23.8 C
Скопје
19/04/2025 15:03
МАКТЕЛ

    

Ивор Мицковски: Зошто Америка се откажува од светот, НАТО и Европа

      

Вашингтон ќе инвестира во фрагментација на ЕУ за да ја дерегулира, да ги искористи нејзините ресурси и да ја направи помалку политички обединета. Од тој аспект за САД значењето на НАТО е завршено. Деновиве американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати една директна порака до Европа изјавувајќи дека Америка не сака континент вазал. Тој воедно додаде: „Не мислам дека ако Европа е понезависна тоа е лошо за Соединетите Држави – тоа е добро за Соединетите Држави“. Коментарите на Венс пристигнуваат додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп постојано ги прозива европските престолнини поради нивното претерано потпирање на американската воена моќ за сопствена одбрана, додека постојано навестува дека САД нема да им помогнат на сојузниците во НАТО кои не инвестираат во сопствената безбедност. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, исто така, предупреди дека американското воено присуство во Европа не е „вечно“, пишува Ивор Мицковски за Дојче веле.

Со овие изјави Венс упати и една индиректна порака поврзана со судбината на НАТО. Односно, дека новата американска влада се повлекува од атлантскиот брак со премногуте европски невести, ниту пак дека премногу ќе се заљуби ако 30-те и плус членки на НАТО или ЕУ одеднаш се претворат во една единствена невеста, метафизички наречена Европа. Простата причина за ваквото американско однесување произлегува од прозаичниот факт што САД не ги вреднува подеднакво сите свои сојузници. Со други зборови, Скопје, Подгорица, Талин или Рига, не вредат ни приближно колку Лондон, Париз, Берлин или Рим. Вистински револуционерниот аспект на вториот мандат на Трамп лежи во фактот што се откажува од империјалниот универзализам со цел да ја ограничи и спаси Америка. Тоа е епохалната промена која предвидува дека САД ќе ја напуштат својата морална супериорност со која од моментот на своето раѓање ја оправдуваат и одржуваат сопствената моќ и контрола над светот. Моќ особено присутна од 1945-та наваму, кога Америка го создава и својот светски поредок и му го нуди на остатокот од светот. Денес, истоштена и уморена, Америка не сака повеќе да биде гарант на меѓународниот систем. Притоа смета дека со цел да се спаси, треба да се нападне постоечкиот либерален естаблишмент, кој го нарекува режим и кој е обвинет дека ја одвел Америка на погрешен пат. Наместо тоа, Трамп и неговите веруваат дека Америка треба да го искористи тоа малку што останува од Империјата со цел да приграбат ресурси, да ги редифинираат своите географски интереси и приоритети и да се помират со главните ривали, со цел да купат време за реконструирање на својата индустриска, технолошка и воена сила.

   

Вистински револуционерниот аспект на вториот мандат на Трамп лежи во фактот што се откажува од империјалниот универзализам со цел да ја ограничи и спаси Америка.Фотографија: IMAGO/Newscom/GDA Проблемот е што Америка на Трамп оваа епохална револуција ја спроведува на мошне брутален и директен начин, без очигледна стратегија и јасна финална цел која би ја разбрале сите чинители дома или во странство. Обидот нагло да се трансформира Америка, што на домашен, што на надворешен план, неизбежно создава длабоки контрадикции. Но, и покрај тоа може да се нотираат неколку јасни премиси на кои ќе се базира Трамповата политика. Америка денес прифаќа мултиполарен свет Првата е дека светот повеќе не може да биде предводен од една единствена сила. Светот е премногу хаотичен и комплексен за да биде раководен од еден центар на моќ. Оттука, Америка не може да биде глобалната власт и да ги решава сите проблеми на планетата. Затоа Америка денес прифаќа мултиполарен свет, затоа што нејзина нова цел не е да одржува хегемонија, туку да го заштити својот примат. Америка ќе се адаптира на свет составен од повеќе империи или сили кои опортунистички ги остваруваат сопствените интереси. Америка не треба да биде системот, туку да биде дел од системот.

