1.8 C
Скопје
17/02/2025 18:55
МАКТЕЛ

   

ИДСЦС: Поддршката за ЕУ интеграцијата е стабилна, 20% од граѓаните прифаќаат уставни измени

     

Според резултатите од последните анкети спроведени од ИДСЦС во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, 62% од населението продолжува да ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ, што е мало зголемување во однос на минатата година. Македонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската Унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи нужните уставни измени за продолжување со процесот, покажува истражувањето на Институт за демократија „Социетас цивилис“. Според резултатите од последните анкети спроведени од ИДСЦС во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, 62% од населението продолжува да ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ, што е мало зголемување во однос на минатата година. Сепак, постојат значителни разлики во ставовите помеѓу етничките заедници. Додека 82% од Албанците ги поддржуваат аспирациите за членство во ЕУ, кај Македонците овој процент е 56%. Оваа година, резултатите покажале дека, иако билатералните прашања остануваат отворени, граѓаните продолжуваат да гледаат на преговарачкиот процес како усогласување со законите и стандардите на ЕУ. Во 2024 година, секој трет испитаник гледал на процесот токму низ оваа призма. Овој податок ни покажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на институционалната и правната реформа како основна компонента на евроинтеграцијата. Истовремено, евроинтеграцијата е најважен надворешно-политички приоритет за 35% од граѓаните, а 26% ја истакнуваат регионалната соработка. Резултатите покажуваат дека Европската Унија останува најголемиот економски партнер (33%) и донатор (40%) на земјата, зацврстувајќи ја својата позиција како главен стратешки сојузник.

САД следи со 22% како економски партнер и 17% како донатор. Иако САД останува фактор со најголемо влијание (41%), тоа бележи пад во однос на 2023 (60%), додека влијанието на ЕУ значително се зголемува (од 19% во 2023 на 37% во 2024). ЕУ за граѓаните е перципирана како најважен сојузник (39%), пред САД (19%). Се ова се дел од наодите од последните истражувања на јавното мислење, спроведени на национално репрезентативен примерок од 1.056 испитаници во периодот октомври-декември 2024 година. На презентациајта на истражувањто обраќања дадоа претседателот на Институт за демократија, Марко Трошановски, и Даниел Браун, директор на канцеларијата на фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје. „Оваа година констатираме застој во континуираниот пад на поддршката кон ЕУ, блага стагнација што е позитивно. Не знаеме како понатаму ќе се развива овој тренд, но добро е што овој пад е запрен. Добро е што перцепцијата за ЕУ како најпосакуван сојузник на земјата опстојува како најдоминантна од сите други алтернативи.“ изјави Трошановски со тоа што веќе 11 години по ред заедно со Конрад Аденауер спроведуват истражување на оваа тема и е единственото од ваков вид во земјава. „Ова запирање на трендот и покрај тоа скептичноста на граѓаните дека ЕУ ќе биде подготвена за прием на нови членови, секако се должи и на променетиот геополитички контекс во смисла на зголемената неизвесност, најавеното намалување на присуството и интересот на САД во регионот, што се отсликува и со зголемената перцепција за влијанието на САД. Во овој контекст на несигурност и неизвесност и покрај горкото искуство на земјата со пристапниот процес, Унијата останува како најсигурно прибежиште на надворешната геостратешка ориентација на земјата“, се надополни рече Трошановски. „Позитивно е што мнозинството на граѓани сè уште го поддржуваат патот кон ЕУ, но забележуваме дека бројот повеќе опаѓа отколку што расте и дека не сите групи на населението го гледаат тоа на ист начин. Причините несомнено лежат во разочарувањата од минатото и проблемите со соседните земји.“ изјави Браун и истакна дека е позитивно што мнозинството на граѓани сè уште го поддржуваат патот кон ЕУ и дека земјава мора да продолжи по реформскиот пат.

   

