12.8 C
Скопје
28/05/2025 22:57
МАКТЕЛ

     

Ивица Челиковиќ: ЕУ како поле за културен натпревар

      

Доколку ЕУ во поширока смисла би ја сфатиле и како „поле за културен натпревар меѓу народите“, за Албанија тоа значи дека нејзиниот европски пат сега се движи во таа насока, а за Македонија и понатаму се избираат утешни дипломатски зборови за поддршка на нејзиниот веќе дводеценски стар кандидатски статус. Албанија успеа да се „одлепи“ од Македонија и да го забрза чекорењето на патот кон Брисел. ЕУ и Албанија минатата недела отворија нов преговарачки кластер во процесот на пристапување на земјата во Унијата. Во рамките на постепеното приспособување на законите и на регулативата кон европските стандарди, една од важните области опфатени со овој кластер е и културата и образованието. Доколку ЕУ во поширока смисла би ја сфатиле и како „поле за културен натпревар меѓу народите“, за Албанија, некогаш најзатворената држава во Европа, тоа значи дека нејзиниот европски пат сега се движи во таа насока.

Европскиот пат на Македонија е сè уште блокиран, далеку помалку по сопствена вина, и многу повеќе поради децениските билатерални спорови и политички уцени за изнудување отстапки на штета на сопствениот национален, јазичен и културен идентитет, кои немаат директна врска со суштинските критериуми за членство. Значи, истите оние добро познати Копенхашки критериуми, кои Брисел упорно им ги поттура на земјите кандидатки на преговарачката маса. Албанија веќе наголемо ги отвора преговарачките кластери, а за Македонија и понатаму се избираат утешни дипломатски зборови за поддршка на нејзиниот веќе дводеценски стар кандидатски статус. „Работиме на механизми за деблокада на евроинтегративниот процес на Македонија“, изјави деновиве во Скопје Каја Калас, уште една во долгата низа високи бриселски претставници што се занимавале со континуираното ставање бариери на европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

   

Во европските интеграции и доближувања, културата и културната дипломатија несомнено имаат големо значење. Токму во таков контекст, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова неодамна укажа на важноста на културната дипломатија, повикувајќи се на перцепцијата на Гоце Делчев на светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Се разбира, светот не може да се сведе само на ЕУ, но за Македонија тоа е природно и географски најблиско поле за натпревар. Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата, смета македонската претседателка, околу што, всушност, и не би требало да има некакви посериозни дилеми. Голем број ЕУ-членки прават големи заложби културата да добива значајна улога во нивните односи на меѓународно ниво. Интернационализацијата на културата, всушност, станува сè поважна, а во таа смисла институциите имаат важна улога во рамките на таканаречената културна дипломатија, односно долгорочно развивање на меѓусебните односи, користејќи ја културата како средство.

Заострувањето на геополитичките состојби има големо влијание на политиката и на обемот и интензитетот на врските на меѓународен план. Но, сепак, вреди да се истакне дека Европската комисија пред неколку години усвои нова стратегија за промовирање на културата во меѓународните односи на ЕУ. Со други зборови, културата со тоа добива позначајна улога во надворешната политика на ЕУ. Стратегијата опфаќа широка перспектива и има за цел да ја поттикне културната соработка помеѓу ЕУ и партнерските земји надвор од Унијата. Оваа стратегија, исто така, има за цел да го стимулира светскиот поредок заснован на мир, владеење на правото, слобода на изразување, меѓусебно разбирање и почитување на основните човекови права. Голем број различни области на политиката се вклучени во таа стратегија со цел да се засилат напорите за спречување на стереотипите и предрасудите преку отворен дијалог, толеранција и меѓусебно почитување. Овие мерки дополнително би требало да резултираат со спречување на конфликти и олеснување на помирувањето меѓу земјите.

Почитувањето и ширењето на знаењето за различни култури може исто така да промовира интеграција, зближување и зачувување на културното наследство. Стратегијата вклучува дефинирање на модели на соработка за земјите членки, нивните национални културни институции, приватните и јавните актери во ЕУ, но и во земјите партнери. Интересно би било да се слушне како таков модел, според бриселската бирократија, би требало на профункционира на Балканот, во градењето (добро)соседски односи и соработка меѓу балканските земји што се веќе членки и оние што се стремат кон членство во ЕУ. Културата во најширока смисла на таквите заложби треба да биде дел од надворешната политика, како моќно средство за градење мостови меѓу луѓето, особено меѓу младите, и создавање меѓусебно разбирање. На таков начин може да биде и двигател за економски и социјален развој. Во однос на предизвиците со кои се соочува Европа, и кои, всушност се заеднички, токму културната дипломатија може да добие едно од централните места во градењето меѓународни односи.

