Полицијата во Минесота го идентификуваше осомничениот за убиството на демократската претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг како Венс Лутер Батлер, а потрагата по него продолжува, објави денес CBS News. Батлер, кој има околу 50 години, ги рани и демократскиот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга. CBS известува дека во возилото на Белтлер е пронајден список на можни цели, во кој имало повеќе од 50 лица, вклучувајќи службеници кои не се од Минесота, активисти за права на абортус и медицински персонал кој ја извршувал процедурата.
Во неговиот автомобил, исто така, имало флаери во кои се споменуваат тековните протести „Без кралеви“ што се одржуваат низ САД против претседателот Доналд Трамп. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека се чини дека станува збор за „политички мотивирано убиство“, објави ABC News. Валц рече дека сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга имале повеќекратни прострелни рани. Откако Хофман беше застрелан, полицајците се сретнаа со осомничениот, кој беше облечен како полицаец во елек и носеше значка, тазер и друга опрема. Осомничениот пукл кон полицајците, а потоа избегал пеш, оставајќи го своето возило, кое изгледало како полициско возило, во дворот на домот на Хортман. Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше информиран за пукањето и рече дека „таквото ужасно насилство нема да се толерира“. Заменик-директорот на ФБИ, Ден Бонгино, рече дека агенцијата е „целосно ангажирана на терен во Минесота“.