Еуростандард банка се затвори во август 2020 година. Во февруари 2021 година Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела: предизвикување стечај на банката и перење пари и други приноси од казниво дело. И после пет години од затворањето на Еуростандард банка уште не се знае кој се учествувал во организираниот криминал со којшто се украдоа милиони евра од депозитите во банката, а уште помалку се знае дали некој ќе одговара.
Од тоа што е познато, раководните лица кои се осомничени за организираниот криминал во Еуростандард банка се потписници на одлуките и налозите со кои масовно се одобрувале кредити кои не можат да се наплатат. Така и почнал криминалот. Парите од депозитите исчезнале со потписи на раководните лица во банката. Никој друг освен тие не можеле да одобрат доделување на кредити кои не можат да се вратат. А освен одобрувањето на неповратни кредити кои го предизвикале стечајот на банката, се переле и пари во милионски суми преку трансакции со нерезидентни клиенти од Венецуела.
Зошто Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не донесе одлука за понатамошно постапување од спроведената истрага? До кога ќе трае молкот на обвинителството?