Културата, всушност, како што беше истакнато при промовирањето на споменатата стратегија, функционира како скриен скапоцен камен во надворешната политика, што придонесува за разговор и разбирање. И покрај тој факт, голем број членки на ЕУ, дури и оние најбогатите, не вложуваат доволно средства во меѓународната културна размена. Функционирањето на динамичен културен живот во една земја зависи и од надворешните импулси. Токму затоа се неопходни контакти за националните уметници и културни работници со колегите, публиката и културните настани и манифестации – на домашен план, и колку што е можно повеќе во странство. Сосема е јасно дека уметниците и културните работници се способни и сами да стекнат такви искуства. Но, државата ја има важната задача да ги олесни тие процеси, со издвојување на финансиски средства за поддршка на промоцијата на културните и уметничките вредности и етаблирање на контактите и културната соработка во меѓународните односи. Такви буџетски средства во Македонија, патем речено, хронично недостасуваат, така што државата најчесто не може да се пофали ниту со скромни суми кога ќе се споменат издвојувања за културата ‒ и тоа токму во контекстот на таа толку многу експлоатирана мисла за „полето за културен натпревар меѓу народите“.

Балканската композиција, иако тромаво и несигурно, продолжува да се движи по пругата кон Брисел. Ако би се обиделе да се изразиме иронично, би можеле да се потсетиме на една досетка од страна на телевизијата Јутел во периодот пред распаѓањето на поранешна Југославија, при што за Македонија беше речено: „Каква ви е тоа држава чиј Запад е Албанија“. Да се надеваме дека при тековното мешање на картите, перцепцијата за значењето на соседите според географските страни, како што тоа го посочуваше Јутел пред три и пол децении, во најскора иднина нема да се доживува низ нејзината обратнопропорционална димензија.

   

Најново

ТРЕНДАФИЛОВ: Нашите работници во Словенија, Германија, Хрватска се продуктивни зашто таму платите се три до четирипати повисоки

Sase Ivanovski

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп повеќе е изнервиран од Путин отколку од мене

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов гасеше, ама во ланските пожари „изгореа“ 83 милиони евра

Sase Ivanovski

Марта Кос: Проширувањето на ЕУ е прашање на безбедност, за првпат имаме вистинска шанса да го обединиме континентот

Sase Ivanovski

Костадинов до Кочовска: Доцна е за средба министерке, веќе сами ги решаваме проблемите на Струмичани – немаме време за глума и лажен ПР

Sase Ivanovski

ИК утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат

Sase Ivanovski

Фестивалoт на феминистичка култура ќе се одржи на 30 и 31 мај

Sase Ivanovski

720 невработени млади ќе добијат по околу 10.000 евра за да основаат бизнис

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски фатен во тесно за тендерот на МВР ја навреди новинарката која што го прашуваше за аферата

Sase Ivanovski

Концепт „два плус два“- можно решение според сообраќајните експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Штип – Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Промените се случуваат! Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Sase Ivanovski

Илон Маск е „разочаран“ од законот за трошење на Трамп, вели дека тој го поткопува она што го прави Одделот за ефикасност

Sase Ivanovski

Пензионерите ќе можат да заработат плата покрај пензијата

Sase Ivanovski

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОХРИДСКИ АВТОБУС НАПРАВИ ХАОС ВО ЦЕНТАР, ИСПОКРШИ СТОЛБЧИЊА НА КРУЖЕН ТЕК

Sase Ivanovski

Македонија најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на НБРМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАТЕНИ СО РАЧЕТО ВО МЕДОТ: Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Sase Ivanovski

Адеми: Македонците не можaт да го добијат “второто полувреме”

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува Европскиот парламент едногласно да го потврди македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Николоски по ратификацијата на договорот: Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

Договорот за инфраструктура со Британија помина со 76 гласа „за“ и 6 „против“

Sase Ivanovski

Поевтини заеми благодарение на ААА рејтингот на Обединетото Кралство, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: „Салим Сулејмани си замина од Собранието за амбасадор – како се вика тоа, ако не предавство?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЈАН СТОЈАНОВСКИ: Договорот со Британија не е државна тајна како тој со Бехтел и Енка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ: Грешка има во англиската верзија на договорот со Британија, но не и во македонската верзија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески за Договорот со Британија: Дали веќе се договорени фирмите – изведувачи?

