвинувајќи ги дека се „хиени“ кои се радуваат на несреќа зашто добиваат политички поени. Впрочем, само два дена по „Рибникар“ и додека сè уште пристигнуваа вести од селата во Младеновац, новинарот Момир Турудиќ за ДВ изјави: „Наместо тивко да тагуваме, гледаме агресија и дека повторно се играат политички игрички“. Во оваа атмосфера, речиси може да се предвиди дека некои ќе ги впрегнат трагедиите за политички цели“. Првите протести кои ќе прераснат во „Србија против насилството“ беа тивки, како траорни поворки. За неколку недели ќе станат најмасовните демонстрации во Србија од 5-ти октомври. Зошто протестира, ја праша репортер на ДВ една трудница на улиците во Белград. Бидејќи сè тргна наопаку, рече таа. „Сѐ. Правосудството. Сочувството. Сѐ. Мораме конечно да направиме нешто“.

Чувството дека нешто мора да се направи е формулирано во неколку барања. Покрај смената на министрите и првиот човек на БИА, имаше и барања за смени во јавниот сервис, во РЕМ, повлекување на националните фреквенции на телевизиите Хепи и Пинк и забрана на реалните шоуа. Сите барања се игнорирани. Родителите на Ана Божовиќ, една од жртвите од „Рибникар“, споделуваат впечаток дека работите се турнати под тепих. Како што изјавија за неделникот „Време“ во декември, гледаат поголема одговорност кај властите, но и обвинуваат дека опозицијата се обидува да ги „вовлече“ во политичката приказна. „Мојот главен впечаток е дека на 3 мај сите само извикуваа ‘не, јас не сум виновен’. Сите решија дека е подобро да се држат настрана, бидејќи ако ни пријдат нешто ќе се потврди – не знам ни што. Како сите да бегаа од нас. Се најдовме во ситуација да изгубиме дете. Дете. На училиште. И тогаш сите се однесуваат со нас како да сме некои, не знам, некои ‘шугави’, никој не сака да ви пријде“, изјави тогаш Нинела Радичевиќ, мајката на Ана.

Испробана тактика

Иако никој не кажа директно, власта се чувствуваше нападната и за самите трагедии, како таа да го повлекла чкрапалото. Во согласност со тоа, Вучиќ свика состанок на СНС во Белград на крајот на мај. Врнеше и луѓето донесени со автобуси брзо се разбегаа. Критичарите на власта го оценија тоа како апсурдно – контра митинг на протестите против насилството. „Се подразбира дека владата не беше директно виновна за тоа што се случи“, вели Тамара Џамоња Игњатовиќ за ДВ. „Но, владата е составена од институции, а состојбата во институциите е последица на таа влада. Да речеме, ако немате добро организирано Министерство за образование, се разбира дека не реагира како што треба”. „Втората порака на властите е пак дека знаат сѐ, дека Вучиќ умее сѐ и сѐ зависи од него, дека има способност да ги носи најтешките одлуки во најтешките моменти. Контрола, моќта и бегање од одговорност не одат заедно. Ако сакате апсолутна власт, тогаш сте одговорни за сѐ“, заклучува нашата соговорничка, една од потписниците на ПроГлас пред декемвриските избори.

Дубона по масовното убиство, Србија
Акција на полицијата во Дубона по масовното убиство, СрбијаФотографија: Antonio Bronic/REUTERS

После тоа, власта се врати на испробаната тактика – остави протестите да згаснат. Уште еднаш се докажа дека никакви прошетки не траат вечно. Запрашан дали има нешто позитивно во настаните по двете масовни злосторства, Дејан Илиќ без двоумење вели дека тоа е реакцијата на луѓето. Излегувањето на улица, формулирање барања, политичко единство на опозицијата (кое траеше до пред некој ден). „Беше покажано сочувство, подготвеност да се направи нешто. Тоа беа добри знаци“, вели Илиќ. Тој посебно ги обвинува властите што родителите на децата од „Рибникар“ до ден денес останале поделени околу тоа дали да одат или не во тоа училиште и во таа зграда или како и каде да се изгради меморијален центар.

И што сега

Една година подоцна, малолетниот убиец К.К е во детска психијатриска клиника, а се подготвува закон со кој евентуално никогаш нема да излезе од таму. Неговите родители се на суд, неговиот татко се соочува со дванаесет, а неговата мајка две години затвор. За дваесетина дена ќе започне судењето на Урош Б., кој убиваше во селата кај Младеновац. Како на помлад полнолетник, му се заканува максимална затворска казна од дваесет години. Истата се бара и за неговиот татко затоа што имал пиштол во куќата. Песимистите веруваат дека затворските казни ќе бидат единствената последица на 3 и 4 мај 2023 година. И дека општество ништо не научи. Кои беа воопшто шансите? Дејан Илиќ заклучува: „Имавме ли луѓе кои би можеле да се справат со таа ситуација? Да. Да беше до тие луѓе, шансите ќе беа солидни. Но, под овој режим, беа никакви”. Има, додава тој, психолошко објаснување зошто општествата се враќаат во рутина и зошто е така полесно. „Но, нашата рутина е очајна. Требаше да излеземе од неа”.(dw)

    

Најново

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Проблематизирање на спогодбата со Грција

Sase Ivanovski

Во име на „Македонија“: повторно распламтен стариот спор

Sase Ivanovski

Приведен бегалец: осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур на сесијата на Комитетот на министри на Совет на Европа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Илијевски: Резолуцијата за Сребреница го става на испит македонско-српско пријателство

Sase Ivanovski

(ФОТО) Бејби Лазања ја одби наградата од 50.000 евра: Му предложи на Пленковиќ каде да ги донира парите

Sase Ivanovski

Мицкоски го повикува Мицотакис да го срушат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Истекнати права на гордост

Sase Ivanovski

Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Sase Ivanovski

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Sase Ivanovski

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Sase Ivanovski

Претседателскиот мандат не е за нови внатрешни и регионални поделби и за изолација на земјата

Sase Ivanovski

Демократијата во опасност

Sase Ivanovski

Добро утро, Македонијо, првите 100 дена на реалност или фантазија?

Sase Ivanovski

Ѓузелов: Нереално е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи Договорот од Преспа и ќе го врати старото име

Sase Ivanovski

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Sase Ivanovski

Столе Димитриевски стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо

Sase Ivanovski

Мис Америка се откажа од титулата поради „менталното здравје“: Крунисана нова убавица на нејзино место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада

Sase Ivanovski
Вчитувам....