17.8 C
Скопје
10/05/2025 18:30
МАКТЕЛ

     

Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е анти-национална и стана ‚‚тажната приказна” на Балканот

      

Се потврдува, драги мои, идејата која сме ја повторувале многу пати, дека ВМРО-ДПМНЕ нема надворешна политика ниту било кога имало. Таа партија, независно од изборната поддршка, паразитира врз политиките на македонските леви и центристички партии од осамостојувањето до денес и само прашање е нивото и длабочината на штетата и срамот, понижувањето и подбивот до кој ќе ја донесе државата во својата неспособност, тотално аутсајдерство и незнаење. На ова место секогаш се надоврзуваат конспиративните погледи (кои веќе и не се толку конспиративни) дека таа и таква политика на обезглавување на Македонија е сепак свесна политика на оваа партија со која понижената, исфрлена на маргините Македонија во Регионот, Европа и светот останува неинтересна за никого освен за крчмење и глодање на настрвената дпмневска булумента во внатрешната политика или како и да се вика таквата општа ентропија.

Треба да ти недостасува сериозно нешто да дозволиш земјата да ти пропадне на овој начин пред твоите очи и за време на твоето ‚‚владеење”: од земја лидер на Балканот во неколку наврати во реформите и евроинтеграциите; од лидер во инклузивноста на една сложена, да не кажам херојска мултикултурна демократија и решавање на конфликти и спорови со соседите и внатре кај себе; од земја која се наметна како лидер од Балканот во меѓународните организации со нивото на заштита на човековите и малцински права, правата на ранливите групи и политиките на преговарање; отвореност кон меката експертска помош однадвор ( САД и ЕУ најчесто); од земја чии внатрешни и договори со соседите се нудеа како модели за пошироко решавање на конфликтите во Регионот и Европа – да ја дотераш земјата да биде означена како една од ‚‚тажните приказни на Балканот” значи дека оваа партија има сериозна ДНК грешка во себеспознанието и нејзините влади се постојано анти-национални чинители. Такви ќе останат запаметени што и да се обидуваат да сторат со евтините пропагандистички машинерии кои ги злоупотребуваат. Една од таквите пропагандни злоупотреби е постојано да отфрлаат од себе одговорност за дебаклот кој и го сторија и го прават на Македонија и да обвинуваат други.

   

Најчесто политичари кои завршиле најголема работа за земјата на тој план како Глигоров, Заев и сл. Нив да ги држат како репер на наводната ‚‚понижувачка” надворешна политика наспроти дпмневската, која веројатно ја ценат како ‚‚достоинствена”? Не знам дали разбирате дека не можете да оцените нешто како достоинствено ако тоа нешто не постои, го нема ! Вашето ‚‚што-и-да-е” во надворешната политика доби толку срамни оценки и понижувања, толку ниски рангирања, дисквалификации и грофтачки пропаѓања – што само во последната биртија на мариовскине села, запиени вмровци можат да пеат нешто како ‚‚ им ебавме мајката на сите самозапалувајки ја Македонија … и сл. теми од нашиот бит . ДПМНЕ е катастрофа на еден посебен начин: имено тоа е партија-актер со потисната вина за обидот за “државен удар на 27 Април” и насилството во обидот за спречување на демократската транзиција на власта. Нивни функционери беа обвинети, некои осудени, а некои членови и симпатизери лежат затвор сè уште. Таа вина трансферира во агресија кон симболите на тој фундаментален грев во демократијата (пред сè Заев , кој со сите негови “одозгора на тога” за нив е ‚‚Кип слободе у Њујоршкој луци” што би рекол Алан Форд) во обид да се прецрта историјата, белото да се направи црно, демократите да се сторат предавници, одговорните политичари и воедно вистинските патриоти да се престорат понижени мивки пред светот. Секоја изјава од посети во странство кои се во основа празни и ја оцртуваат единствено Орбано-Вучиќевата фасцинација на Лидерот, завршуваат со психијатриски изјави кои го искажуваат тој вина-грев бином: бидете спокојни ние достоинствено Ве претставуваме, жестоко се бориме ???? и слични греоти!