Меѓународниот поредок од „Вилсоновска“ традиција потфрли и ја оштети Америка. Според Трамп, глобализацијата го осиромаши тој што требаше да доминира, односно Америка, додека го збогати тој што требаше да биде искористен, односно Кина. Така се уништи средната класа, земјата се деиндустрилизираше и разви опасни зависности од сопствените непријатели и ривали. Воедно, за Трамп е недозволиво дека сојузниците нема да трошат на вооружување додека претендираат Америка да ги брани. Организациите произведени после Втората светска војна повеќе не функционираат поради променетите околности и односи на сила. Со други зборови, бранејќи го либерално-демократскиот поредок се создаде систем кој ги замени интересите на САД со оние на остатокот од човештвото. Опасноста доаѓа одвнатре За Трамп вистинската опасност не доаѓа однадвор, туку одвнатре. Квалитетот на живот на просечниот Американец е драстично влошен со што се изгуби и довербата во институциите. Емиграцијата е излезена од контрола, додека долгот има астрономски пропорции. Федералната власт е корумпирана од прескапата и неуставна бирократија. Елитата живее декадентно и надвор од стилот на живот на остатокот од земјата. Вокизмот и радикалите ги имаат освоено врвовите на американската култура, од медиумите до универзитетите, од администрацијата до корпорациите. Вистинскиот непријател за Трамп е либералниот прогресивизам, а не Кина. Приоритетот не е спасување на светот, туку на Америка.

Конечно, Америка на Трамп е свесна дека не може да војува. САД не може да води војна со ниедна сила од нејзин габарит. Веројатноста да не се победи во една војна со Кина е преголема и би донела ризик да се уништи американскиот воен примат. Трошоците во смисла на луѓе и крв би биле пострашни и од Втората светска војна, нешто што САД не може да си го дозволи ни материјално, ни демографски. Америка нема ниту муниција, ниту војници, ниту производни капацитети за една масовна војна. Оттука, војната треба да се избегнува на секој возможен начин, затоа што моќта на одвраќање повеќе не постои и САД повеќе не е во состојба кредибилно да им се заканува на противниците со употреба на сила. За таа цел приоритетите на Америка се следните. Мора да се коегзистира со противниците. Кина не може воено да се победи, туку мора да се победи на полето на вештачката интелигенција и новата технолошка револуција. Внатрешниот либерален режим во САД мора да се промени. Универзитетите и бирократијата мора да се стават под контрола. Америка мора одново да се индустријализира додека финансирањето и редистрибуцијата на богатството кон светот и сојузниците мора да запрат. Америка мора повторно да се претвори во одбранбена тврдина, а односот со Кина да се ослободи од тајванското прашање. Мора да се воспостави мир со Русија и да се расформира НАТО.

За Америка значењето на НАТО е испразнето и завршено И токму оваа последна точка за нас во Европа е најважна. Америка повеќе нема интерес да ја брани Европа доколку Русија повеќе не е непријател. Паралелно со тоа евроатлантската демократска сфера мора да се намали или да не се проширува. Вашингтон ќе инвестира во фрагментацијата на ЕУ со цел да ја дерегулира, да ги искористи нејзините преостанати ресурси и да ја направи помалку обединета од политички аспект. Од тој аспект за Америка значењето на НАТО е испразнето и завршено. На нејзино место ќе се роди нешто ново или друго. Од НАТО денес останува само нејзиниот костур, но фактички за Трамп и екипата Алијансата повеќе како и да не постои. Односно, не постојат обврските и особено членот 5 од Вашингтонскиот договор. Америка за прв пат во својата историја паралелно ја менува својата надворешна политика и своите домашни институции. Како што кажавме сите овие чекори ги спроведува на брутално американски начин, со силни резови, создавајќи нови непријатели, казнувајќи ги старите сојузници и пријатели. Америка денес не сака повеќе вазали, затоа што тие ја чинат пари и би сакала сите да се претворат во нејзини клиенти со кои би правела подобри дилови. Прашањето кое се наметнува е дали во обидот на Трамп да се запре американската империјална прераширеност и Америка од светски хегемон да се претвори во есенцијална национална држава, Вашингтон нема да се преигра и на двата фронта: да создаде само еден похаотичен свет, додека домашната револуција ќе се претвори во една перманентна војна против самите себе?!