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Ратификацијата на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи економски развој и инвестиции, младите во фокус на Владата со новиот план за вработување

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Зошто кредит од 6 милјарди евра кога имаме можност за неповратни грантови од ЕУ?

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Преседан во Собрание-Спогодба со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Почна со работа „Охрид Мол“ – симбол на новата визија за развој на Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НЕ МОЛЧАМ – ГРАДАТ НА ДИВО, МИЛИОНИ ИСПАРУВААТ, ВЛАДАТА СПИЕ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ: Славески ќе треба да го либерализира македонскиот банкарски сектор и да ги скроти банките кои го дерат народот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛУТНИЦА УЛИЧНИ КУЧИЊА СЕЕ СТРАВ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ НА БУГАРИЈА: Третиот протокол е можен, но нема да промени ништо, Бугарија нема да се помести нуту милиметар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 репортажа: Семејното и родово-базирано насилство зема замав и се почесто завршува и со фемициди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Расмусен: На Европа ѝ треба нов безбедносен модел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска-Давкова: Договорот со Велика Британија не е алтернатива за ЕУ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС против опремување на полицијата со униформи, откако ја оставија без основни услови за работа

Sase Ivanovski

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

Sase Ivanovski

Лишени од слобода крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака, додека 10 илјади луѓе умреа во КОВИД пандемијата тој печалеше за себе

Sase Ivanovski

МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа – Се намалуваат царините на 70-тина стоки, вклучително и литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија

Sase Ivanovski

Пренџов: Стратешкиот договор со Велика Британија нуди многу поволности, ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

28 мај – Меѓународен ден на менструалната хигиена: Менструацијата не смее да биде луксуз!

Sase Ivanovski

Герасимовски ги поканува граѓаните на добра храна и музика во петок во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

„Матица македонска“ објави нов роман од Велко Неделковски

Sase Ivanovski

Две милијарди евра инвестиција брза пруга Табановце-Гевгелија, Македонија на европската карго мапа во железничкиот сообраќај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека не му е грижа за народот, важни му се само провизиите, тендерите и бизнисот со кланот Заеви

Sase Ivanovski

Приведено лице барано по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена

Sase Ivanovski

СДСМ: Смрди на корупција-за скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Нема ни траг од фирмата што доби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште

Sase Ivanovski

Групата на Штекли се криела во бункери под земја ископани на државно земјиште

Sase Ivanovski

Молк во Бугарија за можните преговори со Македонија во Хаг

Sase Ivanovski

Уште едно лице осомниченo во предметот за пожарот во „Пулс“: ќе го гонат сопственикот кој го изнајмил објектoт

Sase Ivanovski

Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Sase Ivanovski

Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Чаир е под „опсада“ од параполицаецот Арсовска. Ганиу во обид да ги одбрани дивоградбите

Sase Ivanovski

Субвенции за реконструкција на фасади и кровови на стамбени згради во Куманово

Sase Ivanovski

Во Скопје стартува изнајмување на електрични автомобили – 22 денари по километар и 5 денари по минута

Sase Ivanovski

Гевгелија добива нова велосипедска патека која се протега на двете страни од завршницата на Западен Булевар што завршува кај Динќут

Sase Ivanovski

Ангелов гаснеше пожари и бркаше мечки – Меџити вели наследникот може да го надмине

Sase Ivanovski

Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат

Sase Ivanovski

Се чека одговор од Софија за билатерлна средба со Сиљановска во Хаг

Sase Ivanovski

Починато бебе однесено во струшката болница

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Беџети? – Судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Левица: Сестрата на директорот на СОЗР во МВР – непотизмот царува во владата

Sase Ivanovski

Дали ХЕ/ПАХЕ Чебрен е навистина добра инвестиција?

Sase Ivanovski

Членови на Судски на сослушување за постапката против судијата Беџети

Sase Ivanovski

Храни во синергија, што со што да комбинирате…

Sase Ivanovski

„Спона“ ги дообјаснува своите позиции за организацијата на изложбата „Скаутизмот во Македонија 1911-1941“

Sase Ivanovski

Лице починало за време на преглед во поликлиника во Аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вучиќ: Работиме и градиме

Sase Ivanovski

Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја

Sase Ivanovski
Вчитувам....