11 C
Скопје
20/05/2025 00:53
МАКТЕЛ

     

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

      

Ако го земеме примерот на Шведска, нешто повеќе од половина од возачите на автобуси и трамваи во земјата се родени во странство, а и една третина од медицинските сестри се имигранти. Статистиката покажува слична мигрантска „преплавеност“ и во низа други професии. Шведска едноставно не може да функционира без имиграција. Германија, како што во неколку наврати најави канцеларот Мерц, ги заостри граничните контроли за да го намали бројот на баратели на азил кои доаѓаат во земјата. Од пред една недела германската гранична полиција беше засилена со дополнителни 3.000 полицајци со задача да ги запрат барателите на азил на границите. Влез треба да им се дозволи само на особено ранливите групи. Неколку соседни земји ја критикуваа Германија за заострените контроли. Сепак, според германската агенција за миграција, бројот на баратели на азил е само маргинално намален во текот на првата недела од воведувањето на новите мерки.

Повеќе влади во Европа, во добар дел под силен притисок на екстремната десница, се чини се натпреваруваат кој ќе успее да спроведе поостри и поефикасни мерки за драстично намалување на миграцијата. Британскиот премиер Стармер беше изложен на сериозни критики откако истапи во јавноста со изјава дека Велика Британија ризикува да се претвори во „остров на странци“. Стармер притоа ја претстави новата миграциска политика на земјата, која во однос на неговите лабуристи претставува свртување за 180 степени. Не е случајно што британскиот премиер сега зазема цврст став. Прашањата поврзани со миграциите се на врвот на листата на приоритети на британските гласачи, а речиси 60 отсто од нив веруваат дека имиграцијата е премногу висока.

   

Критичарите, посебно неколкумина пратеници од Лабуристичката партија, ја нарекоа реториката на Стармер „срамна“ и „опасна“, поврзувајќи ги неговите зборови со екстремно десничарскиот вокабулар. Поради ваквите пораки, обмислени како оправдување на заострените антимигрантски мерки за да се спречи претворање во „остров на странци“, многумина во Лабуристичкото движење, како што се укажува, се чувствуваат изгубено. Исто како и социјалдемократите во Шведска и во некои други европски земји, британските лабуристи со децении се обидуваа да бидат партија на имигрантите и против структурниот расизам и заговарање ригидни националистички идеи. Ова не се однесува само на самиот партиски лидер Стармер. Весникот „Дејли телеграф“ ги ископа и ги разоткри неговите претходни изјави, во кои тој долго време се профилираше како бранител на слободното движење и до пред само пет години се спротивставуваше на депортациите на криминалци со странско потекло. Сега сака да се профилира како тврдокорен и непопустлив во однос на миграциското прашање. Но, градењето на имиџот за кој се залага, не може да се оттргне од впечатокот дека настапува како политичар кој се прилагодува на јавното мислење.

Во Шведска, нарочно по изборите во 2022 година, социјалдемократите ја заострија реторика, но и политиката околу мигрантските прашања. Сепак, наглото свртување на лабуристите во Велика Британија одразува пошироко поставено прашање, со кое се борат и социјалдемократите во Шведска: колку е, всушност, веродостоен целосниот пресврт во миграциската политика, имајќи ги предвид фактите кои зборуваат за нешто друго и укажуваат на неопходност на мигрантските прашања да се гледа и од поинаква перспектива? Доселувањето мигранти е најзначајниот фактор што влијае врз порастот на населението и економската динамика во ЕУ. Без прилив на нови мигранти, населението на Унијата значајно би се намалувало. Порастот на мигранти во ЕУ во целина во последните две децении бил петпати поголем од бројките што произлегуваат од разликата помеѓу родени и умрени. Недостиг од работна сила во моментов владее во голем број сектори во речиси сите земји членки на ЕУ. Токму затоа Европската комисија неретко нагласува дека на ЕУ ѝ е силно потребна имиграција на работници, а за што е неопходно олеснување на законската регулатива, со напоредно засилување на заштитата на работниците од експлоатација и натамошно подобрување на мобилноста внатре во Унијата. Во спротивно, без прилив на работна сила, ќе запрат економските тркала на ЕУ.

Во ЕУ моментно се силно намалени можностите да се бара и добие азил или работна дозвола, но малку нешта укажуваат дека селењето на работна сила ќе се намалува во догледна иднина. Гледано низ подолгорочна перспектива, таквиот развој не е одржлив. Во исто време неизбежен факт е и тоа дека повеќе источноевропски земји со драстично намалено население се соочуваат со недостиг од образувана работна сила во продуктивна возраст. Како што се забележува во овој контекст, на германските и шведските градилишта сè почесто се зборува полски, а на полските пак украински. Мигрантскиот синџир така добива форма. Упатените познавачи на состојбите укажуваат дека на ЕУ ѝ недостасува политика чија цел ќе биде да им се овозможи на луѓето да останат да живеат во своите земји, без да чувствуваат егзистенцијална принуда да се иселуваат. ЕУ всушност има значајна моќ и влијание врз економската политика на земјите членки, но таа политика е слепа за социјалните последици што се создаваат врз база на нерамномерниот регионален развој. Преку 22 милиони луѓе од разни земји надвор од ЕУ се населени во Унијата, што одговара на околу 5 проценти од нејзиното вкупно население. На годишно ниво на подрачјето на Унијата се вселуваат околу 3 милиони мигранти преку легални патишта.

Ако го земеме примерот на Шведска, нешто повеќе од половина од возачите на автобуси и трамваи во земјата се родени во странство, а и една третина од медицинските сестри се имигранти. Статистиката покажува слична мигрантска „преплавеност“ и во низа други професии. Шведска едноставно не може да функционира без имиграција. Неспорна вистина е дека имиграцијата историски значајно ја збогатила не само Шведска, туку и голем број други западноевропски земји. Истото важи и за имиграцијата денес, иако политичките заложби и општествената клима околу миграциите драстично се менуваат. Токму затоа, прашањето за тоа колку е веродостојно драстичното заострување на антимигрантската политика во голем број земји во Европа, всушност не може да се одвои од предупредувањата дека иднанината на таквите заложби може да заврши во ќорсокак со контрапродуктивен бумеранг ефект. Или, пак, постојаното ставање бариери на мигрантските патишта, најпосле како сизифовски камен безнадежно и незапирливо ќе се стркала наназад.

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski

Руди Лазаревски: За година и пол од денес Црна Гора и Албанија ќе станат нови членки на ЕУ според Макрон.Како и кога ние?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....