17.8 C
Скопје
20/05/2025 20:40
МАКТЕЛ

     

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

      

Резултатите од анализите на преостанатиот токсичен отпад во малата депонија во ОХИС ќе бидат презентирани на крајот на мај, заедно со финансиска проценка за целосно расчистување. Паралелно, големата депонија и линданот во Пеленица остануваат сериозен еколошки ризик за Скопје. Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите се завршени, а тимот на УНОПС заедно со домашни и меѓународни експерти подготвува извештај што ќе му биде презентиран на министерот за животна средина, Изет Меџити, и на претставници на Владата кон крајот на месецов. Новото ископување на линдан и контаминирана земја, кое претходно беше најавено за април, сè уште не е започнато. Последната активност на терен се реализираше од март до јуни 2023 година, кога беа ископани 450 тони ХЦХ отпад и 250 тони загадена земја.

Во Мултипартнерскиот фонд, од кој се финансира расчистувањето на депонијата, во моментов има околу 400.000 долари. Се очекуваат и дополнителни 200.000 долари од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање, како предуслов за почеток на новата фаза од чистењето.

Фото: МЕД

   

Од министерството информираат дека анализата на мострите е направена во февруари и март годинава, а нацрт-извештајот е доставен до УНОПС и до институциите на крајот од април. Анализата не се однесува само на количината на преостанат отпад, туку и на потребната сума за да се доврши проектот, кој трае од 2021 година. „Во моментот тимот на УНОПС заедно со експерти од областа на животна средина вршат анализа на резулатите, како и финансиска проценка за комплетирање на чистењето на малата депонија. Резулатите од испитувањата, заедно со финансиската проценка, ќе бидат презентирани на министерот за животна средина и на претставници на Владата кон крајот на мај“, информираат од Министерството.

Од почетокот на чистењето на депонијата пред три години, досега се исчистени првите два базени, како и околу 75 отсто од третиот, од вкупно пет, на кои е поделена малата депонија. Сите ископани количини, 1.969 тони линдан (ХЦХ отпад) и 586 тони контаминирана земја се извезени на уништување. Собраниот линдан е транспортиран и уништен во Треди во Франција, додека почвата контаминирана со ХЦХ  се транспортира во постројката Индавер во Германија. Истражувањата беа направени заради тоа што се покажа дека концентрацијата на отпад во малата депонија е за 25 отсто повисока од првично проценетите количини. Погонот за линдан во фабриката работел од 1964 до 1977 година, кога било прекинато производството од еколошки причини. Во тој период биле произведени околу 2.800 тони линдан, што резултирало со околу 25.000 тони неактивни изомери, кои несоодветно биле расфрлани и кои до денес се опасност за контаминација на воздухот, водите и почвата во Скопје.

Локацијата Пеленица на која е складиран линдан од работењето на ОХИС; Фото: Мета.мк

Во дворот на ОХИС, веднаш покрај малата се наоѓа и големата депонија со линдан, за која се претпоставува дека дека има околу 50.000 тони линдан. Покрај овие две, закопан линдан има и во месноста Пеленица кај Драчево каде лежат околу 40.000 тони чист ХЦХ и уште 6.500 тони мешан, заедно со отпад од фабрика за стакло. Според податоци од ОН, контаминацијата од линданот потенцијално ги загрозува животите на стотици илјади скопјани. Додека малата депонија се чисти, останува клучното прашање – дали ќе има политичка волја и финансиски капацитет за целосно решавање на најголемата еколошка закана во Скопје. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

Sase Ivanovski

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Sase Ivanovski

Митева: Договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство претставува дипломатска и историска победа за Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска : До каде е Националната стратегија за македонски јазик?

Sase Ivanovski

Дебата во рамки на Форумот за културна дипломатија: „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да зајакнат демократските институции“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО -ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Sase Ivanovski

Мицевски: За прв пат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд, ќе го зајакне управувањето со шумски пожари и ќе придонесе за зголемена климатска отпорност

Sase Ivanovski

Укинати два члена од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик

Sase Ivanovski

„Денот на сесловенските просветители” прославен во македонската амбасада во Пекинг

Sase Ivanovski

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈАПОНИЈА

Sase Ivanovski

Време е за БУКВАЛНО. ЏЕЗ…

Sase Ivanovski

На денешен ден во 1911 г. кај месноста Водениците на река Црна – Марково стапало, до своето родно село Света, Демирхисарско славно загинал војводата Георги Христов Ралев – Свеќанчето

Sase Ivanovski

Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?

