Откако Иран одговори на нападот на Израел, израелската војска (ИДФ) забрани споделување фотографии и видеа од паѓање ракети.
Израелската армија изјави дека објавувањето на материјалот „му помага на непријателот“
„Важно известување! Дали ги споделивте локациите на ракетите или сликите од погодените области? Му помогнавте на непријателот! Одговорноста е во наши раце, ние не ги откриваме локациите на ракетите!“ се вели во предупредувањето што го објавува секојдневно ИДФ.
За потсетување, конфликтот ескалираше откако Израел ја започна „Операцијата Рајзинг Лав“ во петокот – серија воздушни и ударни акции насочени кон иранските нуклеарни објекти, воени инсталации и високи лидери на ИРГК, вклучувајќи клучни научници и генерали.Иран брзо одговори истиот ден со масовно лансирање балистички ракети и беспилотни летала – нарекувајќи ја операцијата „Вистинско ветување 3“ – погодувајќи цели во Тел Авив, Ерусалим и северен Израел.