ДПМНЕ стојат во депресија/агресија пред сртовите и темелите на надворешната политика на Македонија, нејзиниот Ерос кого го сторија принципите втемелени и реализирани од неколку политичари (учествуваме повеќе, но не со иста тежина ) меѓу кои клучни се Глигоров, на почетоците и подоцна на истата линија Трајковски и Заев во финалето или претфиналето на Македонското внатрешно и регионално/интернационално ослободување од вистинските “пранги” на конфликти, спорови, не препознавање и невидливост (мирно осамостојување, влез во ООН, Охридски договор, договори со соседите Преспа и сл, НАТО членство и процес кон ЕУ членство). ДПМНЕ е ИД-от на тој Ерос на политиката , неговата дупка, забрефтано ништо. Барем да беше некој Дионис на таа политика, што Љупчо Георгиевски во краток блесок ветуваше. Но не, сепак премногу вистини беа на страна на политиката на големиот политички параход – Глигоров, со сите негови мани и компромиси. Не може да се разбере како интергалактички глупаво Владата на ДПМНЕ ја здроби работата со Бугарија, давајќи и на Македонија автогол со пета, ако не се земе предвид оваа методологија на неправење/немање ништо освен грев/вина/агресија пристап! За верување е Борисов, како познат бодигард, кој може да оцени опасност од налет на куршуми од глупости и да не остане во сала да ги слуша.

Невозможно е да се разбере како некој со минимална памет и не-дај-боже национален инстикт – не може да сфати што значи да го сториш бугарскиот народ малцинство во својот Устав и конечно и неповратно да го решиш нивното напаѓање дека сме ист народ во две држави(???) И тоа замислете Бугарите сами тоа го прифаќаат како задоволително решение во т.н.Француски предлог (или други им го скроиле не е сега важно воопшто): дека се малцинство (и тоа маргинално по пописот) кај друг народ кој е различен од нив и е мнозински во својата држава. Алооо, ниту најглупавата конспирација не може да ја оправда или надвладее оваа неумитна логика на триумф на ‚‚Македонизмот” кој ДПМНЕ го испушти/упропасти .

Сепак се покажува дека има таква хтонска , мракобесна глупост: вмровската самоубиствена логика за пропаѓање низ патриотски ора и песни што ни ја направија наша судбина. Лидерството наводно заклучило да не се споменува “Бугарите во Уставот” бидејки ќе изгубеле 200.000 гласа, бидејки 82% од Македонците биле против. Во теоријата на забеганиот националистички популизам тоа се нарекува синдром на ‚‚јавање на змеј‚‚: можеш да се качиш на грбот на ѕверот кога спие, но кога ќе се разбуди ке одиш/леташ кај што оди/лета тој, не можеш да се симнеш од неговиот грб бидејќи ќе бидеш изеден. А тоа во конкретниов случај значи: не го подигај туку контролирај го национализмот и националните омрази кон Бугарите (ДПМНЕ ги подигна на најсилно за да ги победи СДСМ), сега не може да го контролира националистичкиот сентимент (колку ирационален тој да е) бидејки ќе изгубел гласови. Ете, драги мои, тоа е таа глупава политика или таква која не знае да се води. Тоа е таа разлика од моќни лидери и политичари со само – одговорност и визија од други, кои Србите ги викаат ‚‚сецикеси‚‚!

Љубомир Фрчкоски

   

Најново

Kај Сити мол 19 годишно момче прегазил девојка -пешак која е хоспитализирана во „8 Септември “

Sase Ivanovski

Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

Sase Ivanovski

Јаневска: Нема упис на првачиња надвор од реон без оправдана причина

Sase Ivanovski

Откако ѝ беше одземен синот, мајката Спасеска нема добиено решение кога и како ќе го гледа

Sase Ivanovski

ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА, НО, И КАКО ДОЛГ КОН ИСТОРИЈАТА!

Sase Ivanovski

ТУЃИНАТА ПУСТА ДА ОСТАНЕ, ПУСТА ОСТАНА МАКЕДОНИЈА – Ангелов, Кајтази, Китанов-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Стефан Андоновски во „Каде се парите“ отворено: „Министерството за економија беше најкорумпирано место во државата!“

Sase Ivanovski

Со вреќи во рацете, отпад собираа претседателката Гордана Силјановска Давкова, министерот за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски

Sase Ivanovski

Ќе и плаќаме на грчка фирма 30.000 евра месечно уште 14 години за закуп на капацитет за гаш што не го користиме

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар стана дел од мапата на највозбудливите автомобилски дестинации во Европа

Sase Ivanovski

Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС

Sase Ivanovski

Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа уште еден приемен ден со граѓаните

Sase Ivanovski

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Sase Ivanovski

Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Владата ги укинува меѓународните јазични сертификати за да ги легализира фалсификуваните дипломи, обвинува Левица

Sase Ivanovski

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца. Имате ли срце?