Sase Ivanovski

Во Територијална противпожарна бригада на Град Скопје одбележавн 20 Мај Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Sase Ivanovski

Мицкоски: Николоски е овластен да го потпише стратешкиот договор, ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ОЈО да ги проверува анкетните листови на сите функционери! Не ни треба ветинг, добро се знае кој, што правел

Sase Ivanovski

Нема повеќе пасоши! – Следната година, за летување ќе мора да имате оваа дозвола!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска остварив посета во рамките на културниот проект „Посета на музејот“, со што одбележавме значаен дел од нашата историја и традиција

Sase Ivanovski

Костадинов: Со посебно задоволство ја прифатив поканата и заедно го одбележавме Вашиот ден, Денот на пожарникарите

Sase Ivanovski

Зоран Љутков: Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, денес сум во Разловци

Sase Ivanovski

Божиновска: Во Брисел со јасна порака – реформите во енергетиката носат резултати, а Македонија е подготвена за повеќе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со муралите и графити на фасадите, Центар наликува на урбаните метрополи од европските земји

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Ние не креираме популистички мерки туку реални за стимулација на земјоделците

Sase Ivanovski

Арбен Таравари реагира за случајот во Нерово: „Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?

Sase Ivanovski

СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

Sase Ivanovski

Митовски: Со изградба на монтажна катна гаража со нови 166 паркинг места, го решаваме проблемот со паркирање во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај (среда)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗА МАЛКУ ФЕРАРИТО НА ИЏЕ ЌЕ СЕ БАКНЕШЕ СО БАНКИНАТА

Sase Ivanovski

Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“

Sase Ivanovski

Лефков: СДС наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Припадниците на Логистичката база (ЛБ), денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, го одбележаа 20 Мај, денот на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата

Sase Ivanovski

Тиииит! Инк: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА учество на летната школа за ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ | ИФИ 4.0

Sase Ivanovski

Маја Стојковска, советничка СДСМ и коалицијата во Советот на Ѓорче Петров: Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Sase Ivanovski

Сиљановска – Давкова и Мисајловски на промоцијата на родовата самопроценка во одбраната која покажува напредок во родовата еднаквост

Sase Ivanovski

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Sase Ivanovski

Талески: Бараме транспарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен?

Sase Ivanovski

По свечено отворање на Деновите на поезијата, поетската авантура продолжува особено во знакот на младите

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари за практиканство во Општина Центар, студенти пријавете се на повикот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против корупцијата и криминалот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во радовишко, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Фуркан го тужи Латас за клевета, на следното рочиште ќе се соочат во судница

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова знаела кого ќе предложи за иден гувернер, но сè уште не го открива

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Со Стратешкото партнерство со ОК е утврдена рамката која може да ја користиме, средствата ќе се користат со пониска камата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТУРСКИ МАРШ НА „ПРВИОТ МУЗИЧКИ ПАТ ВО ТУРЦИЈА“

Sase Ivanovski

Град Скопјe продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот Александар Македонски

Sase Ivanovski

Лефков: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи модернизација на железничката инфраструктура и ќе донесе инвестиции во здравствениот сектор

Sase Ivanovski

Го уапсиле за учество во тепачка, па признал дека крадел и автомобили

Sase Ivanovski

Тримчевска: Професионалниот развој е инвестиција  во наставниците и е иднина на учениците и општеството

Sase Ivanovski

Запален автомобилот на политичар во Битола

Sase Ivanovski

Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци, соработката со Црвениот крст сѐ повеќе се зајакнува

Sase Ivanovski

Претрес во битолско Лавци, пронајдена дрога – уапсени се три лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата, носи нови работни места, развој, напредок и проекти

Sase Ivanovski

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Гостивар

Sase Ivanovski

Дневен ред за 10. седница на Уставниот суд закажана за денеска (20.05.2025)

Sase Ivanovski

Официјализирана пратеничката група на „ВРЕДИ“ со девет пратеници

Sase Ivanovski

Талески: За жал ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од партиските интереси и да го поддржи законот за Кочани

Sase Ivanovski

Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“

Sase Ivanovski

Питер Шиф го критикува трговскиот договор меѓу САД и Кина – вели дека азиската нација победила нарекувајќи го „блефот“ на Трамп за царините од 145 отсто

Sase Ivanovski

Шаховскиот велемајстор Магнус Карлсен е принуден на реми во пресметката против „светот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Во паркингот на префектуралната зграда во Мијазаки. Во случај на земјотрес, овие структури се дизајнирани да делуваат како *амортизери*, апсорбираат треморите и ги одржуваат горните делови на зградата – Генијално!

Sase Ivanovski

Марија Дуда: Додека јас работам за доброто на животните и радоста на луѓето нема да ме реметите со инспекции за 6 месеци – 4 различни

Sase Ivanovski

Муцунски: Утрово остварив средба со поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сабри Азири: Членството на АА се противи на одлуката на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Grizzly планински еко центар – уникатна дестинација на најубавиот видик на Козјак!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Што ќе добие Македонија од новиот стратешки партнер, Британија? Владата негира дека ќе се отворат кампови за азиланти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа: Зошто ВМРО-ДПМНЕ одби да го поддржи предлогот на СДСМ за помош на семејствата на жртвите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Револтот за паркинг во Скопје прераснува во забавен бунт!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХУМАНИТАРНА ТРКА ЗА ПОГОДЕНИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија

Sase Ivanovski
Вчитувам....