  

Најново

Министерство за внатрешни работи: Две нови дигитални услуги на МВР достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

Милитаризирана ЕУ – Обид за нејзина рефакторизација (ЕУ со шлем и штит – но без компас)

Sase Ivanovski

40 БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ ДОШЛЕ ВО БИХ ЗА ДА ГО ЛИКВИДИРААТ ДОДИК?! Претседателот на Република Српска сака воен сојуз со Србија и со Унгарија

Sase Ivanovski

Дрон го загрозил слетувањето на два авиони на аеродромот во Дубровник

Sase Ivanovski

Се надевам дека за краток рок ќе ја завршиме истрагата за трагедијата во Кочани, истакна Тошковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Диско -шталата била партиски штаб на ДПМНЕ, таму локалните функционери ,,локале” и јаделе

Sase Ivanovski

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Легендарниот хотел Нарцис во Брезовица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мода – Зимска облека во Милано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции?

Sase Ivanovski

Автомобил се превртел на патот од скопско Ново село кон Волково, кој стои раскопан повеќе од година и половина, а жителите велат и дека е небезбеден…

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

Sase Ivanovski

La dolce vita штотуку пристигна во TCC Plaza!

Sase Ivanovski

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица

Sase Ivanovski

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Sase Ivanovski

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Sase Ivanovski

Европска држава која нема војска и е многу безбедна…

Sase Ivanovski

Не постои метропола во светот (која не е во војна) што ги губи толку лесно културните и уметничките кодови

Sase Ivanovski

Двајца од загинатите во собраќајката се жители на странска држава, третиот е македонски државјанин

Sase Ivanovski

Израел не исклучува ограничен напад врз иранските нуклеарни локации и покрај тоа што Трамп се откажа од планот

Sase Ivanovski

СТИГНА Fire Fly – Оган без чад, задоволство без граници!

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не сме родени во Влада, ако сметаат ќе бидеме, ако не ќе одиме во опозиција, рече Таравари во Стадион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во недела само кулирање и озбилни теми…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овие очила за вештачка интелигенција би можеле многу да ви помогнат

Sase Ivanovski

Црвена Звезда се врати во Скопје – после три децении!

Sase Ivanovski

Жител на Врапчиште доби кривична пријава, покажал фалсификувана возачка на Табановце

Sase Ivanovski

Според Медведев, Русија без САД и ЕУ брзо ќе најде решение за украинското прашање

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

Sase Ivanovski

Се преземаат сите мерки за безбедна туристичка сезона во охрид

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Иако знаеја дека уставните измени не се последното барање на Бугарија, СДС свесно го лажеше народот

Sase Ivanovski

Еквадор стравува од можен атентат врз претседателот Нобоа

Sase Ivanovski

Граѓаните да внимаваат, пролетното сонце ги раздвижи и змиите

Sase Ivanovski

СДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Sase Ivanovski

Во Рим втора рунда преговори за иранската нуклеарна програма, Иран бара силни гаранции

Sase Ivanovski

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат дирeктно одговорните за трагедијата

Sase Ivanovski

По два обида за конституирање нов парламент, во Косово се можни нови избори

Sase Ivanovski

Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната

Sase Ivanovski

Русија тврди дека зазела уште едно село во Курск под контрола на Украина

Sase Ivanovski

Кривична пријава за светиниколец кој вршел јавен превоз без лиценца

Sase Ivanovski

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Sase Ivanovski

Трагедијата во Кочани во фокусот на денешните партиски препукувања

Sase Ivanovski

19-годишник со „бмв“ излетал од патот кај Миравци, починал на самото место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Емотивен говор на новиот градоначалник на Кочани. Ќе се избориме за правда,политика не не интересира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката кај Кичево

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода штипјанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Тошковски од Охрид: За 20% зголемен бројот на патници на охридскиот аеродром, СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski

Утре и задутре нема да се наплаќа во зоните на „Градски паркинг“

Sase Ivanovski

Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Sase Ivanovski

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Бројот на загинати од американските напади врз Јемен се искачи на 80, соопштија бунтовниците

Sase Ivanovski

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

Sase Ivanovski

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Sase Ivanovski

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski
Вчитувам....