Оваа игра го има дражот на поранешните Нинтендо игри, а од 2019 година е достапна и за Плејстејшн, и за компјутер преку платформата Епик Гејмс. Играта има доста содржини и може да се игра едноставно или комплицирано, тоа значи дека е баш наменета за сите генерации да играат заедно. Играта Cats Quest II е на бесплатна промоција на Epic Games, која што е наменета за деца над 7 години. Играте со куче и маче коишто се херојчиња што се борат против злото во средновековен фантазиски свет, со мечови и магии, но и многу хумористични дијалози во самата приказната. Целата игра изобилува со хумор и нуди играње со два играчи.
Оваа игра го има дражот на поранешните Нинтендо игри, а од 2019 година е достапна и за Плејстејшн, и за компјутер преку платформата Епик Гејмс. Играта има доста содржини и може да се игра едноставно или комплицирано, тоа значи дека е баш наменета за сите генерации да играат заедно. Тоа што оваа игра ги учи децата за RPG игри е една основна работа – „додека се бориш, не стој во едно место, цело време избегнувај ги нападите.” Ова е лекција што и возрасни гејмери ја немаат научено до крај. За повозрасните тоа се објаснува со терминологијата „избегнување телеграфи“. Тоа означува пред поголем непријател, кога прави удри со специјален полнечки удар, се појавува најчесто црвено поле на земјата (тоа е “телеграфот” или кажано на друг начин така се телеграфира каде ќе биде нападот) каде ќе се случи тој удар или магија. Се што е потребно во таа борба, е да се избегне. Ова е основна но потребна работа за РПГ и ММОРПГ игри за што имаме повеќе информации во овој водич за терминологии во RPG игри.
Во играта можете да играте играте со кучето со меч, или со мачето со магично стапче за фрлање магии, лечење во сред битка, воскреснување ако падне пријател… Ликовите можат да создадат основен концепт кај децата дека различни луѓе се наполнуваат во заедничка борба. Ова е една од премисите на Епска Фантастика и RPG игри“ за заедништво против злото. Извор: Новинска агенција МЕТА