26.8 C
Скопје
20/06/2025 11:13
МАКТЕЛ

   

ИВОР МИЦКОВСКИ: Не сум убеден дека Македонија ја има силата и важноста да игра игри слични на Вучиќ и Орбан, да седи на две столчиња како аутсајдер од европските институции или да се клади на Трамп?!

      

Откако Унгарија го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, Виктор Орбан не престанува со својата глобална програма и игра. Од Киев на средба со Володимир Зеленски каде му презентираше мировен предлог во „путинска“ салса, до Москва на разговори со рускиот лидер Владимир Путин, со што отвори институционална криза во ЕУ, потоа Пекинг и средба со претседателот Ши Џинпинг, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја спроведува својата програма за глобална дипломатија, за која вели дека е дизајнирана да донесе мир во Украина., пишува Ивор Мицковски во колумна за Дојче Веле.

Сега во четврток, унгарскиот премиер полета за Мар-а-Лаго на Флорида за да се сретне со Доналд Трамп, изјави за „Гардијан“ извор близок до Орбан, бидејќи тој се обидува да преговара за мировен договор без да се консултира со другите земји на ЕУ или со администрацијата на Бајден.„Случајот Будимпешта“ стана ургентен во ЕУ и НАТО- круговите каде повеќето европски шефови на држави превртуваа со очите и се одлучија на неформална изолација и бојкот на унгарското претседателство со Советот на ЕУ. Со други зборови, никој не сака да биде вмешан или да стане дел од маневрите на Орбан.Се разбира, потезите на Орбан не се само обична провокација насочена против европскиот лидершип од Брисел. Неговите маневри се опасна политичка кладба која е пред сѐ насочена кон иднината. И за верување е дека, доколку му се поклопат коцките, автократот од Будимпешта ќе инкарнира една нова европска и глобална политичка линија. Доста црна и опортунистичка.

   

„Шанса за мир во Украина”
Самиот унгарски министер за надворешни работи во средата потврди дека Унгарија го гледа потенцијалното враќање на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД на изборите во ноември како „шанса за мир во Украина“. Во интервју за Ројтерс во Вашингтон, Сијарто рече дека целта на Будимпешта е да стави крај на војната во Украина преку мировни преговори во кои учествуваат Русија и Украина.

Орбан предизвикува загриженост дека работи како посредник меѓу Путин и Трамп, додека посетата на Флорида е дел од напорите на Орбан да преговара за мировен договор меѓу Украина и Русија без консултации со другите членки на ЕУ или администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Орбан е единствениот европски премиер кој има пријателски однос и структурирани политички врски со Трамп. Во исто време, најдолгиот по стаж премиер во Европа е единствениот лидер од континентот кој слободно разговара со Путин. Подеднакво, одржува одлични односи со Кина, а како потврда на тоа минатиот 9 мај го угости Џинпинг во Будимпешта.

Вистинскиот страв на евро-атлантските сојузници е дека Орбан всушност работи како олеснувач за Путин, оправдувајќи ги неговите аспирации и идеи за примирје кои неминовно одат на штета на Украина, но и како портпарол на субјект кој е надвор од сите институции, односно, поранешниот претседател Доналд Трамп.

Орбан се обложува на враќањето на Трамп и на мир со Путин кој воопшто не би бил беневолентен за Киев. Во еден таков случај Орбан и Унгарија би станале „папокот на светот“, поради централна геополитичка позиција на Будимпешта и евентуалните расплетувања на украинскиот конфликт. Орбан тогаш и физички би го инкарнирал новиот глобален курс по стапките на Трамп и Путин, би и дал нова лимфа на екстремната десница и би ги зајакнал аспирациите на автократите низ Европа и светот. Свесен дека во Европа и во ЕУ засекогаш би останал изолиран, Орбан сите свои карти ги става на Трамп и Путин, со цел да стане централна фигура во меѓународното конзервативно движење.

Но, покрај сенката на Орбан, уште еден дух се „моташе“ низ коридорите на Самитот на НАТО, а тоа е: втората администрација на Трамп. Повеќе од „духови“, зборуваме за луѓе од крв и месо, затоа што повеќемина советници на екс-претседателот, кои се надеваат дека ќе се вратат на политичката сцена со Трамп, повеќе или помалку јавно се сретнуваа со делегации на европските земји за време на нивната посета на Вашингтон.И како што веќе пренесе Борис Георгиевски во својот мошне интересен текст: Дали Христијан Мицкоски типува на Доналд Трамп? – јасно е дека македонската делегација, предводена од премиерот Мицкоски, придружуван од министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана, се сретна со Ричард Гренел, контроверзниот поранешен дипломат и поранешен в.д. координатор на американските разузнавачки служби.

Гренел е само еден од дуото „амбасадори“ на Трамп кои неофицијално организираа средби со европските функционери. Главниот бил поранешниот генерал Кејт Келог, екс-шеф на кабинетот на Советот за национална безбедност од првиот мандат на Трамп, кој во вториот евентуален мандат се надева да го предводи Советот. Самиот Келог потврди дека се сретнал со бројни министри за надворешни работи, како и со спикерот на украинскиот Парламент, Руслан Стефанчук. Келог нема некоја официјална улога во предизборната кампања на Трамп, но е автор на планот за крај на војната во Украина, неодамна презентиран на Трамп. Гренел од друга страна се надева дека во идната администрација на Трамп би ја имал улогата на државен секретар.