Sase Ivanovski

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор: „Ќе продолжиме се додека не ни се вратат договорите за работа“

Sase Ivanovski

Биткоинот повторно силен – достигна вредност над 103.000 долари

Sase Ivanovski

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Sase Ivanovski

Мелони: Неопходно е итно триесетдневно примирје во Украина

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Sase Ivanovski

Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

Sase Ivanovski

Политико: Трамп учествувал на само 12 разузнавачки брифинзи од почетокот на мандатот

Sase Ivanovski

24-годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА МЕСТО СО 7000 СКАЛИ КОИ СЕ КАЧУВААТ 5 ЧАСА

Sase Ivanovski

Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

Sase Ivanovski

Трамп објави дека Индија и Пакистан прогласиле мир

Sase Ivanovski

Пред споменикот на Горан Стојменовиќ се одбележа 10 години од „Диво Насеље“

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче

Sase Ivanovski

Уапсен маж од тетовско баран со потерница

Sase Ivanovski

Тажна вест од Србија: На 39 години почина поранешен кошаркарски репрезентативец

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе има многу поостри санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во фабрика за хемиски производи во Барселона создаде токсичен облак

Sase Ivanovski

Левица: Владата ги укинува задолжителните меѓународни јазични сертификати за избор на директори

Sase Ivanovski

НАД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ, ЗАШТИТЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА КОЈ СО ГОДИНИ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ

Sase Ivanovski

Тошковски за убиството во Штип: Полицијата делуваше ефикасно, во тек се сослушувања на сведоци

Sase Ivanovski

Балканските земји се соочуваат со огромен дефицит на работници пред летната сезона

Sase Ivanovski

Триесетдневен притвор за петтемина осомничени за убиството во Штип

Sase Ivanovski

Иран ќе и достави на Русија ракетни лансери со краток дострел „Фатх-360“

Sase Ivanovski

Ѓуриќ: Александар Вучиќ нема да се соочи со ЕУ санкции поради посетата на Москва

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Гостиварско кој возел автомобил со 2.17 промили алхокол во крвта

Sase Ivanovski

Уапсен стружанец кој пијан возел мотор и излетал од патот

Sase Ivanovski

САД и Кина во Женева ќе преговараат за намалување на царините

Sase Ivanovski

Гест на голем клуб: Ал-Келаифи подготвил специјално изненадување за сите вработени во ПСЖ

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: По улиците, време е и за „чистење“ на општините од фосилите на ДУИ

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Граѓаните се жалат на недоставените фактури и на сумите на сметките за струја

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Макрон, Мерц, Туск и Стармер вчера отпатуваа во Киев во знак на поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Во Скопје утре се врши авионско попрскување против комарци

Sase Ivanovski

Отворена истрага против петмина за убиството во кафе-барот во Штип

Sase Ivanovski

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!

Sase Ivanovski

Санаториумот Дружба на архитектот Игор Василевски, со поглед на Црното Море во Јалта, Украина, е иконски пример на советскиот брутализам

Sase Ivanovski

Агелер: Честитки до нашата колешка Ивана Китановиќ за победничкиот дизајн „The Infinite Wave“

Sase Ivanovski

Новата социјална населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз ќе ослободи простор за 33.000 квадрати зелена површина за нов парк во Струмица…

Sase Ivanovski

Најплатениот комичар во светот вели дека мора да го прифатите одбивањето ако сакате да бидете успешни: „Тоа би требало да биде тешко“

Sase Ivanovski

Фотоволтаиците прават проблем во Македонија?! Минатиот викенд бил избегнат колапс на македонскиот електросистем

Sase Ivanovski

Апасиев од Москва…

Sase Ivanovski

Свежи цреши во Тинекс за само 1359 денари за килограм

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт | BM

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Виктор Грозданов и Столе Наумов

Sase Ivanovski

Филипче: Тажно е како Максо ги изневери сите тие илјадници гласачи кои се поранешни наши гласачи

Sase Ivanovski

Филипче: Очекувам за Скопје да извадиме личност со голем габарит и кредибилитет во јавноста

Sase Ivanovski

Филипче: Клиничкиот центар е тажна приказна, штета е што не испеавме како држава да изградиме нов клинички центар

Sase Ivanovski

Филипче: Единстваниот спас за македонското здравство е германскиот модел каде здравството е достапно а болниците се приватни

Sase Ivanovski

Филипче: Заев ја направи СДСМ победничка партија, јас сега гледам колкав е тоа предизвик

Sase Ivanovski

Филипче: Не верувам дека Заев и Мицкоски имаат комуникација

Sase Ivanovski

Филипче: Зоран Заев остави специфичен белег врз општеството, тој сега нема влијание врз политиките на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Визата во Дубаи ја добив затоа што требаше да работам во тамошна болница пред да станам лидер на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Апасиев: Пардон мај РАШН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трансфермаркет.мк: Македонија меѓу првите 15 земји што го воведоа УЕФА фитнес 🅰️ курсот!

Sase Ivanovski

Пукањето со огнено оружје вчеравечер во Штип било извршено од странски државјанин

Sase Ivanovski

Ново музичко патување со Индог и емисијата „Feel Good Beats“

Sase Ivanovski

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

Sase Ivanovski
Вчитувам....