14.8 C
Скопје
29/03/2025 15:00
МАКТЕЛ

    

Ивица Челиковиќ: Има ли ќар од членството во ЕУ?

      

Рекордно голем број ЕУ-граѓани, 74 проценти, гледаат придобивки и позитивни ефекти од членството во Унијата, покажува најновото испитување на Евробараометар од јануари-февруари 2025 година. Но разликите во ставовите кон членството значајно се разликуваат меѓу земјите членки. Пред две децении, кога Бугарија се приклучуваше кон ЕУ, нејзиниот БДП по жител, според стандардот на куповна моќ, беше незначително поголем во однос на Македонија. Бугарија потоа бележи континуиран пораст и, според последните објавени податоци од Евростат, во периодот 2013-2023 година се искачи од 46 на 64 отсто од просекот на ЕУ. Бугарија е и понатаму најсиромашна економија во ЕУ, но продолжува да се искачува кон европскиот просек. Македонија во истиот период речиси стагнира и достигна само маргинален пораст од 38 на 41 отсто од ЕУ-просекот. Рекордно голем број ЕУ-граѓани, 74 проценти, гледаат придобивки и позитивни ефекти од членството во Унијата, покажува најновото испитување на Евробараометар од јануари-февруари 2025 година. Но разликите во ставовите кон членството значајно се разликуваат меѓу земјите членки.

Интересен податок е дека најмалку позитивни се Бугарите, 61 отсто, додека од другата страна на мерената скала на расположенијата, во Данска, Малта, Португалија, Ирска и Литванија, позитивно се изјасниле преку 90 проценти од граѓаните. Во секој случај, за разлика од 1990-тите години, кога е забележано најниско ниво на поддршка меѓу ЕУ-граѓаните од само 41 отсто, најновото испитување покажува дека во сите земји-членки моментно е регистрирано јасно мнозинство граѓани кои позитивно се изјаснуваат во однос на предностите кои произлегуваат од членството во ЕУ. Пред падот на комунизмот Бугарија и Романија, во однос на Југославија, според сите меродавни показатели, се сметаа за позаостанати земји. Романската економија се искачуваше континуирано од 1995 година и од 31 достигна ниво од 78 отсто од ЕУ-просекот, повеќе од хрватската економија, која според последните показатели достигна 76 отсто. Нема сомнение дека ЕУ им го отвори патот за забрзан развој на бившите тоталитарни режими, кои беа притиснати во сенката зад железната завеса во Европа. За Бугарија ЕУ функционираше како вистински лост, без оглед на фактот дека Бугарија на ранг-листата на Евростат и понатаму е рангирана на последното место во Унијата.

   

Општо земено, развојот во ЕУ во последните десетина години, откако беше примена последната ЕУ-членка, покажува интересни резултати. Хрватска стана членка во 2013 година, а во текот на изминатата деценија постигна скок од 62 на 76 отсто од европскиот просек, според истиот мерен механизам. Но, без оглед на напорите за изедначување на регионалниот развој, за разлика од високоразвиениот северозападна ЕУ, опашките на економското заостанување и понатаму се влечат на европскиот југ. Тоа недвосмислено го потврдуваат и најновите статистички показатели. Само неколку проценти над Бугарија, како претпоследна на ранг-листата е Грција, која од 2013 година доживеа дури и значаен пад на куповната моќ по глава на жител – од 72 на 67 проценти во 2023 година. Гледано, пак, во подолг период, од 1995 година, кога Грција беше на ниво од 87 отсто од ЕУ-просекот, постепено потона за цели 10 проценти. Грција е полноправна членка во ЕУ повеќе од четири децении. Земјата која остана со најниска куповна моќ според БДП по глава на жител, како што беше и пред десет години, е Бугарија. Тоа во секој случај не ги спречи Бугарите да го поткренат својот животен стандард и да станат побогати во однос на 2013 година. Но бидејќи едновремено другите земји станаа уште побогати, Бугарија останува на дното на листата на ЕУ-членките. Еден од главните ефекти, гледано во подолг временски период од неколку децении, е тоа што БДП по глава на жител на членките на ЕУ се приближи до европскиот просек, така што постепено се случува изедначување меѓу населението на најбогатите земји и жителите на најсиромашните земји во Унијата. Тринаесет од 16-те најсиромашни членки на ЕУ и осум од 11-те најбогати земји денес се поблиску до просекот на ЕУ отколку пред десетина години. Словенија се искачи на 91 процент од ЕУ-просекот.