„Несомнено е дека Северна Македонија мора да продолжи по реформскиот пат.  Сепак, исто така верувам дека, покрај договорите и обврските на државно ниво меѓу ЕУ и Северна Македонија, луѓето во земјата се надеваат на знак на доверба од ЕУ“, посочи Браун. „Бевме активни во сите сфери, дававме препораки, добра волја и напорна работа за да ѝ помогнеме на земјата да го забрза својот пат кон ЕУ. Но, анкетите покажуваат дека вербата слабеe, а можеби и фактот што сме присутни насекаде и се обидуваме да помогнеме, не се препознава или, пак, се зема здраво за готово.“ посочи Рокас со потентирање дека нема сомнеж дека како ЕУ, во изминатите години и децении биле стабилен, сигурен и доверлив партнер за нашата држава. „Живееме во исклучителни времиња, како што и самите споменавте. Нема потреба да повторувам што беше кажано на Минхенската безбедносна конференција, но мислам дека имаме важна задача, бидејќи сега нема друг пат напред освен Европа. Потребно е да станеме политички, безбедносно и економски посилни, вклучувајќи го и талентот од Северна Македонија во ЕУ, и да ги почувствуваме придобивките на континент кој е обединет и гледа со надеж кон иднината. Да, постојат политички прашања за кои сите сме свесни дека го кочат процесот. Но, охрабрувачки е што сега отворено разговараме за нив“, рече Рокас. Двете анализи ги презентираа авторите Иван Дамјановски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Анамарија Велиновска, истражувачка во Институтот за демократија. Осврт на истражувачките трудови дадоа Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Викторија Трајков заменик министер за европски прашања и Моника Зајкова, пратеник и член на Национален совет за евроинтеграции. Завршно обраќање на настанот имаше од амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. Дрекслер изјави дека Минхенската безбедносна конференција уште еднаш покажа дека Европа се наоѓа на критична крстосница, можеби дури и на пресвртница во однос на нејзината безбедност, но и дека ова се времиња за потсетување на нејзината основна мисија – мир, слобода, стабилност и просперитет. „Бев многу позитивно изненадена од резултатите од овогодинешното истражување. Мислам дека постои голема вредност во ваквите долгорочни истражувања, бидејќи ни овозможуваат да видиме како се менуваат перцепциите со текот на годините. Она што го видовме, како што и вие споменавте, е дека луѓето кои одговарале на овие прашања јасно покажале каде припаѓаат – во Европа. За тоа нема никакво сомневање. Поддршката од над 60% е навистина силен показател. Впечаток ми остави и тоа што Европа е препознаена како сигурен, долгорочен и силен партнер. Ова е нешто што мораме постојано да го поддржуваме“, рече таа. Двете истражувања на јавното мислење на македонски јазик може да ги прочитате на следните линкови: „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 – 2024)  „ЕУ интеграцијата во 2024: Од европски сон до македонска реалност“ Анализите на англиски јазик може да ги прочитате на следните линкови: „Analysis of the public opinion on North Macedonia’s accession to the European Union (2014-2023)” „EU Integration in 2024: From European Dream to Macedonian Reality“. Извор: Новинска агенција МЕТА

 

Најново

(ВИДЕО) Уставни измени: Таравари со една „песна“ на избори, со друга во Владaта

Sase Ivanovski

ЗХГ до претседателката Сиљановска-Давкова: Не ги потпишувајте измените на Законот за урбанистичко планирање

Sase Ivanovski

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Sase Ivanovski

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Sase Ivanovski

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Sase Ivanovski

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најголемиот развоен центар на Мајкрософт во Европа се наоѓа во Белград

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СООБРАЌАЕН ХАОС ГО ПАРАЛИЗИРА СЕКОЈДНЕВНО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

АБДУЛ ЈАШАРИ АЛИАС АЛ АЛБАНИ: ДОБИ ПОЗИЦИЈА ВО СИРИСКАТА ВЛАДА, А ОД МАКЕДОНИЈА МУ ГИ СЛЕДАТ АКТИВНОСТИТЕ И БИЛ ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА ЗА СМИЛКОВСКИОТ МАСАКР

Sase Ivanovski

МИЛОШОСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Симболиката да биде дел од европското друштво, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

Sase Ivanovski

„НАШАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СТАНА БРИТАНСКА КРАЛИЦА“: Ванковска за Силјановска-Давкова – „се занимава само со претставување на државата дома“

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ, ГЕРАСИМОВСКИ И ТОШКОВСКИ СИНОЌА „ЛОВЕА“ МАЛОЛЕТНИЦИ: Еве која им беше целта

Sase Ivanovski

ДЕЦАТА СЕДАТ СО МОБИЛЕН ВО РАКА КОЛКУ ШТО ТРАЕ РАБОТНОТО ВРЕМЕ: Како да си организираат продуктивен ден?

Sase Ivanovski

ДЕФИЦИТОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА КАСА ДОСТИГНА 840 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Намален е планот за приходи во 2025 година

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ И ПУТИН ЌЕ ГИ ЗДРУЖАТ СИЛИТЕ ЗА ДА ЈА СПАСАТ НАФТЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРБИЈА Американските санкции се погубни за српската економија

Sase Ivanovski

НЕРЕАЛНО Е ДА СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ НА 1000 ПРОИЗВОДИ! Трговците предлагаат најмногу 200, а маржите да бидат од 3% до 15%

Sase Ivanovski

Бугарија целосно ќе ги забрани „вејповите“

Sase Ivanovski

Нетанјаху ја отфрла можноста со Газа да раководи Хамас или Палестинската самоуправа

Sase Ivanovski

Орбан: Унгарија сака стабилност на Балканот, а Додик придонесува за тоа

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Расчистен случај на трговија со луѓе, одреден притвор за осомничените

Sase Ivanovski

Уапсени двајца охриѓани, краделе во селска црква

Sase Ivanovski

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување од ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити: Демократското движење не е само политичка партија, туку движечка сила која ги носи промени

Sase Ivanovski

Сијарто: Унгарија е загрижена поради сериозните безбедносни предизвици во Германија

Sase Ivanovski

Разрешувањето на Коцевски утре на владина седница

Sase Ivanovski

Папата Франциск останува во болница, состојбата станува „посложена“

Sase Ivanovski

Кои земји од Западен Балкан имаат најмногу американски санкции: Македонија на четврто место

Sase Ivanovski

Еден потврден случај на шуга во основно училиште во кумановското село Романовце

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата

Sase Ivanovski

ПАРКИНГ НАМЕСТО ПАРК?

