Моментално во тек е бета верзијата (бета тестирање од отворен тип) на една од најочекуваните игри за оваа година – „Dune Awakening“. Бета клучевите за пристап се доделуваат преку Steam. Очекувањата од сите гејмери се дека оваа игра ќе добие огромна популарност, и многу гејмери да уживаат во неа.
Доколку сакате уште веднаш да ја играте играта, вие можете уште сега да ја купите со опција „Pre Purchase“, и со тоа добивате директен пристап до бета верзијата. Доколку ја играте бета верзијата уште веднаш, прогресијата што ќе ја направите сега, целосно ќе се префрли во целосната верзија. Тоа се случува бидејќи сепак ја купувате целата игра и нема да има никакво рестартирање. Порано кај повеќето игри прогресијата при Бета верзиите се бришеше целосно и се почнуваше новата игра од почеток. Во последните години одредени игри кои и се светски хитови го пренесуваат целосниот напредок од бета тестирања во самите игри.
Креаторите на играта изјавија дека правилата за бетата не се ограничени околу тоа каде може да се прикажува и покажува играната содржина. „За разлика од претходните Бета верзии, оваа Бета нема NDA (Non-Disclosure Agreement) што значи дека може да слободно да споделувате содржини од играта со пријатели и да ја стримате“. Извор: Новинска агенција МЕТА