ЕУ е несомнено спас за сиромашните во Европа. На Бугарија ѝ беа потребни речиси две децении, колку што е полноправна ЕУ-членка, за да ја подобри својата релативна куповна моќ по глава на жител за околу 20 отсто. Својот „европски пат“, сметајќи ги претходните десетина години на пристапните преговори, пред да стане членка во 2007 година, Бугарија го почна на ниво од само 30 отсто од европскиот просек. Оттогаш, повеќе од двојно го зголеми својот БДП биланс по глава на жител – на 64 проценти. Македонија, во лигата на сиромашниот Југ е на дното, подобро пласирана само од Босна и Албанија, и е уште далеку и од нивото од 50 отсто од европскиот просек, каде што моментно се наоѓаат Црна Гора и Србија. Колку години, или подобро речено, децении ќе ѝ бидат потребни на Македонија, која уште ги нема ни почнато пристапните преговори за членство, како и на Западен Балкан во целина, да се доближи до нивото на Бугарија во однос на ЕУ-просекот, е, најблаго речено, неблагодарно да се прогнозира. Во меѓувреме Брисел продолжува да испраќа охрабрувачки сигнали дека вратата на ЕУ и понатаму е отворена, а што очигледно не престанува да функционира како привлечна мамка. Деновиве беше објавено дека дури и Ерменија посакува да го започне својот пат кон ЕУ, и се надева дека засега ќе биде прифатена барем како „потенцијална земја кандидат“. Сепак, од ЕУ со право се очекува да покаже поголема решителност за да ги надмине повеќегодишните изневерени ветувања и да ја подотвори прегратката во чекалната пред Брисел, во која се помалку има илузии за добрите намери кои најпосле ќе го забрзаат проширувањето на европскиот клуб. Во меѓувреме довербата во ЕУ меѓу македонските граѓани, најмногу поради нејасните ветувања и бројните изнудени отстапки кон соседите, од некогашните високи 80 падна на 56 отсто. Преговарачката рамка за пристапни преговори, како што се покажа, не е „наградата“ од Брисел која би можела да биде прифатена меѓу македонските граѓани со отворени симпатии и неподелена поддршка. И да биде лесно проголтана, без да застане како горчлива кнедла во грлото. Но, во крајна линија, какви можности постојат за Македонија да побара поинакви и подобри развојни перспективи, доколку тоа не би било зачленување во ЕУ? Одговорот, се чини, и понатаму е најсигурно да се бара во позитивните ефекти и реалноста произлезена од европските интеграциски развојни искуства.

  

Најново

Овој милијардер од недвижнини го подготвил својот син за наследување, принудувајќи го да работи за друг шеф: „Нема да работиш за мене“

Sase Ivanovski

ГОСТИВАРЕЦ САКАЛ ДА ЈА ГРАБНЕ ЌЕРКАТА Нападнал три лица, полицијата спречила киднапирање

Sase Ivanovski

СÈ СЕ РЕШАВА ВО АВТОКОМАНДА Алкалоид во битка за полуфинале по драмата во Романија

Sase Ivanovski

„МНОГУ СУМ ПРЕТПАЗЛИВ ЗА РЕВАНШОТ ШТО СЛЕДИ В НЕДЕЛА“ Лазаров вели дека Алкалоид мора да обезбеди полуфинале во Европскиот Куп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО ПОЛЕТА ПРОЕКТИЛ КОН АМЕРИКА, ОВИЕ ЛУЃЕ ЌЕ ГО СОБОРАТ Џеј Ди Венс упати порака од базата во Гренланд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РУСКАТА АГРЕСИЈА СЕ ЗАКАНУВА, ВРЕМЕ Е Трамп со видеопорака дека е судбина САД и Гренланд да се заедно

Sase Ivanovski

ТРАМП И КАРНИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ПО ИЗБОРИТЕ ВО КАНАДА Телефонски разговараа за бизнисот и за безбедноста

Sase Ivanovski

ПОВЕЌЕ ЛИЦА НАПАДНАЛЕ ДВАЈЦА БРАЌА ВО ГАЗИ БАБА Со метален предмет им го оштетиле возилото

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: Новото нормално изгледа прилично страшно

Sase Ivanovski

Викендов почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

Левица: Братучед на пратеничка од ДПМНЕ назначен за командир

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ за обвинувањата од сестрата на трагично загинатата Фросина: Причината за нашите протести е нефункционалниот систем

Sase Ivanovski

,,Кој е следен“ бара да се објават сите документи за дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Експлодира лимузината на Путин

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски и Ристовски: Центарот за обука на МВР е клучна алка во системот на безбедност, со меѓуресорска соработка до подобра спортска инфраструктура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, за разлика од тендерите на СДС, не е во 4 очи, а ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, НО БЕЗ ПОЛИТИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ненад Марковиќ: Од мажи шовинисти дојдовме во ерата на феминистки кои мразат мажи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ненад Марковиќ: Мажите во светот се за Русија а жените за Америка

Sase Ivanovski

На иницијатива на кумановецот Марјан Стошевски дел од повредените во Кочани на одмор на Златибор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дафи првпат се појави по 10 години откако го откри киднапирањето

Sase Ivanovski

АКО НЕМА НУКЛЕАРЕН ДОГОВОР, ЌЕ СТАНЕ НЕПРИЈАТНО ЗА ИРАН Трамп испрати предупредување до Техеран

Sase Ivanovski

Да му помогнеме на Кочани, да и помогнеме на Македонија-Стоилов, Ефремов, Николов-Стадион

