Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен во финалниот меч на фјучрс турнирот ИТФ М15 Опатија откако денеска загуби од првиот носител Хрватот Лука Микрут со 2-0 во сетови (6-3, 7-6) за еден час и 56 минути игра. Поразот значи и крај на серијата од седум победи на Ивановски, откако на турнирот имаше три меча (три победи) во квалификациите и уште пет меча на главниот турнир (четири победи). На патот до финалето македонскиот тенисер оствари и три победи над носителите меѓу кои и победникот на претходниот турнир од Истарска ривијера (Вјачеслав Биелински).
За Ивановски ова беше деветто финале, а има пет турнириски победи (Монастир, Ираклион, Мадрид – 2022 година, Скопје и Крамсах – 2024 година). Инаку, Ивановски во 2024 година поради повреда пропушти најголем дел од сезоната. ИТФ фјучрсот во Опатија беше дел од 53.то издание на „Истарска ривијера“.