Без да се навлегува во шпекулации или избрзани оценки за „полезноста“ или добредојденоста од оваа средба, неизбежен е заклучокот дека нашата делегација во Вашингтон не си создала премногу проблеми дали ќе ги повреди чувствата на домаќинот и актуелен американски претседател Џо Бајден. Некои поголеми земји, како Италија, културно ја одбиле поканата од „амбасадорите“ на Трамп. Можеби целта на нашата мисија беше да се испрати порака, дека заедно со Србија и Унгарија и Македонија може да влезе во една нова политичка оска и така подобро да се позиционираме кон идната американска администрација, доколку барањата и притисоците од Грција и Бугарија не се намалат. Велам нагаѓам, но некоја поголема позадина пожелно е да постои. Верувам дека и прифаќањето на ВМРО-ДПМНЕ на остро критикуваниот договор со Бехтел и Енка, треба да се гледа од таа призма, како и критиката на Мицкоски за мешањето на амбасадорите.

„Специјални релации“
Мене лично ми е интересна конјуктурата на нашата дипломатија со заложбите на Гренел во регионот, особено кај Вучиќ, како и обновената „специјална“ релација со Унгарија на Орбан. Гренел и зетот на Трамп, Џаред Кушнер се инвеститори на локација на поранешниот срушен Генералштаб, каде треба да никнат луксузни хотели и апартмани. Според аналитичарите, договорот е студија на случај како една мала и неврзана земја може да се припреми за евентуалното враќање на Трамп. Се разбира, и Гренел и Вучиќ негираат дека постои каква било политичка позадина и дека се работи за чисто економски дил, но јасен е методот на надворешната политика на Трамп, каде токму преку „инвестиции“ се надминуваат политичките препреки.
Од еднаква, строго економска логика можеме да го гледаме и договорот на Мицкоски и Орбан за специјална економска соработка и заем од 500 милиони евра, по доста поволни услови. Но, колку и да сакаме не можеме да ги избегнеме и негативните политички аспекти од специјални врски со најголемиот европски автократ и човекот кој му даде азил на бегалецот Груевски.

Соочени со закочените евроинтеграциски процеси, старо-новите проблеми со Софија и Атина, искрено не знам како една мала земја како Македонија ќе помине низ радарите на европските канцеларии, и онака загрижени и во костец со екстремната десница и внатрешните петтоколонаши како Орбан, и како Париз, Берлин или Варшава ќе гледаат на новата ориентација на нашата дипломатија и економија. Едноставно не сум убеден дека Македонија ја има силата и важноста да игра игри слични на Вучиќ и Орбан, да седи паралелно на две столчиња како аутсајдер од европските институции и да типува на политиките на Орбан, или пак, уште попретенциозно, да се клади на Трамп?!Новата Влада секако заслужува барем 100 дена меден месец, но актуелниот активизам во политиката и економијата, новиот пристап кон Грција, нејаснотиите околу Преговарачката рамка, но и навестувањата за обиди да се гради некое ново мултилатерално позиционирање на Македонија, заслужуваат во најбрзо време да бидат контекстуализирани и објаснети.Во спротивно, контрадикциите на одредени потези сами ќе се објаснат во очите на странците и на домашната јавност, и тоа нема да биде најдобро ни за властите, ни за државата.

   

Најново

Огромното мнозинство Руси му веруваат на Путин

Sase Ivanovski

Сашко Мицевски назначен за нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Sase Ivanovski

Орбан: Колапсот на Иран би бил извор на голема опасност

Sase Ivanovski

За следната недела се очекува одржување на третата рунда директни преговори меѓу Москва и Киев

Sase Ivanovski

Американецот уапсен на Скијатос каде побегнал по убиството на жената и ќерката во Рим

Sase Ivanovski

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

Советникот кој удри вработена во општина Кочани мора правно да одговара, вели Крстевски

Sase Ivanovski

Седумчасовно работно време во Црна Гора: Аргументи за и против

Sase Ivanovski

(ГАЛЕРИЈА) Нино Васев донесен во Апелација, каде ќе се одлучува дали ќе оди во ефективен притвор, или ќе остане во куќен

Sase Ivanovski

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење

Sase Ivanovski

Кочани: Жената погодена со шише во глава од советникот Аки Акиов, е на домашно лекување

Sase Ivanovski

Маж од Македонска Каменица возел со 2,06 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Возач со голф прегази маж и жена на тротоар во Охрид, жената почина на лице место

Sase Ivanovski

Мерко денеска ќе добие пресуда за незаконското назначување на директори на три струшки училишта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кранист дреме во кран додека неговите колеги се сликаат со Трамп

Sase Ivanovski

Зошто е толку важен Ормутскиот теснец?

Sase Ivanovski

Израел гори, САД реагираат: ТХААДT, стрела-3 и противракетна одбрана за спас на животи

Sase Ivanovski

Потпишан меморандум за изградба на нов далековод меѓу Тетово и Призрен

Sase Ivanovski

Детали за несреќата: Дивац веднаш бил опериран, вграден му е вештачки колк

Sase Ivanovski

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на Васев и Нухи

Sase Ivanovski

До септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави Томовски

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

На Богородица се чека половина час на македонска страна

Sase Ivanovski

Без струја делови на Аеродром и Карпош

Sase Ivanovski

Нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Зеленски: Фактот дека Русија го брани Иран покажува потреба од построги санкции

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....