Sase Ivanovski

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Sase Ivanovski

Зеленски: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Кочани, приведени четири лица

Sase Ivanovski

Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ: Бараме темелна истрага за еколошката катастрофа во Крива Паланка…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче од една страна глумат разумни и повикуваат на единство од друга страна нема ден да не постапуваат како некрофили, правда ќе има

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во Куманово, следува пријава

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда, наместо да се оградат од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите, тие продолжуваат да молчат

Sase Ivanovski

До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

Sase Ivanovski

Најновиот сојузник на НАТО за прв пат ги испраќа своите авиони Грипен направени за војна со Русија да патролираат по границите на Алијансата

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран вели дека американските бази ќе бидат погодени доколку Трамп го нападне Иран

Sase Ivanovski

Ова е планот на Трамп да ја принуди Украина да ја врати гасната империја на Путин…

Sase Ivanovski

Путин лансираше подморница на нуклеарен погон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За Мерцедес нема смрт, буквално…

Sase Ivanovski

КАНA-РИНАЦ

Sase Ivanovski

Македонската ракија во Австралија

Sase Ivanovski

Андреа Јанков објаснува за свлечиштата на Водно и месноста викана “Љути Дол”

Sase Ivanovski

Големо невреме со град кај наплатната станица Кадрифаково на автопатот Штип – Миладиновци

Sase Ivanovski

За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари…

Sase Ivanovski

Топ Тема – Од каде треба да почне ресетирањето на системот?

Sase Ivanovski

360° season 11, show 49 – За истрагата за Кочани и лекувањето на повредените во Солун и во Софија

Sase Ivanovski

Ѓоршиевски: На покана на советникот во град Скопје, Мартин Стојановски, со мојот колега Борче Митевски присуствувавме на ифтарска вечера со нашите браќа од исламска вероисповед

Sase Ivanovski

Ова село плови на море веќе 130 децении и е единствената пловечка населба во светот

Sase Ivanovski

Тошковски: Присуствував на настан по повод одбележувањето на 5 години од членството на Македонија во НАТО, во касарната „Илинден“

Sase Ivanovski

Станбен комплекс во Екбатан, Техеран, Иран

Sase Ivanovski

Hyatt Regency San Francisco, дизајнирана од Џон Портман и завршена во 1973 година, ја олицетворува интеграцијата на бруталистичката архитектура со функционалните јавни простори

Sase Ivanovski

ЛУКАРЕВСКА: СДСМ НЕ СТОИ ЗАД БАРАЊЕТО НА ССМ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА!

Sase Ivanovski

Големо невреме вечерва погоди делови од источна Македонија, а на автопатот меѓу Штип и Свети Николе имаше и силни врнежи од град, кои целосно го обелеа и го оковаа патот во мраз

Sase Ivanovski

Трамп назначи Марк Брновиќ за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Русија вели дека Украина „виртуелно ја уништува“ гасната инфраструктура во Суџа

Sase Ivanovski

Израел уништи 70% од сите згради и 88% од инфраструктурата на Газа од почетокот на неговата геноцидна војна на 7 октомври 2023 година

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, беше домаќин на ифтарска вечер, во чест на големиот празник, светиот месец Рамазан

Sase Ivanovski

Илон Маск го продава X на сопствената xAI за 33 милијарди долари во зделка за сите акции

Sase Ivanovski

Откриено ново наоѓалише на злато во Србија кое крие 92 тона злато и скоро 3 милиони тони бакар

Sase Ivanovski

„Политиканти“ со Ненад Марковиќ, Борјан и Сашо, сезона 3, епизода 17

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Огромна пукнатина по земјотресот во Мјанмар

Sase Ivanovski

Возете внимателно по влажни коловози

Sase Ivanovski

Повеќе од 1.000 загинати во силниот земјотрес во Мјанмар

Sase Ivanovski

(Видео) Лефков: Целиот систем е девастиран – главната одговорност е во МВР

Sase Ivanovski

Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

Sase Ivanovski

Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци, се чистат одрони од Делчево до Берово

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Кичевската „2 СС“ ја основал директор на Агенцијата за пошти од ЛДП, кој му продал акции на сватот на Ахмети!

Sase Ivanovski

Кочани: Последното предупредување | ИРЛ

Sase Ivanovski

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти ќе разговараат и за локалните избори

Sase Ivanovski

Зеленски не признава долгови кон Америка

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Апелација го укина обвинението за убиството на малата Данка

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Собранието

Sase Ivanovski

Стрелките на часовниците одат еден час напред, почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и дождливо, можно е невреме

Sase Ivanovski

„Неканетиот гостин“ Џеј Ди Венс од Гренланд ја нападна Данска дека не вложува во островот

Sase Ivanovski

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора осуден за шверц на цигари

Sase Ivanovski

Трамп назначи политичар со српско потекло за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер ја натепал на паркинг во Аеродром

Sase Ivanovski
Вчитувам....