Sase Ivanovski

Тоа се приказни за мали деца, вели Галетановски за животните кои наводно се отруле од Свето дрво во ЗОО Скопје

Sase Ivanovski

Рокас: Постои желба на ЕУ да помогне во евроинтегративниот процес на С. Македонија

Sase Ivanovski

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско Романовце

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана, Мисајловски: Македонско – словенечката соработка е пример за сојузништво и меѓусебна доверба

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер во близина на Лисабон

Sase Ivanovski

Со ќотек ја терал сопругата на проституција за да дојде до пари и до дрога

Sase Ivanovski

Уапсен е осомничениот за убиството на сопругата и синот во БиХ

Sase Ivanovski

(Фото галерија) Снегот ги изненади скопјани во февруари, па „лизгаа“ со велосипедите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите

Sase Ivanovski

Изет Меџити со искрена честитка за Денот на независноста на Косово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАТИШТА“ – НОВАТА ПЕСНА НА ЛАЗАРОВ И ТАМАРА ТОДЕВСКА, ЗА СИТЕ БЛИСКИ КОИ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ СО НАС

Sase Ivanovski

Тешко повреден возач, кој со автомобил излетал од патот во битолско

Sase Ivanovski

Тешко повреден 18-годишен мотоциклист во Гевгелија

Sase Ivanovski

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење

Sase Ivanovski

Сообраќајни несреќи во Скопје поради лизгавите коловози

Sase Ivanovski

Трговците доставија до Владата листа со производи за намалување на маржата

Sase Ivanovski

Перински очекува до летото да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа

Sase Ivanovski

Угинаа пет животни во ЗОО Скопје, има сомнеж дека се oтруле од гранки од Свето дрво!

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИОТ РЕЖИСЕР АНГЕЛ АПОСТОЛСКИ СНИМИ РЕКЛАМИ ЗА СУПЕР БОУЛ

Sase Ivanovski

Се проширува ланецот на старски домови во семејството на градоначалничката Арсовска, нов петти дом за стари лица во Петровец

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени

Sase Ivanovski

Деребан: ЈО Коцевски наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, се занимаваше со посредување на спогодби како што беше случајот со поранешниот Врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители

Sase Ivanovski

Сенаторот распали кон директорите на Виза и Мастеркард: Со монополското здружување им ја дерете кожата на малите бизниси!

Sase Ivanovski

СДСМ денеска ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Sase Ivanovski

Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси 13 година нема изборно соочување на телевизија или ТВ дебата со вистински политички противници

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Sase Ivanovski

Давид Јанев е шампион на Македонија за 2025 година во друштвената игра Катан (Catan). Тој ќе нѐ претставува на претсотјното Светско првенство во Штутгарт, Германија (4-6 април).

Sase Ivanovski

АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА 2024 „Преку-граничната е-трговија – неискористен потенцијал за Македонија и Балканот“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Грбот треба да ги отсликува и претставува чувствата на сите граѓани

Sase Ivanovski

‘Сите заедно за почист воздух’ координирана акција на Министерството за животна средина со ЗЕЛС за собирање кабаст отпад и градежен шут

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС

Sase Ivanovski

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубица Иванова: Што е дигитален отпечаток?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Битиќи: СДСМ со конкретни законски решенија за поевтина струја и пониски цени за граѓаните

Sase Ivanovski

МЗСВ, Трипуновски: Одговорот за силен земјоделец е во задругарството, во таа насока треба да се движи македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Фатмир Битиќи: Секој ден поскап живот – СДСМ поднесе закон за укинување на ДДВ за храна

Sase Ivanovski

Демократско Движење на Изет Меџити ја пренесува победничката атмосфера на Чаир во Сарај

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи: Намалувањето на ДДВ за струја веднаш ќе донесе помали сметки за 600.000 домаќинства

Sase Ivanovski

Здружението Икуалити, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, го одржа последниот 5. Менторски форум во Општина Струмица

Sase Ivanovski

ЧЕСТИТКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ ПО ПОВОД 17 ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗАВИНОСТА НА КОСОВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп извозе едно крукче на трката Дејтона 500 во „ѕверот“: Ова е вашиот омилен претседател

Sase Ivanovski

Украина: Страв од војна, страв од мир

Sase Ivanovski

Левица поднесе кривична пријава против Сашо Дранго, заменик-директорот на „Македонија пат“ кој се фотографираше со убиена мечка

Sase Ivanovski

Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на Палестинската управа

Sase Ivanovski

Преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе започнат утре во Ријад

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп сака да постигне мир во Украина до Велигден

Sase Ivanovski
Вчитувам....